Не знаев кај да пишам не е поврзано со храна туку вода.Вода со сила мака мачиме а веќе 1 година ќе е.Една чашка од ракија цел ден не ја испива.Више полудев.Сокови не давам. Мокри пелени има ,не знам што да правам што не пробав.Чашки цевчиња лажички шприцеви. Млеко сабајле од 150мл пие и најчесто останува.Тоа во 12 го заменив со ужинка Вечерното млеко 180мл пола останува. Навечер што се буди 1 за млеко иако и тоа почнав да го намалувам за да стигнеме до најмала доза па да го укинам само тоа го пие. Полудев.
Пробај почни да ставаш сол во јадењата. Мојата пиеше вода и претходно океј, ама сега откако почнав со сол жљока како да не видела Веќе сте скоро годинка, не е страшно и сега да почнеш со малку сол во храната
По колку мл ви пијат вода малечките ? Ние сме 6 и пол месеци ама вода не знајме да пиеме Со лажиче ќе изголта ама да се напие ептен некоја голтка и си игра со шишето. Пробав со шише со брз проток, со шишето млеко шо пие, со чашка мам, со чашка нук 360 ( оваа е научна фантастика за нас, не знај ни да тргни ) џабе, не сака. Чај дафов прв пат бекутан некни кога беше настинат го шљокна, да го остаев цело шише ќе го испиеше. Пробав сокче од хип од слива растворено со вода го пие, не мн ама ќе се напие.
Нудев после оброк, на почеток ич не пиеше, дали дека и сита од јадењето, си играше со цуцлата само. Приметувам дека после оброк не сака, а ако понудам после саат, два пие. Почесто чајче и варам, зимам сега без додаден шеќер филтер ќесички од дм за 5+ е.
Пет мали лажички давав тоа е околу 25-30гр, постепено наголемував секоја недела, следната недела 50-60гр, се додека не стигнавме до 180-200гр, зависи колку јаде, моево си јаде количински. Не брзав постепено воведував намирници, стомачето и е многу осетливо, на почетокот имаше мака, но се стабилизираше.
Колку долго можат да стојат отворени овесни, просо, амарант? Во оригиналното пакување само затворени со тие штипките за храна што се.
Девојки Бебе е 6+месеци. Имаме пробано овошје и зеленчук, од житарки пченка и оризова каша (двете на Хип) Полека воведувам оброк мада тешко ни оди... Зеленчукот не го сака многу. Прашање ми како воведувавте житарки? Сите што ги гледав се мешавини од две три и повеќе житерки Моментално ги имам дома на Хип 100% Multi Grain и Babys first Semolina i Oat +Apple. Без разлика што нема се пробано дали да му ги дадам прво малку како за проба па ако се ок да му ги вклучам во оброк? Воедно во Семолината и Oat+ Appel имаат и млеко. Дали ги давате тие комбинации или ако може да препорака и воедно како ги храните? Дали користите хранилки? Педиатарот ми рече не хранилка ама пак другачије не ми оди . Не го гледам кога го хранам во раце, а немам кој да ми го држи Фала ви
Баш ги прашав рекоа дека најчесто даваат пасирано и гледаат да почнат со парчиња кај тие што можат да џвакаат, а тие што не можат им блендираат
Од кои причини да не се става во хранилка и која е препораката, како да се држи бебето ако не го ставиш во хранилка, а да го нахраниш?Што е побезбедно? Јас ја ставам во хранилка, вчера баш нешто штрајкуваше, ја извадив од хранилката, во раце и давав да јаде, прета, мрда, се витка, многу подобро е во хранилка, плус се испрета направи лом. Јас давам од кашите со една намирница што се, глутен сеуште немаме воведено, а тие каши се со глутен, обично гледам да ги имам поединечно воведено намирниците, па потоа давам комбинации.
На мојата хранилка имаше да се спушти под помал агол, да не е на 90 степени додека не седне само. Ако рекол не хранилка, како да му даваш? Таму е најбезбедно не може да се преврти и го гледаш плус.
По малку, како да кажам, мал прстофат. Со тек на време ќе зголемуваш. Ама обично знае солта да им зголеми желба за вода.
Па мака мачам... ај кога има некој да го држи во скут е ок ама кога нема пошто сум претежно сама во раце во мојот скут. Наводно хранилка после 8ми месец... поради ризик од аспирација.... а искрено поризично е во раце отколку во столче. Ке одам деновиве да си купам