Го нарачав онлајн додека бев во Германија, https://www.baby-walz.de/p/babymoov...ator-nutribaby-plus-xl-mineral-black-8343373/ Ако имаш некој таму па да ти го донеси тука. Мојот е со две нивоа
Мајки, брокула, грашок, боранија дали купувате замрзнат или свежо купувате па замрзнувате? Кромид од кој месец може да се воведе?
Грашок и боранија замрзнати (боранија не сум ни дала најискрено) а брокула ако најдам свежа ако не замрзната (мада не ја сака баш ретко давам). Кромид почнав да ставам кога воведов ручек, нешто пред 7м
Грашак давам замрзнат, боранија не сум дала / не јадеме ни ние дома - брокула свежа нејке - вчера и дадов готова кашичка од бебевита со брокула и мисиркино ја изеде цела 190гр. Кромид и ставам во ручеци од 7месеци
Веќе сме 6 месеци, во 5ти месец и воведов зеленчук, овошје тоа што е препорачано за тој месец, давав мазно пире, супер ги прифати намирниците, се што дадов се јаде. Од овошје јаболко, круша, кајсија, слива, авокадо, банана. Од зеленчук тиква, тиквица, компир, сладок компир, брокула, морков, пашканат, спанаќ, од житарици ориз, пченкарно, гриз од ориз од готови каши. Последните 2 недели од 5ти месец и во количина зголемивме од 150-200гр јаде. Сега ќе и давам пасирано со вилушка, сакам да и воведам грашок, боровинки, праска, пилешко од кашичка, но тоа при крај на 6ти месец пилешко и млечно, амарант, просо, киноа. Месецов ќе продолжам со еден оброк во денот, од 7ми месец ќе и вклучам и втор оброк. Дали имате некаков распоред колку пати во неделата да давам овошје, колку зеленчук или нема врска тоа??
Најпрво лажичка, две, три пет..постепено самото ќе си покажува интерес па ќе стасате до солидна грамажа за оброк >120г. Ние 2 недели бевме по 4 5 лажички од се со плукање, отпосле се разјаде.
Од најголем јадач не сака да отвори уста деновиве. Настинати бевме малку па можи да е од тоа, буквално со сила буткам лајчиња. А млеко си пие, со цица топ, ама со кашите беља не најде деновиве. А планирав и месо да воведам др недела Да не вади па заби, скроз набабрени му се долу, а на сон ми излезе дека имаме запче
Денес прв пат и направи мм ми спањак класичен / до сега бејби спањак стално купувам за неа специјално мм ми запна за него ќе правел сјде и за неа. И го измешав со телешко и компир изблендирав и почнав да и давам. Касна 5-6 лажичкк и полна да поткашлува а после и да кива. Заправ на момент и дадов водичка, си зборевме 2-3минути и продолжив и пак почна да кива. Ме фати страв дека сама дома да не е некоја алергија зошто ептен кашлаше и киваше некои 3-4мин. Прекинав да ја ранам ја соблеков и се смири ова може да е некоја алергиска реакција? До сега сите овие намирници си ги јаде редовно ама денес прв пат обичен спањак па ме фати страв - ја не јадам спањак па некако шубе ми стана
Ако е алергија ќе има и други симптоми како осипи на тело, повраќање, потекување на уста/очи, проверувај тоа. Само кивање може нешто од текстурата да и дошло така
Твоето иде таму? Чисто ме интересира како сезонска салата ( зелка , марула, краставица, домат), ја даваат на бебе/дете што незнае да џвака? И компир манџа плус телешка супа им даваат заедно?
Здраво мамички. Ние сме 7 месеци. Веќе еден месец сме со еден оброк, појадок, и давам овошје/зеленчук + житарка. Од денес почнавме и со втор оброк, ручек. И дадов пилешко, сладок компир и морков. Што давате за ручек кога не ставате месо?
Не иде се уште, за месец ипол ќе тргне ама мојава почнува да џвака, верувам уште повеќе ќе може тогаш па не се секирам
Ова мени веќе личи на новиве стандарди по кои ги храниме бебињава, се гледа дека разгледале табела за намирници за бебиња