Здраво мајки ние сме 10м сакам да прашам колку гр треба да има месо во оброк до сега одприлика се водев колку што и е големо рачето толку негде и парчето месо да е ... Може ли некоја да ми каже? Фала
Грав не сум спремила до сега, за спанаќ купувам бејби спанаќ и или и правам овесни палачинки од спанаќ, мафини со моцарела и спанаќ, а најчесто и го давам за ручек со ориз/булгур со кромидче, јајце и грчки јогурт. За риба најчесто и давам лосос, а некогаш и орада. Уште од 9 месеци воведовме и од тогаш еднаш до два пати неделно обавезно го имаме во менито за ручек. Риба купувам свежа од Тинекс, најчесто за сите нас, али ако не се погодо да јадеме и ние им кажувам да ми исечат едно мало парче од 120гр па има само за неа за два дена. Најчесто комбинирам или со компирче/ориз, морковче, кромидче или и правам како плескавички со лосос и батат. Лососот го стимам 10мин, а потоа го пасирам со вилушка. За белката мислам дека исто негде околу 9ти месец воведовме. Почнавме со 1/8, па два дена 1/4, па пауза една недела, па 2 дена 1/2 и на крај цела. Првите двa пати така и го давав парчето да го грицка од сабајле, а после и го ставав во ручекот.
Белката ја мешаше со жолчка или чиста ја даваше?А како се спрема лосос? Се чисти ли тоа нешто?Никад немам спремано.
За белката првите два пати чиста, после ја мешав. Лососот ако земеш стек нема коски, јас затоа го сакам. Само ја сечам и фрлам кожата, најчесто го сецкам на парченца отприлика како кашкавал што се сече за сервирање во коцк и го ставам да се стима. Можеш да го вариш исто 10мин отприлика или да го печеш исто. Кога го печам обично не го сецкам и го завиткувам во алуминиумска фолија и на 180 степени едно 12-15мин. Можеш и да го испржиш на маслиново масло на ниска температура. Битно убаво да се свари/испече али не премногу, зошто како гума станува ако се претера.
Од веро бејби спањак во прозирна кутија зимам, мн е кревок млади левченца и мн го сака мојава. Денес и спремив спањак со телешко и ориз кашичка, се изнајаде со сласт и за железото е убаво да даваш барем еднаш на двњ недели ако не повеќе. Иначе и ја не јадам спњак од дете, маж ми ептен сака сам си праи ја за ќерче спрцијално готвам
Како ги правите овесните палачинки и мафините ? Сакам да прашам и како давате манџа?ја блендирате и со што ја мешате да е целосен оброк
Како ги правите овесните палачинки и мафините ? Сакам да прашам и како давате манџа?ја блендирате и со што ја мешате да е целосен оброк
Овесни палачинки: 1 банана, 1 јајце, пола шољичка овес, шака бејби спанаќ. Се ова се микса во блендер. Ги пржам на маслинов по 2-3 минути од страна на средно тибкс температура Мафини: се матат 2 јајца, 2 лажици пчернкарно брашно, 2 лажици обично брашно, пола лажичка прашок за пециво, пола шољичка грчки јпгурт и малку маслиново. Се додава шољичка бекби спанаќ и моцарела/урда. Претурам во калапчиња и ставам да се пече бо рерна на 180 степени 20тина минути. Во врска со манџата, т.е општо за ручекот секогаш се водам по тоа да има балансирано јаглехидрат, зеленчук, некаков протеин и маслиново масло/путер. Малку кромид и морков мислам дека ставам во сите манџи, компир или некоја житарка (ориз, булгур, киноа, орзо), зависи што друго сум решила да ставам тој ден од зеленчук (тиквица, батат, брокула, карфиол, патлиџанче, модар домат, боранија…) и како протеин месо/риба/грашок/леќа. Некогаш ставам и многу малце црвен пипер и лук во прав. Претежно се што може да се изренда од зеленчук рендам. Месото секогаш ми е мелено, а рибата ја пасирам. Ви принцип избегнувам да и давам блендирано, освен грашок манџа зошто само така ми го јаде и боранија пасирам.
Јас воведов телешко точно на 7, на 7ипол глутен планирам, последна недела пред 8 или на 8 и млечно ќе видам како ќе ми оди со месата месецов сакам и мисиркино и пилешко да и дадам
Ние сме на почеток, пробуваме вкусови, сеуште немаме воведено оброк. Ме интересира каков прибор користите, чиничиња, лажичиња, чашки, од каков матријал. Исто така и за приготвување на храна, тавче, тенџерче, калап за мафини и сл. За почеток користиме силиконско чиниче и лажичка, некако ми се најбезбедни да не се повреди со оглед на тоа како ја граба лажичката, а тенџерче земав емајлирано на металац, за сега само тоа ми е потребно.
Јас користам на Биокосмос и на упатството пишува да се прелева со 1 прст над него топла вода и поклопувам да се хидрира. Најчесѕо давам за доручек со путер и урда, со кисело млеко, во слатка верзија со печено јаболко и тиква имам давано. Има една каша на Холе со зеленчуци и кускус и од таму украдов идеа еднаш со морков кромид патлиџан како манџа и после кус кус додадов.
Мене др ми рече да дадам на 6м глутен, со паузи. Исто после 6м да воведам и месо, прво да направам каша со водата од месото а нареден ден и месото да го дадам Ме интересира како приготвувате мала количина на амарант колку за еден оброк
Јас за сите житарки што се варат користам мерилки (cups) што се 1cup, 1/2,1/3 и 1/4 и мерам со таа што е 1/4 и таман ми е количината. Амарант конкретно не варам, туку користам експандиран ама за другите така.
Што планираш прво со глутен да дадеш? Јас за овесни снегулки се мислам, да измешам пример една лажица со палента и овошје, ама не знам од кои.