Мајки како давате цврста храна за почеток? Попрецизно во кое време? Како втор оброк целосно или некое време после млеко колку да проба? Се уште пробуваме, не јаде целосен оброк па.
Бебка е 5 месеци и педијатарот ни одобри да даваме кашички да почнеме со вкусови и слично бидејќи многу ми го одбива млекото преку ден ( на АД сме ). Е сега ме збуни пошо ми кажа да пробуваме нели по 3 дена овошки и зеленчук, ама ми вика можеш и гриз, палента да даваш.. е како гриз кога сега читам тука дека не може гриз (глутен) на бебе од 5 месеци. Јад па сирота купив и гриз од тој плавиот со бебе купив и палента
Имаш семолина на HIPP тој гриз е безглутенски. Ама прво почни со овошки зеленчук за да имаш комбинации за мешање. Јас ориз палента просо гриз мешам со овошје и многу ми ги сака..
Педијатрите препорачуваат до година да се даваат контролирани намирници колку толку така да палента семолина овес ориз итн се давам на хип или холе
1 година сме, какво млеко да дадам т. е да користам за правење оброци? Од млечно имам воведено повеќе работи ама млеко како чисто млеко уште не. Колкава грамажа треба да е оброкот овој период? Колку месо ставате во оброк, нас досега околу 40-50гр дали треба да зголемам
Девојки како замрзнувате бујон во мали количини колку за едно јадење ? Некако не ми се става во пластични чашки.... сега замрзнав во тегличли од кашички ама и тоа некако не ми е практично. Нема да можам да извадам малку.. немам идеи воопшто Инаку 6++ сме, оваа недела планорам бујон и после со мевце да почнеме
Штом даваш млечни производи, можеш слободно да направиш оброк со млеко. Нема посебно воведување, бидејќи млеќно веќе ти е воведено. Јас со Алпско 3,5 и правам.
Како одмрзнувате месо варено и бујон од теглички? Треба скроз да се одмрзне, во фрижидер, под вода топла?
Vo topla voda se odmrznuva se za bebe. Stavi teglickata vo sad so vrela voda I koga ke mozes da ja oddelis sodrzinata od teglata, gotvi go so ostanatoto sto planiras.
Не ми текна да проверам таму фала ти, гледав во haakaa има модла и доста практична изгледа ама помалку мл собира. А може и млеко да се замрзнува. По колку мл бујон ставаш во еден оброк?
Ова месото што го подготвувате дали при варење ставате зеленчук (и/или кромид) и така го замрзнувате или само месото го варите?
Ова го имам и е доста практично, има обележано на калапчињата 30 и 50мл. За месо го користев јас. https://kidsandco.mk/products/силиконски-сад-за-замрзнување-на-храна-румена
Како пробувате вкусови по еднаш во денот или повеќе пати? уште убаво немаме почнато да јаде повеќе плука и вода кога почнавте да давате и по колку мл?
Еднаш во денот давам, до 12 часот најкасно, после првата дремка, гледам да е расположена. За јадење си јаде убаво, ама целата ќе се измачка, па со раце сака и она да го држи лажичето. После оброкот нудам вода, ама не ми пие, капка не се напива, а цуцлата од шишето ја држи во уста, си игра и ми се смее.