Сакам киви да воведам 10м. сме па ме интересира Дали е алерген? Дали исто 3 дена се воведува ? И дали чиста треба да се дава или па може мешана (пр. со банана)? Фала
За готвење не е проблем, не се препорачува како замена за оброк млеко, односно замена за подој или АД За готвење уште откако се воведени млечни може да се користи
Не, ниту киви ниту јагоди се алергени, а уствари никакво овојше или зеленчук не е алерген Слободно воведувај како сакаш и колку сакаш
Јас и овес и палента и кашиве други се со вода и правам досега и мн ги сака. Дека ја дојам не ми се купува ад само за готвење и супер си тера и вака а скептик бев, викам како овес со вода ќе јаде
Така е во право си, јас ова денес го дознав . Дека јас не пијам кравјо млеко и никогаш не се заинтересирав да прочитам повеќе дали може за готвење да се користи. Само ја прифатив информацијата дека не се препорачува ради големото количество на протеини и минерали и дека до 1 години бубрезите на бебушите не се доволно развиени да процесираат. Али тоа е ако се прима во големи количини, вака кога се спрема оброк реално не е страшно. Јас воопшто не поднесувам млеко уште од мала, сопругот пие ама има тегобии, така што големи се шансите и на нејзе да не и прија. Ќе и дадеме eventually, али малце понатака
Сакам попладне да и замесам лепче на ќерка ми за да проба прв пат. Дали би било ок со тип 400 како за нас со вода мн малку квасец без сол? Или сепак интегрално брашно да земам некое да ми предложите поубаво?
Денеска и направив ориз Холе(без глутен), со ад млеко, додадов и тиквичка + морков многу и се допадна, а и убаво на вкус е.
Иста беше и мојава, само на доење и сè и мешав со вода, ама така слатко јадеше во ништо не и ставав млеко, се чудев како и е вкусно со вода затоа сеа пребира што ќе јаде
Да и другаркиве викаат после година почнуваат со глупости и пребирање тогаш се готват по три опции па што ќе бендиса да касне
Јас ја пазев до година и 7 8 месеци, благо не, сокови не, грицки такви работи, тоа ништо, само здрави благца, смоки итн...е после тоа стана по свесна за храната и почна да си бара сама и да бира што сака што не сака...во градинка оди и таму јаде, задоволни се негувателките, а дома е друга приказна..само тоа што и е по ќејф...тоа ме теши дека таму јаде..ама стануваат пребирливи тоа дефинитивно
@Baby warrior Не месам леб, ама во палачинки ставам обично бело една лажица и една овесно. Ок е белото, не е забрането.
Ако имаш воведено глутен слободно направи и. Интегралното е побогато со влакна и сл., ама слободно можеш да користиш и бело често користам бело за во рецепти, а и иако најчесто и давам интегрален леб, и давам и бел
Мојава од сега пребира хах. Ај можда по годинка ќе се смени Мене па со ад повеќе ми ги сака овошните каши, зеленчукови едвај со кисело млеко или грчки јогурт и 2-3 вкуса на хип. Ама еве денес се изналапа пржено лепче ко да нема утре гризаше парчиња мегу залчиња и давав зеленчукова каша колку демек баланс да направам
И мојава банана и брокула нејке да види и ги мешам со триста чуда не брате ги осеќа одма и фрла се кралица над кралиците. Брокула не јадам ни ја, ама бананава не ми е јасна сите деца ја обожаваат
Е добро и да не сака големо чудо, не може се да сака. Ама да знаеш менуваат со тек на време. Мојава многу сакаше авокадо и после магично почна да го плука. Не сум и дала неколку недели еве купив баш да пробам пак, ако не сака that’s it нема да и нудам
Можеш да, само следи си ги правилата, прв ден многу малку, па втор ден повеќе, па трет повеќе направи некое ептен мало лепче да ти се исплати хахах