БЛВ се почнува кога детето може самостојно и стабилно да седи, што отприлика се случува околу 6 месеци, плус и да покажува интерес за храна, да знае да става работи што ги држи во рака во уста. Доколку планираш да следиш БЛВ мораш МНОГУ убаво да читаш, и точно да ги следиш препораките за служење на храната. Доколку го правиш тоа методот е многу безбеден, но исто така мораш да бидеш и спремна да реагираш правилно во не дај боже ситуација, до која што нема да дојде ако храната е приготвена правилно и детето е спремно (ова секако е битно да се знае и општо, немој да мислиш дека треба да се знае само заради БЛВ, не е дека со БЛВ методот е зголемена шансата за гушење од храна ) Јас следам БЛВ, ако можам да помогнам повели.
Не, не го варев.Искрено ми нема смисла да го варам па да го замрзнувам потоа пак да го варам за да го зготвам.Исто и со телешко земи си замрзни си потоа само извади си и зготви го.
Немам некој совет ама исто е и моево (7 и пол месеци). Немаме нормален оброк, а млеко си пие. Некогаш ќе изеде 150 грама што е ретко ( последно телешко, батат и малку кромид изеде, банана и јаболче со просо околу 100 грама). Се тешам дека ќе пројаде, не е сеедно мисли што да му направиш за јадење, прави па фрлај..
Не се вари по два пати месото секако. Ако се замрзне сварено, после само го додаваш во зеленчукот, не го вариш повторно, без разлика дали е телешко или пилешко.
Да ,суви како лепче ,бисквита ги ,,глода" а меки како варени морков ,круша право фаца како да и е гадно и не ги става во уста. И од онаа цуцлата земав со внатре полнење само си ја гмечи. Добро барем знам не сум сама Второ ми е и со двете истото ,еве големата ден денес не јаде не знам шо судбина ќе беше А па може има врска и со тоа заби што и излегуваат ,долни 1 цови изчезени горниот едниот пукна другиот готов е...
Нема финта мајка. Или е јадач или не е. Олеснително е многу кога со мерак ти ја јаде зготвената храна, ама не се сите исти нормално. Ќе пројаде. Ќе порасни, ќе троши повеќе и ќе почне да јаде.
Мојава јаде убаво ама некогаш знае да затвори уста и она при крај и пеам песнички најчесто и ми се смее и успевам да и протнам уште некоја лажичка исто некогаш кога не и се свиѓа нешто имам секогаш на baby love чисто јаболче кашичка и ставам малку од неа да и смени вкус нејзе ја сака многу па успевам така плус да изеде
Абе и давам една лажица за да си ја пика сама со другата бутам јас и така ги јаде овие 10... Пробав и сама да ја оставам да си става и така ја става лажицата ама го плука јадењето а лажицата ја гриза. Не помага ни песна ни авионче ништо. Оризот и беше така омилен оној на хип и ставав во се ама веќе и тоа и помина
А мојот јаде ама во последно мрмла дури јаде, и отвора уста голта, за пет мин 100 гр каша ја мели. Не можам да го дешифрирам дали ја сака или не кога мрмла така, си велам ако ја нејќи ќе ја трга главата. Инаку со тоа блв, зошто ги брзате толку децата не ми е јасно, ќе дојди време ќе јадат сами, никој не останал да го ранат до крај, интернетот и социјалните мрежи не запусти тотално, пораѓај дома, блв, се повеќе гледам видеа кај што се форсираат деца да седат од многу рана возраст, да јадат сами, да лазат, уште да ги научиме да какаат на шолја и да ја заклучиме темава.
Зошто има деца што се гадат од каша. Еве и јас размислувам со тоа да пробам затоа што не јаде... Затоа што самото џвакање помага за развивање дури и на говорот.. има многу зошто. Инаку не само што затвара уста туку и со глава мрда лево десно мм цело време ми вика гледаш бебето ти кажува дека не сака
Мајки, моево бебе од раѓање многу блуцка, конкретен совет од педијатар не добивме, многу била активна затоа блуцкала и навистина детето не мирува, а сега дека е поголема 200 на саат е. Се надевав дека цврстава храна нема да ја блуцка, еве како и зголемив количина денеска изеде околу 170 гр, ја блуцна, а ја држев исправено, не ја легнувам, џабе. Не знам што да правам, ми е страв да не и се враќа храната додека спие, да се задави.
Не е ништо форсирање доколку самото дете сака. Има милион бенефити од БЛВ, почнувајќи од развивање на вилица, орална мускулатура, што помага и за говорот, па умешност да се јаде и да се џвака храна правилно, па самостојноста да знае само да јаде, колку му е доста, па сензорни бенефити од допирање храна, пробување секакви текстури за да нема проблем со текстури итн. итн. Мислите на времето јаделе каши, имале блендери? Ништо не е тоа ново, само се враќаме назад пред да се искомерцијализираат кашите и да почнат да се продаваат и по продавници Баба ми е хранета со лепче и манџичка од 4 месеци (не дека било и тоа правилно, туку сакам да кажам дека давањето залчиња не е нешто ново). И не гледам кој е проблемот во самостојноста, јас сум баш среќна што можам да седнам и да јадам заедно со моето бебе, наместо јас да јадам во 10 минути за да имам време да ја нахранам и неа. Истото е и со пораѓајот дома, мајка ми е родена на трепезариската маса. Не викам дека не е подобро во болница, ама на денешно време не се раѓаат така дома, пак си има правила, си има бабици што мора да се со тебе и сл. Не знам зошто е ставот дека не запустува, јас баш мислам дека ни ги отвара очите за многу работи. Точно дека треба да бидеме МНОГУ внимателни што и каде читаме, и да имавме малку поедуцирана докторска фела може ќе речев и треба на нив да им се верува а не на интернетот, ама да не е интернетот слушајќи ги нив уште ќе брцкаме цуцли во мед и ќе се чудиме зошто умираат бебињата
Не ја брзав, ама не јадеше каши. Ден денес, само блага каша поминува кај неа. Со парчиња детево јадеше. Да правиш и фрлаш каши секој ден, нема да пробаш да дадеш парче?
