И мене педијатарот тоа ми го рече, кога се пожалив дека никако не јаде. Вика ако не ја солите премногу храната давај од вашето со сол, со сите зачини, секако да ја пуштиш сега во градинка таму се ќе јаде . И јас се тешам од забите дека е, се надевам дека нема да треба да ми ја носат на работа за цицање оти АД ни да помириса.
Епа мојата во градинка ќе е Затоа и се нервирам толку што не јаде ,како ќе ја оставам. А може па и ротата дека со сила и ја даваа па не сака сеа трауматизирана Абе мавта со глава лево десно мислиш не знам
Моево и мижи и затвора уста, да не ја ни гледа лажичката . Не знам што да кажам, на син ми вака 8-9 месец цртани му пуштив за да пројаде, оваа ни така не сака. Не ја мисли толку, во градинка повеќе ќе јаде ќе видиш, дома изводат .
Дали може на беба да и давам од ова просо на зегин и да ми кажете како се приготвува колку време треба да одстој во вода? Ви благодарам
Една недела откако воведив и втор оброк, јадеме зеленчуци и овошје сега засега, пред некој ден ориз дадов од хипп, имаше малку грутки откако го спремив, бебко два дена не беше искакан, вчера изваде едно тврдо ситно топче како билија, ми дадов вчера вечерта слива, му измасирав меше со масло, лелелеле луѓе денес вадење се уплашив, Е вакви кутлаци уште поголеми ама не ги сликав, кога почна да плачи, го кренав во раце и од простум фрлаше бомби, после тоа меко искака Ама и јас забегана со умот, го дојам, формула давам два три пати денот и плус два оброци, тешкооо мене, сега шише ќе давам само пред спиење и толку ! Ќе почнував со месо деновиве оти еден месец сме на каши ама ќе почекам да се среди столицата
Нормално е столицата да станува потврда. Веќе внесува цврста храна. Ќе видиш дека и со тек на време, ќе има кака како возрасен да кажам. Не очекувај столицата да му е како кога бил помал, зошто веќе внесува цврста храна. Ќе додаваш кокосово во овошните и маслиново во зеленчуковите каши, за полесно какање. Ќере година ипол скоро, па уште знае вакви брбушки да има.
Баш како возрасен се искака, јас се уплашив оти навикната бев на кашеста кака, потврда ама кашеста, ова денес беше сува кака. Кај да најдам масло од репка од хип дали го има кај нас ?
@Cvetce_ Од Хип маслото од репка не знам дали го има овдека, јас не го имам видено. Тоа од Дм го немаше кај мене, па го зедов од belina.mk ова: https://bellina.mk/prodavnica/organska-hrana/dodatoci-za-gotvenje/organsko-maslo-od-repka-750-ml/
Само да е ладно цедено екстра вирџин и некое грчко гледај производство во стакло. Јас и за дома Монини го зимам и за неа го користам