А како ги давате, цели ли или гмечите со виљушка? Читам треба да се изгмечат дека има можност од гушење. Земав и јас пред неколку дена и никако да се наканам да и дадам
Кога и ги дадов првиот месец давав блендирани зошто ми е страв од љушпите, после 2-3 пати пасирав за да преминеме само на пасирано ама тешки ми се лушпите за требење и мислам дека ке се задави од нив. Не знам од кога може цели да се даваат ама мислам рано е за тоа, на нет пишува цели 12+
Сега ги гмечев и лушпите ако ми се гледаа поцврсти ги тргав, а во тесто како мафини или палачинки ги оставам, убаво омекнува лушпата и нема гајле.
Ти можеш смачкани, 9+ односно откако имаат пинцета фат се мачкаат, не мораш со вилушка туку меѓу прсти, поентата е само да нема веќе форма на круг 6+ се готвени или убаво изгмечени Скроз цели да, 12+, ама и порано може да се даваат само смачкани, и лушпите воопшто не се проблем за давење, на ниедно овојше или зеленчук всушност
Боровинки свежи има и во Кам, скапички се ама најнормална цена, или во некоја пиљара што сум начекувала, ама тоа сум зимала ако сакам да и давам да ги грицка. За во рецепти замрзнати сум зимала. Вишни ако ти се верува немам дадено, не ми текнало на нив хаха здравје на лето во Грчка од нивните убави
Бројките на кашичките се според текстурата на кашата (4м најтечни) а не според намирниците од кога ние во МК по табела ги даваме. Пример Има и од јагода кашичка за од 6 месеци, а според нашиве табели би ја дале после 1 година.
Да да затоа пишав не се по МК табели, ама многу мајки не знаат дека тие месеци напишани на тегличето се поврзани всушност само со текстурата на кашичката.
Кога дадовте крставица и како (за мајките што не даваат парчиња)? Сакам да изрендам во кисело млеко, ние сме 9+.
Треба ли да правам пауза меѓу воведување различни јатки? Воведував бадем преку путер 3 дена и сега да чекам ли неколку дена за други јатки?
Моево дете нејке зеленчук и нејке. Не знам што се не пробав. Или временски ја утињам нон стоп или не знам што е. Палента со јогурт/грчки јогурт пробав 3 пати, буквално и се повраќа се гади. Прееска и дадов цвекло со батат и грашок, на третата лажичка поврати. Овошни јаде, семолина обожава. Ама не може на семолина да расте само. Во зеленчуковите ако не ставам јаболко или слива да заблажи нема шанси да јаде.
Утре сакам да воведам тиква, дали на почеток тиквата ја дававте варена или печена? До сега, се друго варев на пареа. И имам уште едно прашање, за воведување авокадо, дали во старт го мешавте со нешто веќе воведено или дадовте само авокадо?
Да не е до комбинациите, некако цвекло, батат и грашок не ми оди шо знам Си пробала поединечно намирници ?
На пареа супер излегува тиквата, мојот само домашна јаде, купечка не ја сака ич. А за авокадо прееска дадов гмечено со вилушка, го пребендиса, се смешкаше дури јадеше ама досега па мојот нема одбиено ништо, јас на тој ам Да се средиме со столицата и месо ќе дадам денојве
Лебче какво давате? Или да замесам домашно од класична рецепта? Воведов млечно, му дадов грчки јогурт ама само два дена му давав, да чекам ли сега да помине некое време или да воведам одма глутен? Како правите?
Можеш да го ставаш во сите зеленчукови каши што ги правиш по неколку топчиња и да пасираш (ако јаде пасирано).