Рендана со к млеко или грчки. Ја обожаваше така. После тоа јадеше и парчиња. Ама почетокот беше така.
Да, сум пробала и само батат. Батат со тиквичка. Батат, компир и тиквичка. Грашок реално ставам кога ќе се испасира 2 лажичи испаѓа. И со ориз имам мешано и со пченка на хип или палента. Пример ориз тиквичка и морков. И готови зеленчукови мислам 6-7 различни пробав. Палента со јогурт, палента со спанаќ и јогурт. И да го измешам јогуртот и да не го измешам и со путер и без. Не и не. Инаку второ дете ми е, утре точно 8 месеци. Првото се јадеше шо и да му дадев. Цвекло во секоја комбинација. Грчки јогурт мислам камион еден изеде. Ова второво дете не сака едноставно се грози. Ќе ја затне устата и не отвара.
Ти благодарам. Колку месеци е твоето бебе и од кога му даваш кисело млеко и јогурт? И далу му дробиш и лепче
Мојата е година ипол скоро. Јогурт си пие од чаша. Кисело млеко со лажичка и давам. Она леб посебно, јогурт/кисело млеко посебно. Мешано како попара, не ги сака.
Деновиве ќе се консултирам и со педијатарот ама сакав и тука да смениме мислења за кога да се воведе вечера. За некој ден прави 8месеци и е ептен разјадена. Има два оброка доручек и вечера и јаде по 180-220gr отприлика по оброк. Читам дека препораките се 8 или 9 месеци отприлика. Вчера ме замисли малце со однесувањето зошто приметив дека по подојот отприка час ипол, почна да кенка и не можам да ја смирам да биде задоволна туку стана раздразнета како да е гладна, исто и пред некој ден ми направи. Моментално сабајле цица кога ќе се разбуди па има буден прозор од 2ипол/3 часа па спие па доручкува оброк па пак 3часа играње па спие па цица, тука веќе по час и половина почнува да станува кенкава па сега ручекот и го давам пред спиење зошто минизгледа како да е гладна исто и попладне е само на цицање по 14:30-15h отприлика и се мислам дали е време да и воведам и вечера. Кога воведовте трет оброк?
Можеш мислам да и воведеш вечера слободно. Јас воведов кога и помалку од твојава јадеше дека стануваше нервозна после 17 часот и бараше да цица како недојадена иако цицаше накај 15:30-16. Еве сега пример се разјаде и се порано почнува да ми бара ручек и вечера и ми се изместува распоредот а количините на оброци не ги надминува и да и нудам повеќе, па се мислам полека по некоја ужинка ситна да и давам ама да не и кратам подои. Прво да се навикне на ужинката па да и ја зголемам и да кратам подој за во градинка. Мој совет е прати си го бебето, не се врзувај до толку со правилата кога точно требало да се воведува.
Јас сакам да воведам месо и глутен ама деновиве имаме запек, лелелел луѓе што изваде денес, абе колбаси огромни да ми простите, голем така не можи да изваде, се напрегаше и откако дадов слива изваде све, и од вчера кашата ја изваде. Кажете како да регулирам столица, не можам само сливи и круши да давам.
Цветче. Извини мајка ама у реду е со сликиве. И пред некој ден и сега. Опиши само. Оке е, бебе е, ама сепак е измет. Во врска со запекот, гледај да не даваш многу често банана, морков, ориз. Ќе се среди.
@Cvetce_ дај те молам не ставај веќе слики од изметот, доволно е да објасниш. Претерувате некогаш стварно.
Да не е превише количина на храна, твоето бебе е мало за волку храна, да не се прејадува па мешето да не може да испроцесира се
Не дека му давам многу, формула пие по 120/150 мл два пати, еднаш наутро еднаш пред спиење, некогаш не ни давам, еве три дена не дадов воопшто. Јадиме два оброци по 100 грама овошни и зеленчукови каши, шест месеци некни направивме, цица ама мн малку, не знам стварно. Тој какаше и претходно на два три дена ама ваква столица се јави деновиве, претходно си какаше нормално, густ измет ама не вака.