Од ДМ био што е таа, ама имам дадено и обична. Кај мене не е љубител на палента многуу, кога ќе искомбинирам со овошје само ја сака
Како ја давате, и јас планирам деновиве да воведам зрнеста храна. Само зеленчук и овошје два месеци давам вече ми збоктиса и мене и на беба. Ќе дам зрнеста овие дена, после на полни 7 ќе воведам месо и жолчка постепено. Бебе не ми се најадва со овие тревите мој, додуша и прееска мала количина дадов 100 грама каша ( брокула, тиквица и компир ) бебе бара уште, имав една банана колку мене голема на маса, ја издропчкав со вилушката набрзина, по тро по тро цела ја изеде, не знам кај ја пикна, уште бараше. Го извадив надвор во кенгур да го занимавам да не бара јадење Се навикна на шише формула и сега и преку ден ми бара ама гледам само пред спиење и наутро да давам, имам млеко нејкам да го одвикнам од доење. Си велам да почнам протеини малку да му држи оти мене ќе ме изеди. На педијатар го мереа 8.500 гр. Докторката ми вика се гледа по килажата дека јади мн на една година ја имаат таа килажа а ние немаме уште 7 полни. Вака на изглед не изгледа дебело буцкасто бебе, ама е крупен и долг.
Мојот на 6 месеци беше 8200 гр, на ексклузивно доење. Главна храна им е млекото, не мислам дека од храната до толку ставаат. Твојот машала убаво си јаде .
Ќе почне да ти стагнира на килажа. Кај мене на 11.01 беше 8500 на 5м,вчера го мереа 8650 е утре правиме 7 а веќе има 2 оброка, јаде и месо и житарки и млечни веќе, уште цица. Знам дека до 6 треба да дуплираат родилна а до 12 да е х3
Шо знам, пред еден месец кога бевме на вакцина имаше 7.200, сега има 8.500 Битно витален е, здрав прав машала па килажата ми е најмал проблем
Многу цица навечер, денски не ми фаќа толку цице, давам и шише денски ама навечер со цицката в уста спие. Знам дека не треба и лоша навика створив ама за да го задржам на доење морам така. Деновиве не се буди така често, синоќа сменав пелена во 12 и се изнаспа, можи и тоа го буди, ептен мочка ноќе.
Бебе 7 месеци, имаме два оброци во ден со тоа што од вчера воведов ручек. Од пред една недела е болна, сега е подобро но ми одбива секаква каша пробано на било кој начин. На доење е. До кога би траел овој период? Дали да продолжам да ја нудам секој ден, не отвора воопшто уста за лажиче.
Na nikoj bolen ne mu e do jadenje , normalno e , ne i davaj so sila cim e na doenje dodeka e bolna neka cica, posle ke si jade pak sama ke si znae so pomin neka i e pobrzo
Од кога се воведува вечера? Предлог за јадење со парченца, некако не сака веќе да е се како пире. Нудам банана авокадо така со парченца, ги јаде. Пробавме со компир пасиран само малку си јаде, па мислам да почнеме со парченца ама стравот ме јаде И сакам за ручек да дадам ориз (оризова каша јаде) да пробаме и така подготвен за една недела сме 8 месеци...
Навика е, труди се да не даваш секогаш. Јас сега се решив да издржам плачење ама да го одбијам од ноќно, не се издржува. Чудо како не ти се расонува после менување пелена, еднаш ми се искака дури го заспивав и после заспивање … се стори
Мајки од кога воведовте цело јајце дали така цело давате или повеќе само жолчка? И дали само варено? Ние сме 11
Ептен е лесен за презаспивање. Откако е роден не сум имала бурна ноќ со плачки со држење во раце да не можам да го смирам. Ама пусто будење за цице
Јас ќе воведам трет оброк 7 и пол месеци кога ќе сме, за пола месец. Педијатрите ми дадоа зелено светло уште на 6 месеци, не ги послушав. Ама бебе е спремно, ептен сака храна и ионака тоа ќе биде лесен пброк пред спиење.
Што најчесто се дава за вечера?Конечно некако влеговме во шема со појадок и ручек ама еве сега треба да воведам и вечера