Епа толку е на 2-3часа цица и мојата преку ден, исто и по оброк, сакав да кажам млекото според сзо е главен извор на храна до една година да не се брза премногу со многу оброци… можеби да се зголеми на млеко не знам чисто онака си размислувам
Е го гледав ова на солид фудс ама некако распоредов ич не ми штима кога ќе стане цица еве да речеме 6:30 и доручек да и спремам во 7 според табелава нема ништо да ми изеде… јас доручекот го давам по прва дремка негде 9-9ипол како правите вие? После има буден прозор околу 2ипол часа па спие па цица … после пак буден прозор 2часа па ручек
Мајки амаранатот и просото дали ги блендирате? Планирам полека да почнам со житарки, до сега само ориз дадов,мелен на хип. Бебе се дави ако има текстура кашата , знае и да поврати. Второ дете ми е и све сум заборавила. На ќерка ми и давав стално просо многу го сакаше ама не ми текнува дали го блендирав..
Не бе амарантот е мн мек ако отстои 5мин во кашичка … обично во топло додека е уште зеленчук/овошје го ставам и омекнува одма. Просото исто малечки зенца се ептен. Мојава си јаде текстура не пребира и парчиња ама мислам нема да ти прави проблем за амарант и просо
Се надевам, ајде ќе пробам. Коа почнав со вкусови почнав со виљушка да пасирам само. Ама ми поврати неколку пати пообилно и почнав да блендирам. Пред некој ден пак се удави од скрос малечко парченце и поврати, и искрено ме плаши и ме паничи па сега му ги блендирам скрос мазни како купечките каши ама ете се мислев со житарки е како да правам . Безглутенски амаранат ,просо, палента ориз,овес така ? После 7 месеци ли се воведуваше глутен ?
Не треба да следиш ништо под саат, си го знаеш детето на колку време огладнува и ќе си даваш по твоја проценка. Ова е повеќе како насока колку млеко им треба покрај цврстата храна. Искрено веќе не памтам на 6, ама сега на 11++ 07:30 цица сабајле 09 доручек 10:30-10:45 цица па дремка 13 ужинка 15 ручек 15:30 цица па дремка 17:30 ужинка 19:15 вечера 20-20:15 цицање и спиење
Да јас сега на 7ипол тек и воведов глутен, тие се житарките безглутенски барај семолина/гриз има на хип и киноа исто е безглутенска и амарантот експандиран од дм одма се топи
Kako da vovedam celo jajce? Davav po dva dena osmina chetvrtina i pola zholtka. Sakam barem 4-5 dena pauza i bi trebalo vekje celo jajce. Da go svaram i da probam da go pasiram so drugata hrana? I dali moze da ima nesakani reakcii od belkata ako od zholtkata nemala? Kolku chesto vo nedelata davate jajce? Fala ❤️
Млеко треба да намалува како расте а не да зголемува. На полни шест месеци подобро ќе воведам оброк отколку сомнителни формули. Зборам за формула, очигледно од цицка не е задоволен, дали се намали млекото или не знам што е ама ако не дадам шише гладен е, си го познавам бебето.
Тоа зависи до дете. Ете мојата од кај 11 месеци, може да цица и за 20 минути да изеде цел оброк. Извини, ама не се согласувам, особено на не 6 месеци Како што пишаа и членките погоре, млекото е основна храна до 1 годинка. Мојата можеше уште на 6 месеци да јаде по 5 оброка од што е лапачка, ама не и намалив на млеко туку постепено го правев тоа затоа што си има зошто. Повеќето препораки се од 6 допрва да се почне со храна, и во ред што сте почнале порано, ама тоа не значи дека на 6 треба да имате 3 оброка. И да, ако мислиш дека детето ти е гладно навечер (иако големи се шансите да си заспива со млекце од навика), баш треба да се зголеми млекото преку ден за да внесува доволно калории. Формулите се користат со години и се испитани по најстроги критериуми, не се ништо повеќе сомнителни од кашите што ќе ги купиш од маркет исто произведени во фабрики Ти ќе си решиш на крај, нормално, ние сме тука само да споделиме мислења и совети
Домашни каши давам, само еднаш сум дала купечка досега А за формулите знам дека се испитани ама ако следиш вести повлечени се многу серии и од секогаш сум била со резерва за таа вештачка храна, затоа инсистирав со доење цело време. Ќе продолжам со млеко ама ќе гледам да е цицка а шишиња ќе намалам, освен пред спиење и наутро кога ќе стани
Убаво пилешко од каде зимате? Или знаете некој кој има стварно домашно? Роднинава што ми даваше, веќе немаат и којзнае дали пак ќе имаат. А убави домашни супи и чорби и правев.
Кажете финта како ви јадат по 200 гр каши. 7 м сме ,одбива затвора уста и нема шанси да и ја птворам многу се грижам како ќе оди во градинка...
Од колку месеци почнавте до пилешко месо и далиго замрзнувавте и колку пати во неделата дававте месо?
Почнав од 8-9м, си го сечев на коцки и си го замрзнував.Мислам дека давав 2-3пати неделно искрено и заборавив.И правев посебно на неа е сега веке скоро 2год е јаде се што јадеме и ние не и правам посебно многу ретко за доручеци само.
5-10 лажички. Не сум мерела во грамажи ама малку е. Пробав :домашно блендирано ,пасирано,со мајчино,купечки каши,купечки мешано со домашни. Потопло ,поладно...џабе. Јас каша давам она блуза ми влече. Ете вие 6м ти викат 3 оброци мојава 7 е ни еден не јаде како шо треба