Мајки здраво ќе ве замолам за совет за воведување вкус малина, боровинки јагода и сл ние сме 11 месеци за неполна недела па ме интересира дали може преку овие готови кашички што се ама се мешавина не можам да најдам баш кај што има еден вкус од нив и риба да воведам со која е најдобро да почнам и дали варена? Убав ден на сите
Просо варам и давам и за доручек со овошје ама почесто за вечера со грчки јогурт или кисело млекце,повеќе за вечера дека помал асортиман имам да давам за вечера,а за доручек со било која овошка што до сега јадел.Земам на биокосмос лупено,а киноа немам дадено до сега Просото е добро многу за стомачето на дечињата и јас исто го јадам повеќе во солена варијанта
Мојот не сакаше ниту просо ниту киноа во почетоците кога почнав да воведувам па се откажав. Пред некој ден пробав пак просо во комбинација со банана и авокадо и како за чудо го јадеше. Битно е просото да го измиеш неколку пати до топла вода, додека стане бистра водата. Од Дм ги имам и јас.
Тогаш отприлика дадов прв пат, околу 10-11 месеци имаше. Само риба е алерген, така да треба постепено да се воведува. Јас имам воведенот претходно со ослиќ
И јас повеќе со зеленчук ги комбинирам мада сум давала просо и со овошје. Јас ги користам од ДМ ги сака мојата. Битно да ги измиеш со топла вода, посебно киноата за да не горчи
Просото треба да отстои 6-8 саати пред варење, така е најдобро. После се мие со ладна вода и се вари 15мин.
Ја просото од дм го варам и го давам погрешно сум правела цело време? Баш го сака мојава. А киноата има горк вкус секако и ние кога ја ставаме во салата, ако се измие со топла вода се губи? Не сум пробала
И јас не сум го миела досега просото, го сака и мојата хахах А киноата на почетокот на миев, после и таа престанав Четгпт вика дека не сме згрешиле во смисла да сме направиле проблем, туку дека било убаво да се мијат заради горчината
Да најправилно е да отстои па дури и преку вечер и да се измие обавезно. А за киноата и порано кога сум готвела за нас знам дека мора со топла вода и никогаш не горчела
По колку гр. амарант се дава за почеток, земав експандиран амарант од дм, како да го подготвам и со што е најдобро да го комбинирам?
Јас знам дека доколку е лупено просото нема потреба да се кисне претходно,секако да се измие неколку пати ама јас со ладна вода го мијам
Јас воведов со Грекос 10% млечни. Го дадов со палента прв пат, вчера сварив морков и батат ставив амарант и грчки се изнајаде.