И јас сум со нејадачка, се имам изнажалено по темиве ама еве последниве неколку дена се разјаде, знае и 180г да изеде што мислев е невозможно. Не знам дали дека извади многу заби и сеа и е полесно или дека и најдов некое нзс или едноставно така се погоди. Јас многу работи пробував и уште пробувам за да и погодам да сака да јаде па еве ќе споделам ако нешто не си пробала: -тоа што знам дека го сака како џоќер го ставам во оброци. Пример крушка , слива, банана, јаболко за доручек а компир или модар домат за ручек - давам пасирано најчесто но и мазни каши прифаќа од купечките - обавезно гледам да не и се спие, најчесто 2 саати по дремка и давам скоро во исто време секој ден: доручек 7-7ипол, ручек 12-12ипол и вечера 17:17ипол. Цица одма после дремка па по 2 саати и давам храна ( будна е по 3ипол саати отприлика). Ако дремката и била кратка обично е нервозна и не и е до јадење па рипам оброк малце поместувам распоред - нудам вода и дур јаде не само на крај. Многу пати сум мислела толку и е ама пие водичка и си продолжува - доручек е житарки со овошје или јајца со млечно. Житарките се или со формула или со течноста од што сум варела овошје. Овошјето го сака пасирано. Ако давам јајца обавезно со грчки јогурт или кисело млеко и јајцата се скремблд (пржени и мешани на путер) или па варени пасирани со палента - ручек е зеленчук и плус месо или риба. Ако нема месо/риба базата е ориз или компир. Оризот цело зрно повеќе почна да сака него ли тој од инстант кашите. Обично е по smooth структурата во споредба со доручекот. Ако не и се допадне ручекот додавам кисело млеко или грчки јогурт. Не го мешам туку на секое лажиче црпнувам и од млечното по малце. Обавезно ставам маслиново и лук/кромид/пашканат. Ставам и куркума/мајчина душица по некогаш. Месо и риба ставам во помали количини (максимум 20%) инаку не и се допаѓа ако ставам повеќе. Обично месото е скроз блендирано освен телешко и имам давано мелено и како ќофтенца со грчки јогурт/кисело млеко. - вечера е нешто житарка со млечно и малце овошје понекад. Готови каши ми се спас често - на пола од оброк кога ќе и се здосади и давам да си игра со капачиња од тегли, шишиња, глодалки гумени, силиконски секакви глупости што лесно се мијат. Уште толку знае да изеде дур се занимава со глупостиве во раце и секако ги пика во уста - хранилката и ја вртам према надвор, имам поглед на булевар па интересно и е да си гледа дешавки надвор дур јаде Да се надополнам ти пишаа за парченца, пробај мојава некои работи само со парчиња ги сака. Тоа не значи дека ќе и дадам варено парче јаболка или морков туку работи што се поблиски до тоа што ние го јадеме како на пример: јуфки ( само со вилушка и ги дробам крупно) со кисело млеко/ грчки јогурт или некои ќофтенца зеленчукови исто со кисело млеко/грчки јогурт. Пребарај идеи за finger foods. Е сега мојава ретко сака така со раце да ги јаде па и ги дробам во кисело млеко или грчки јогурт ама пак си ги џвака без проблем
Не зборам за јадење залаци и дробено туку за самостојно јадење од толку рана возраст. Ниту ќе слушневме за блв да не беше инстаграмот и модерниве мајки Ама ако е спремно бебе океј, ама кога ќе видам видеа бебе едвај главата ја држи а таа му форсира да јаде само, еј видете напредно бебе имам ... Интернетот е добар за некои работи, ама за некои трендови ... Пораѓај дома, знам дека тоа се прави ако родилката има нормална и уредна бременост ама од уредна до комплицирана во секунда можи да се претвори, дури да оди на болница можи фатално да заврши, имаше во Хрватска летово таков случај ако не се лажам. 21 век сме, треба напред да одиме а не назад да се враќаме кога се пораѓале по нивите и еден куп мртви бебиња се извадени баш поради немање услови. Нема да се согласам со пораѓај во домашни услови никогаш, какви бабици какви бакрачи, доктор треба да е присутен и спремна сала за итен случај не дај Боже. Не знам кои се бенифитите дома да се пораѓа некоја а не во болница, нека ме просветли некоја
Сѐ уште не гледам кој е проблемот со самостојното јадење, напротив гледам само бенифити А какво судење е тоа со "модерни" мајки дека некоја мајка одлучила да прави нешто поразлично од мнозинството, и тоа зборуваме за нешто што има само бенифити
Самостојно јадење кога е бебето спремно нормално, јас зборам за тие методи кои им ги наметнуваат на бебиња од најрана возраст.