Нас доручек ни е околу 8 најкасно 9, а ручек околу 13ч. Измеѓу има еден подој, мислам дека е сосема океј, кај нас добро функционира. Вечерата ни е 17-18 најкасно, барем 2 саати пред спиење.
Може и така, нема правило, но направи си распоред и со млеко кога би давала. Наеднаш еден по друг цврст оброк да не и направи тежина на стомачето, внимавај на тоа. Кога ќе воведуваш месо, млечно, прави растојание од неколку дена.
Да, се размислив и ми беше страв да не и е тешко еден по друг... фала ти Околу 8 и дадов каша 11 млеко па околу 14 каша и сега си продолжувам со млеко. @Marijanche33 те послушав и така почнаме. Добро поминавме Околу 180 гр по оброк си изеде
И јас од Андреа имам зимано телешко, а и од Гевгелија кога сум била кај моите. Ама на крај краева јуне е само малце поголемо теле, не е ништо страшно само месото е малце потврдо, ама ако го блендираш е исто на крајот
Или на перутнина птуј или на цекин, свежо купувам па замрзнувам. Генерално гледам да не пилешкото од некоја фабрика што фунционира во ЕУ зошто сметам дека имаат подобри стандарди
Ептен глупаво прашање, како од Марс да сум падната, но од каде ги купувате свежи, не сум забележала досега дека има на Цекин и Птуј.
Да си прашам јас за воведување на некои намирници кога ги воведовте, некако се одложувам бидејки гледам некои покасно се воведуваат иако на листата ги пишува порано па ми треба совет од искуство 7++ сме -Модар патлиџан - грашок -боранија - цвекло ( да зимам свежо и по едно парче да варам кога ке правам или подобро е прво да се обари па замрзне па да вадам?) - карфиол - блитва спанаќ ( некаде прочитав дека ако се домашни околу 7 м ако не покасно.. има вистина ?) - Мисиркино месо од тегличка да дадам или да си земам мевце да спремам - вишни цреши замрзнати од КАМ ? ( имаше спомнато на групава некој дека го овошните кашички на HIPP има шекер додаден или грешка сум..) - и да мангото ми го пишува 7+ Можам веке да го дадам или и тоа да почекам ? Се распишав сабајлечки. Госпоѓата доручкуваше сега да смислиме ручек
Карфиол ми беше трета намирница, значи пред 6 месеци, модар домат дадов на крај на 8ми месец ама ненамерно го одложував, а се останато од листава на ваша возраст веќе мислам имав воведено или тогаш воведував. Мисиркино можеш свежо да си купиш, земам убаво од Андреа. Цвекленца си земам свежи малечки и по едно во оброк ставам, го готвам на пареа на секое, не сум замрзнувала. Спанаќ и блитва земам свежи, органски гледам да се.
Јас пилешко не купувам од маркет ниту па од Цекин затоа што не се домашни. Купувам од фармата на Тони (носат во месари одредени денови) и си го делам по 50гр во кесички и замрзнувам. Пилешко преретко давам бидејќи сметам дека не е добро за бебе да јаде често пилешко.Мисиркино и телешко почесто варам,иако јас единствено јадам пилешко од сите меса па малце хаос беше додека се научам како се припрема месо кое никад во живот не сум го правела.
Модар патлиџан цвекло грашок дадов во 7ми месец Вишни и ја се мислам дали да и дадам замрзнати пошто ние ги употребуваме дома доста за смути или со овес за доручек - свежи нема да има до летоска Каефиол не сум дала уште, ич не употребувам дома па не сум купила за неа специјално Мисиркино не сум начекала во веро свежо па не сум и дала уште, вчера и купив кашичка брокула со мисиркино па деновиве ќе и дадам Блитва и спањак јаде од 6месеци ептен ги сака особено со телешко во комбинација Манго давам од 7мсеци баш го сака
@Baby warrior @Marijanche33 фала ви што споделувате навистина значи друго мислење Денеска ке вклучиме цвекло да видиме како ке прифати