Ако немате фамилијарна алергија на јајце нема потреба од чекање после година, според мене. Може да пробаш како мене со тестенини, ете јас имав домашна тарана. Така не може да го внесе цело јајце пошто е мала количината ама сепак го изложуваш на белката, па после цело како омлет со зеленчук.
@Baby warrior Јас воведував жолчка по стариот метод по малце со паузи и ми поврати од цела жолчка и тоа не првиот пат, туку вториот и третиот. Така да, имајте на ум дека жолчката знае да биде потешка за некои стомачиња.
Немаме алергии во фамилија. Домашна тарана имам и јас. Тарана и јуфки ми се омилено јадење. Супер идеа, се надевам и бебуш ќе сака тарана па ќе можеме и двајцата да си јадеме со грчко јогуртче
И кај мене бебка првите 3 пати повраќаше од цела жолчка. Веројатно и беше тешко на мешето. После тоа немала проблем, редовно ја јаде. Од пред 2 недели и белка и давам, 9+м е сега.
1/4 дадов, па утрето 1/2 па после ден пауза дадов цела и немаше гајле. Јас почекав за белката зашто маж ми е алергичен на јајце ама супер помина и со тоа, на 1 годинка и дадов белка.
Е вака некако си мислев и ја. Јас за рибата се плашам ептен, маж ми има страшна реакција на морско било што, два пати од другиот свет го враќаа во систина а јас па се давам во риба и морско и ептен сакам да јаде и она да имам друштво ама ќе почекам за риба до роденденот
Ќе пробам и јас со батат за почеток, морковот не ми се вари толку мек, може на пареа треба да пробам, а бананите не се такви меки, понатаму ќе пробаме.
На 7 месеци, откако воведов втор оброк. Прв пат дадов за проба меѓу оброци, испржив омлет на маслиново масло и го иситнав. Околу 1/6 изеде, не и се допадна многу, бидејќи беше суво.
Јас дадов еден ден малку жолчка, еден ден белка и третиот ден омлет. Морав да дадам вака оти ретко што јаде, па сега протнувам кифла, тестенина, мафин што има јајца.