Јас уште од старт и купив лажички мали за две фази со отвор и без сама да пробува и оваа недела и ги полнам и и ги давам кога имам направено повеќе храна да експериментира ама не знае уште А баш ми е чудно пошто се става во уста буквално а лажичкиве не, како ги научивте? Иначе мене ми е мерак да ја ранам и да и зборувам ама јадење парчиња си е супер ако детето прифаќа и ако мајакта си читне и се едуцира за секоја намирница како да ја спреми и да ја даде на бебе минатата недела почнав лепче домашно интегрално да и правам и и давам во раче и си ручка додека појадувам јас
Давај ги лажичките без храна, односно не за време на јадење, да игра со нив и да ги става во уста како играчки. Генерално тоа се прави и пред да се почне со храна, ама би требало да вроди плод и така
Ќе и ја оставаш да пробува, ќе се заинтересира, битно не ја форсирај, ќе засака сама. Мене ме рани сега мислам добро пола на земја ама се раниме.
Е не ми текнало тоа утре ете таман нова играчка ќе има да се занимава на подлога Ќути со лебов колку ми е мерак дека сама ручка толку ми се прилошува кога треба да се наведнам и да ги соберам сите трошки откако ќе заврши пошто е кокошарник
И лебарка и месарка од понеделник сакам млечно да воведувам па ќе видам дали ќе ручка и тоа со што почнавте од млечно на старт, со грчки?
Колку месеци е ? Мојава орисот на хип само го сакаше и ставав во се но веќе ни тоа не пали. Стануваме 8:30 -цица(пробано и да не цица тогаш). До кај 9 не фаќа гушкање мазење. После околу 10 и давам еве за денес палента и павлака со малку маслиново. 1 лажица и бега луѓе врти глава стегната уста ми се иде да ја стиснам за образи и да бутам (Нервите аш,знам (ама и со поголемото исто е уште и пука чоек ете вчера имав направено мусака за нас исто бега и со раце затворена устата)) Тука веќе (моментално еве) живците ми се во плафон пијам кафе да се смирам Пробувам пак да и дадам накај 10:30/40 најчесто пак е со една лажица Вчера имав батат ,тиква и ориз значи мене ми беше вкусно не и тоа со главата мрда за не ,додадов малку брашно ги запеков на тостер и дадов во раче само го изгмечи. Накај 11 веќе и се спие цица заспива некои 40 тина мин. Во меѓувреме правам за ручек. Накај 12 ч пробувам да дадам од ручекот најчесто безуспешно единствено касна батак со ориз цело тегличе ама следниот ден не го сакаше со компир и морков. И пошо веќе ми е смачено да фрлам истото тоа го нудам до вечерта. Спие уште 2 пати еднаш од 14 до кај 15:30 И уште еднаш од кај 17-30 до кај 19 горе доле. За вечерно во 21 легнуваме до кај 21:20 најдоцна е заспана некогаш и порано зависи од последнава дремка кога се разбудила. Секако ова во многу скоро ќе се смени затоа што големата ќе поаѓа во градинка од понеделник а бебуш веројатно од 01 .03 Мм па цело време не се нервирај ,нема кај да троши затоа не јаде ,види каква е буцка не е неухрането па да се нервираш Веќе дури размислувам да и давам од тоа ние шо јадеме сосе сите зачини Јајцата вака пржени од кога и ги даде и дали ги внесуваше со она 1/8 глупоста или како... ? Уште и ,пробав да ја оставам гладна со татко и за да не ме гледа не сакала каша ќенкала цело време 100 пати редактирав ама ми иде ко американцине се да и наредам од тоа ние што јадеме во тањир сосе сите зачини и нека гриза
За недела дена ќе прави 10 мојава ама не протестирала до волку освен деновите кога ептен и беа отечени непцата од забите. Да не ја мачат и неа забите? Друга идеја и совет немам… Јајце воведував цело однеднаш (и белка и жолчка) и не го правев тоа со 1/8 туку баш следев препораки од некои од членкиве на форумот и странски совети па воведував во 3 дена одеднаш: првиот дел испасирано со вода пола лажиче, следен ден 2-3 лажички и третиот веќе повеќе дадов залчиња омлет. После тоа директ ставав цело јајце во палентата
Eпа единствено тоа да и е мака пошо горните кецови едниот и е веќе излезен ама ептен малку а другиот е цел натечен. Значи има време до 10 ама тогаш веќе и во градинка ќе треба да е... Не знам не знам
Здраво мајки, воведуваме вечера кажете ми идеи некои освен палента, грчки? И препорака за некои вечерни каши со добар состав?
Скоро 2 месеца ми одбиваше речиси се, баш како што викаш по неколку лажици и толку. Дури и плачеше некогаш на седнување во хранилка. Она вадаше цело време еден по друг заб од 6 до 9 месеци и особено горните дур искачаа тогаш само на кисело млеко и грчки јогурт мислам живееше. Е сега има 5 заби и дури и почна да сака да ги користи да грицка со нив смоки, леб, парченца храна.
Хељда давате ли? Имав дадено до сега од готова каша и еднаш во некои ќофтиња од мајка ми со месо и немаше мака. Земав денес некоја органска експандирана и и дадов за вечера малку заедно со тарана и грчки јогурт се изнајаде ама ме мисли да не и стана некоја мака од неа. Се откорна од плачење на заспивање ама ме потсеќаше плачот на тој кога имаше грчеви не како стандард што и е плачењето на успивање и не знам дали можда од хељдата
Мајки какви лажички користите, јас имам на бејбилав пластични што се во сет 3 ама некако ми го затвара муцето сакам да пробам со други кои ќе ми ги предложите?
Мојава јадеше денес од нашата мусака . Нејзиниот ручек не сакаше да го проба, ова бар пола изеде. Јас почнав нашите јадење без сол да ги правам, за у случај она да сака да јаде.
Докторката на вакцини ми рече сол да ставам и иако знам дека не треба денес веќе и тоа пробав и ништо пак не касна Сабајлево големата кришки со јајце побара пробав да и дадам дури со главата за не вртеше. И дадов во раче само го изгмечи... ... Така да не знам навистина. Се тешам сеа сама себе дека од забите и е и дека кога ќе пораснат ќе почне да јаде.
Јас би ти препорачала најобични метални. И јас почнав со пластични, силиконски, и после некое време се сменив 1. затоа што металните се најбезбедни во смисла на материјал и хигиена, 2. секако целта е понатаму да користи метални. Секако ова е само мое мислење