Мајка ми на брат ми му давала сок од јаболка тетрапак, кажува дека оддеднаш снемала млеко на 6месеци па после тоа он си имал три иброци не му требало друго млеко па тетрапак јаболко мн сакал добро мамо викам како бе тетрапак… па тетрапак бе јаболче ок
Пржено брашно им давале. Братучед ми вика, ееее јас со тоа сум израснат. Што ми фали? Викам па еве дај сега на малово, ако не е ништо.
Јас од 6 месеци сум пиела домашно кравјо млеко, јогурт со банана и мед ми било омилено . На мајка ми велеле дека мед можела да ми дава колку што сум сакала
Порано на бебињата што не цицале им давале кравјо млеко.. Татко ми пред скоро 60 години не цицал, баба ми му дала кравјо млеко неразредено. Му излегле некои чирови на грбот, цел грб му е дупки на човекот и ден денес. Којзнае колку болело..
И дадов денес парче морков да проба. само се играше дали две залчиња касна. На штрек бев.. Цел ден гледав видеа што да правам ако почне да се гуши недај боже. Не знам како ќе биде можеби ќе комбинирам на почеток пасирано во лажичка и Blw..
Јас од хип дадов прв пат 5 жита што се ја обожава, првиот пат дадов 50 грама и ја измешав со банана и јаболко, вториот пат дадов цела. За брза припрема се супер
јас сум уште на каши, мојата уште не седи стабилно, а и нема интерес некој за храна, не се форсирај, мало е. јас со големата исто почнав со каши и чим беше стабилна скроз ја префрлив на блв, до година имав се воведено и се јадеше. ама ова малово сега па не ми е по јадењто
Моево бебе е екстремна јадачка, имам пишувано по темиве, до сега нема одбиено ни млеко, ни од кашиве. Секое јадење го завршуваме со плачење за уште. Кога изеде 190гр од најгадната каша спанаќ со компир знаев дека се ќе јаде . Интерес појави уште во 4ти месец само во устата не гледаше кога јадеме. Гледам сега и прачиња дека би јадела, но сеуште не седи самостојно, затоа не се осмелувам да дадам има време, не ја брзам. Мое мислење доколу воопшто немаш давано цврста храна да почнеш со мазно пире, па пасирано, па парчиња. Јас читав тука да се давало пасирано не блендирано и одма се залетав да и дадам пасирано, беше збунета и го буткаше со јазичето, па пробав со мазно пире за почеток. Еден месец давав како пире, постепено со погруба текстура, а после еден месец почнав со пасирано 6+. Еве денеска и дадов пасирана банана, имаше и парченца си јаде, супер си прифати и пасирано.
Бебуш уште една недела 4 месеци ќе полни, ми летна времево . Затоа и почнав да ја читам темава полека да почнам да се спремам за опрема за исхрана.
тоа сакав да кажам мојата прва исто јадеше се што ќе и направев и најгадното и самата покажуваше дека е спремна и за парчиња и брзо почнав да давам, ова малово нема никаков интерес, ниту не гледа, ниту јаде нешто, кога ќе дојде време за јадење ми се темни, двете сме намачкани од глава до пети во каша, ми плука, па го тегне лигавчето, па рацете во глава ги става, па и тече во врат и така саат време и дали ќе голтне 5 лажички, ја не знам како ќе дојдам до оброк, а за парчиња па да не зборам
Каков јогурт, урда/ cottage cheese, кисело млеко користите? Грчки јогурт дадов ама немаше на Olympus а сега гледам во Кам го има ама пишува 2%.. знам дека со повеќе масленост требаше.. има повеќе ? Од Бучен козјак за нас секогаш земам.. ама не сум сигурна дали да земам и за неа. А на мисла сум и да направам урда домашна
Кисело млеко на Alpsko, cottage cheese на Olympus имам давано, а грчки јогурт давам на Kri Kri најчесто ама и Olympus понекогаш, и од двете има со 10% масленост (сини се 10ките и кај двата вида грчки)
Кога почнавте со воведување храна? Бевме на педијатар и ни кажа кога бебе ќе наполни 4 месеци да почнеме, ми даде брошурки со што да почнам, како да воведувам. Ама мене некако рано ми изгледа Си имав замисла дека после 6ти месец ќе почнеме, дека така треба... Плус изначитав на интернет еден куп статии кај што воглавно препораките се после 6ти месец. А и сега бебе не е уште ни доволно стабилно според мене... Не го седнуваме сè уште, а и главчето не го држи скроз најстабилно, знае некогаш нагло да отиде нанапред/наназад/лево/десно... не знам баш дали е спремен, а педијатаров ништо од тоа не зеде предвид. Не знам дали да 'се правам поголем доктор од докторот' и на своја рака да одлучам малку покасно да почнеме Кога и како почнавте вие? Иначе е на мајчино млеко (се молзам), ретко додавам формула, еве 2 недели скоро немам дадено, а и пред тоа давав еднаш во денот 60мл навечер, и тоа не ни секој ден. Му го кажав истово и на докторот. Знам дека ќе ми се олесни кога ќе почне да јаде храна, ама од друга страна не сакам да испадне да гледам само јас да си олеснам, а на бебе да му е 'потешко' ако избрзам. Може многу паничам и комплицирам јас