Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    2.010
    Пол:
    Женски
    Јас воведов белка и жолчка одеднаш на околу 7м. 2 дена давав варено па пасирано со малку вода само така по малку во лажичка (прв ден врв на лажиче, втор третинка). Трет ден омлет парченце и после тоа додавав по пола па цело јајце во палента. Веќе не го сака варено, сега најчесто јаде како scrambled на путер за доручек или во рецепти (мафини, палачинки, паста)
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    5.566
    Според мене грчки јогурт 10% е подобар избор наместо павлака.
    Палента со грчки јогурт можеш, плус тиквица или некој друг зеленчук за повеќе вкус.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Јас дадов четвртинка,па послем неколку дена половинка,пак послем 5 дена цела жолчка,и последно му дадов цела жолчка со малце белка.Немаше реакција се си изеде јајчар е на мајка му и татко му .
     
    На 1RedLipss и Baby warrior им се допаѓа ова.
  4. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.166
    Јас прво му дадов од пржено лебче со јајце да проба (тоа јадевме ние па си реков ај ќе пробам вака) па почекав ден - два па после му направив омлет малку повеќе му дадов и на крај кајгана направивме и си јадеше убаво.
    8ипол месеци е.
     
    На 1RedLipss, Anaroz1 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  5. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    7.409
    кромид, пашканат може да дадам веќе ? 6+ сме... за месо треба да чекам после 7? ништо не памтам :drunk:

    до сега имам дадено јаболко, круша, банана, авокадо, тиква, компир и батат, морков, кајсија, слива, палента и ориз.

    до сега ми одбиваше се, деновиве почна по нешто да каснува ... :drunk:

    земав спанаќ да и дадам и брокула, друго што можам да дадам сега?
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Да јас месо од 7 почнав, кромид од 6ипол/7, можеш спањак, блитва, тиквица, житарки ( палента, овес, амарант, семолина, киноа, просо)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    597
    Глутен можам да воведам со Multigrain или треба посебно да ги давам житарките? Или пак со нешто друго да воведам
     
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Јас месо воведов на 6+,ама веќе 2 недели имаше оброк. Кромид дадов со месото по некој ден го сварив и во каша, пашканат дадов пред да направи 6. Брокула и спанаќ се единствени што не ми ги прифати и не сака да ги јаде
     
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    7.409
    па и јас претпоставувам дека нема да ги сака затоа неам дадено уште :D ќе пробам некако со нешто да и ги протнам. маслиново ставаш во зеленчуковите?
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.112
    Допаѓања:
    15.395
    Пол:
    Женски
    Можеш, јас така воведов.
     
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Можеш месо уште на 6 месеци, телешко. Тоа најмногу им треба впрочем зошто се празнат резервите за железо. Нашиве педијатри повеќето се тотално заостанати во исхранава. Јас меѓу првите работи што ги дадов беше месо на 6 месеци и од тогаш му давам преку еден ден. Од јаболко и круша не се качува железо. Јас би те советувала фокус да ставиш за почеток на храна богата со железо, освен телешко и спанаќ, блитва, црвена леќа, овес, аронија, боровинки, цвекло. Во секој оброк да имаш некоја намирница што е богата со железо зошто тоа им е потребно, калории уште надоместуваат највеќе со млеко но во млекото веќе нема доволно железо за нивните потреби.
     
    На Simon4e0507, Eho, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CupcakeMuse

    CupcakeMuse Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2025
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво, ние за брзо правиме 4 месеци.
    Знам дека има време но дали може да ми кажете како почнавте да се спремате за давање храна, освен хранилка и прибор за јадење што друго би ми требало да купам, дали е потребно блендер и сл.? И од која хранилка сте задоволни дали тие со наслон што се прават 2 во 1 како лежалка, или стандардна
     
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    18.376
    Пол:
    Женски
    Пожелно е да имаш блендер, јас имам но не го користам често, некогаш давам готови кашички, комбинирам, пасирам.
    Многу сум задоволна од хранилката на Chicco, се спушта на 4 нивоа, на почетокот многу ми требаше да се спушта, за да можам од 4 месеци да ја ставам додека се врткам во кујна на 10-15минути. На дополнителното перниче убаво си се потпира бебето на кое ниво и да е седнато.

    Ова е хранилката
    Screenshot_20260224_142659_Chrome.jpg
     
    На CupcakeMuse му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Од каде земате телешко месо? Во мојот град има само јунешко, од каде да барам? Да ми препорачате
     
  15. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Кога воведовте лук и како?
     
  16. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Мислам околу 7 месеци беше, само и ставив лук во ручекот
     
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Baby beef од веро 2 тафталиџе купувам. Преубаво е и за нас некогаш знам да испечам за викенд
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Да да, по 1 лажичка мала ставам, повкусни им се така и полесно е за какање. Вчера воведов млечни па деновиве пак ќе пробам спанаќ со ориз да направам и кисело млеко па се надевам така ќе го сака.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Цвекло на колку имате воведено? Сакам да му дадам ама ми е страв да не му е тешко на мешето оти со покарактеристичен земјем вкус е
     
  20. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Секогаш ли има? Да знам да пратам некој да ми земе