Како овој ручек го даваат на дете под една година? Се во еден тањир им ставаат? Салатата како? Реално има деца, што не џвакаат. Еве го од нашата градинка менито.
Не знам искрено големата ми почна покасно веќе беше речиси 2 г и јадеше се па не сум ни прашала. А сеа треба да почне на 9 м... ја прашав негувателката на поголемата рече повеќе на супи се што и да и значеше тоа... чекам сеа кога ќе ми кажат дека сигурно е примена да прашам убаво се. Секој месец имате ново мени ? Ете кај нас и ова со двопекот кога го прочитав коса ми се крена.
И ова сирењево гарант без сол е, а ние припаѓаме тука . Иначе печурки син ми после две години проба, со пица, не знам од каде им е оваа идеја дека печурки се океј избор храна за бебиња.
Малку срце ме фати ко прочитав мед. крцкави топчиња и туна, ама после видов дека е мени за големите . Да, очигледно истото им го даваат, ама печурки бе, што знам. Речи им алергична е . Другово за ручек океј ми се гледа.
Не се мешам во муабетот за градинка (не ми значи ништо, сори ), ама чисто да споделам дека мојата јаде печурки од кај 7, 8 месеци (не памтам кога точно прв пат дадов) и освен што знае да прдне повеќе, не имало други проблеми. Секако ставам по една-две печурчиња во нејзиното јадење, не многу количински.
Леле двеве менија се небо > земја и во содржина не само за печуркиве … во второво мени на биби колку повеќе месо има и разнивидност некако ја па си мислев на ниво на град скопје е за сите исто по државниве ама имало разлика ептен има некој од приватна градинка мени чисто за споредба да направиме? Ептен се мислам што да правам за од септември
Мајкии едно прашање. Како знаевте кога децата ви се спремни за парчиња? Кашите ги сака кај мене по густи, ако се многи течни ги одбива, му имам давано пасирано и јаде. Вчера му дадов тиква печена со лажичка, не беше ниту во блендер ниту со вилушка гмечена, ама таа секако е мека. Он си џвакаше и си бараше цело време ама некако ми е мисла дали да му дадам само малку изгмечено овошје и зеленчук. Инаку седи сам без поддршка 6++ сме
Пробај дај му, битно е само да седи стабило исправено ако даваш парчиња. Јас дадов бидејќи после цел одбиен нејзин ручек скокаше и се пружаше по нашиот. Дадов, си јадеше, конкретно печен компир кој дотогаш го одбиваше во каши.
Нашево е од Ѓорче. И вака гледано не е лошо. И кога пишува овошен сок, им даваат овошје и тогаш. Баш адаптација имаше ќере и ни кажуваа изеде тањирче печено јаболко, а стои овошен сок. Не е лошо менито што го имаат. И таму јаде се, дома се молиме за да касне ручек. На краставица, домат, мандарина, круша. На тоа би живеела она
Кога правев и фрлав се. На случајност баш на ручек кога бевме за крштевката и дадов од компирот што беше. Го лапна и од тогаш на парчиња е. Манџи без запршки и зачини правевме за неа.
Не знам дали го има во Македонија ама топла препорака од мене за блендерот, го имаме и топ е, ептен практичен, плус лесен за чистење. Не верувам да го има кај нас
Мајки ние денес пробавме глутен иако досега немав воведено, давав безглутенски каши. Не видов а ја дадов кашата, пола ја изеде, некаде 80 грама. Во план бев прво месо да вклучам ама еве глутенот не претрка. 6 и пол месеци сме, сега да продолжам да давам глутен ако нема реакција деновиве постепено ?