Да, може и со скоро секое овошје. Јас и со манго го имам давано. Има неутрален вкус па дозволува да се меша со многу работи а заситува.
Вчера баш и направив брокула од кашичка со младо компирче. Јас и зголемив количина околу 100гр и правам, ќе го изедеше цело, ама си викам ај брокулава многу да не и дојде да ја боли мешето и остана, јас си ја дојадов ама ептен грдичко на вкус.
Еве јадеше што јадеше и се удави исповрати све што касна, се расќенка дека више беше гладен му дадов млеко и еве го сега ќути дреме. Секој ден ни е неуспешно јадењево. Уста не отвара. Само првиот ден тиква му дадов јадеше повише. Инаку од кога ги седнувате во хранилка ? Му давам во релаксатор 5+ е ама сака да седи , он не стои потпрен се исправа напред како за седење и иде напред скрос зошто не е стабилен нормално неможе да се држи. Јас со лажичката одам за во уста он се тегне напред и го брца носот во лажичката. Хаос се правиме секое сабајле.
Јас во хранилка го седнувам на 60° и го врзувам со појасите за да не ми се исправа инакуу се исправа нанапред и сака и чиниче и тегличка и лажичка се да фати
Само мене ли педијатар ми има речено 2 недели да давам житарки без глутен, па да почнам и со глутен еднаш на 4 дена? Исто ми рече првата до втора недела од 6м да почнам и со месо:телешко, пилешко и мисиркино
Исто хахаха Епа и јас ќе ја ставам хранилката изгледа , може да се навалува назад малку седиштето и ќе го врзувам хаха
Мене малце ми е страшно така на 60степени кога ќе видам дека ги ранат малечки навалени штознам. Подобро седни го на 5ипол отколку полулегнато храна во уста. Не сум прочитала што викаат доктори за ова, мое мислење само, јас ќерка ми не сум и дала така да јаде никогаш не ми изгледа безбедно
Во хранилка ја ставам, за јадење исто на 60°. Пет месеци сме, исто лом се прави додека јаде, се тегне за лажичето, го бутака во устата и се дави. Целата е измачкана и кај ќе фати се е измачкано, ама барем јаде засега, само една комбинација не ја бендиса, спанаќ со компир, се мрштеше и многу малку проба. Од зеленчук уште тиквичка немаме пробано, денеска и направив ориз од Холе со морков готова кашичка ептен и се допадна. Само мајкава место со ад оризот го направи со вода, ме збудале денеска .
Немој да го врзуваш, поената е да се исправа. Гледај и самото бебе што прави, така и треба. Хранилка на 60 степени да, ама не врзан со каиши преку рамења туку само преку скут. Друго, од безбедносен аспект, ако треба да искашла храна, не дај Боже се засркне, природно му иде да се исправи, што нема да може ако е врзано со каиши.
Majki kakva sardina davate na decata? Nie sme skoro 2god i osven oslikj,losos,pastrmka drugo nemam davano a sakam da probam sardina so kompirce da i dadam...od onie vo maslo.