да не пишев немаше да знам, читам може да содржи траги од пченица на тие што ги гледав, си викам сигурно содржи и глутен .
Внимавај со оризот оти нас страшен запек не фати, камења вадеше некое време, едвај средив столица. Купи си обичен и ставај по малце во оброкот, јас зедов од тие бебешките и дадов цела доза по упатство и попот во бело го видов, тој стенка за да излези каката јас раѓав истовремено со него.
Бејби ние почнавме со осмина па планирам наместо 3 дена да давам 2 дена со 2 пауза и да зголемувам ама дека имаме осетливо стомаче. Инаку некни педијатарот ми рече дека жолчка по нови препораки може од 6 месец да се воведува као многу сум чекала до сега
Јас прво давав ориз на холе, ама не ми го бендисува а искрено и мене ми е безвеза некако. Почнав обичен да давам сега, не го гмечам и супер си го прифати
Мене педијатарот ми препорача на 4 месеци да почнам. Јас почнав со вкусови на 4ипол, и ништо не одбива , се сака да јади. Дури плачеше на почеток кога му давав по 3 лажички, сакаше уште.Сега има скоро 7 месееци и да не те види да јадиш одма сака и тој. Тука во Германија ми рече Педијатарот од 6 месеци може се, освен нормално сол ,шеќер , мед. И не се водам по табели јас. Имам дадено од млечни производи грчки јогурт, и јајце цело до сега. Риба можеби ќе дадам покасно. Прво почнав со кашчки мазно блендирани, а сега му давам и пасирано или така ситни парченца да џвака. Денес му дадов палачинки со банана, овес, и јајце. Гледам малце по малце да почнам со парчиња ама страв ми е блв скроз, оти ептен е лапни голтни мојов, и лаком
Педијатарот сега на прегледот на 6 месеци ми кажа да почнам да и давам млечни производи несолена урда грчки јогурт итн, дека можам и глутен полека да и воведувам а на крај на 6ти месец телешко и 7ми веќе жолчка. Тие биле новите препораки.
Синче ќе прави 5 месеци, планирам да почнам со вкусови. Последниов период зинува сиромашкиот на се што не гледа дека јадеме. Вчера брат ми вафла јадеше се подаде да касне и тој. Се надевам ова значи дека ќе сака да јаде. Додуша и брат му како бебе јадеше, па кога откри благо дека постои, утнавме работата малце. Не памтам ич како беше, после колку време од вкусови воведовте цел оброк? Ми даде педијатарот табела, ама некако чудна ми е, вика белка на 12 месеци, а тука читам порано воведувате. Каде да најдам онлајн последни препораки? Фала
Бебе е 5,5 месеци и треба да почнеме со вкусови. Докторката ми предложи да почнам со морков, компир, тиквичка, потоа јаболко, круша, слива. Два дена пробував да му дадам пасиран морков, но неуспешно. Исплука се што му дадов (2-3 пати по третинка лажичка), се лутеше, плачеше. Морковчето го ставив во цуцка со дупчиња, но и од таму не сакаше. Имате некој совет?
Може и пасирано да не го сака. Јас морков кога дадов пасиран не го сакаше, нареден ден го дадов како мазна каша и си јадеше без проблем. Пробај така ако сакаш, ако не почекај го една, две недели па пак дади пасирано
Деновиве сакам да почнам со млечни. Може да ми дадете идеа некоја комбимација што е добро за започнување? Се мислев да дадам морков, батат и павлака комбинирано
Грчки јогурт со банана и авокадо кај нас е добитна комбинација Палента со павлака, грчки јогурт и боровинки исто така
Како воведовте жолчка од јајце. 7 ипол месеци сме и мислам дека може да почнеме полека но, незнам како, колку, со што да, комбинирам... Хелп
И јас наредна недела ќе воведам на полни 7,затоа сакам прво млечни ама ќе ми одговара и за ова мислења и мене. И не знам дали е подобро само жолчка или цело јајце како кајгана да воведам немаме во фамилија алергии
Дали има млечни производи кај нас, мислам на грчки јогурт, кисело млеко, јогурт што пишува без додадена сол?? Ние што не сме од Скопје, не знам од кај да барам телешко мевце, пилешко свежо, кај што прашав нема, дали кашички да купувам, но кашичките имаат многу плус додатоци што ги немаме воведено.
По месари и јас не најдов. На свекор ми тетка чуваат зајчиња па од кај нив земав зајаче, на мм братучед чуваат кокошки не им даваат ништо од хемија чисто месо, од кај нив пилешко и се распрашавме каде и кој коле телиња и оддвај најдов телешко па си земав поголема количина и за синко и за нас. А пилешко и од каша имам дадено. Многу убаво ми прифати месоо си јаде кашички па си набавив количини. До 6м макс може да стои замрзнато за бебе