Да се надоврзам, јас последниов месец осеќам разлика после цврст оброк и цицање, некако кога цица како да не ми е дојадена кога ќе се најаде 200гр отприлика е весела си игра сама и не е кенкава, а кога цица осеќам како да не и е довоолно па по цицање пократко ја држам до оброк отколку оброк до оброк. Мојата цица сабајле кога ќе се разбуди 6/6ипол и уште еднаш или два пати зависи преку ден / со три цели оброци сме
Пет жита мулти Не давав посебно житарки, еднаш само ориз и запек фативме и од тогаш само оваа Друга давам млечна со јаболко и овес Сите ги обожава
Мојот така, после цицка некогаш не е задоволен, нервозно цица и насекое бара, откако воведов формула два пати денот и два цврсти оброци по 200 грама супер е. Не му стига најверојатно, им се зголемуваат потребите како шо растат а мојов машала 9 кила е на 7 месеци, а ич не е буцко ама габаритно бебе е, долг многу. Плус од една града цица, е имам приметено некогаш кога ќе си фати фат абе ќе се изнацица смирено, си голта, изгледа ми варира производството на млеко мене
Тешко дека ќе најдеш купечко без сол, ама не е страшно затоа што не е голема количината на сол во лебот а и бебето нема да изеде кујзнае колку. Интегралниот на жито лукс е меѓу подобрите по состав, јас таков давам и со таков воведов глутен
Како им дадовте маслинки, кашкавал, сирење.... Немам дадено сеште, најдов сирење безлактозно го пробав грдо многу, дрво никаков вкус и не и дадов. Кашкавал зедов еден како зреен тие имаат помалку лактоза па го пробав јас прво... ама незнаев како да и го дадам и тој е како гума. Јаде пасирано, ориз цел го сака така.. ама со раце да и го давам несакаа од лажица само него и го давам така ко индицине . Др све од лажичка јаде И мрза тешка е, не подава рака сама да земе, ни шишето за млеко не го држи легнала мислиш се сонча јас и го држам ако и ги ставам рацете да држи и го трга одма бојкот.
маслинки и сирење немам дадено ама давам кашкавал и моцарела. Во главно давам на ситни парчиња дека мојава одкога почна со пинцета фат најзаинтересирана е така да јаде. Кашкавал знам и да дадам на долга тенка лента да го земе во раче и така да грицка. Мислам тука се мојата и твојата, пробај нуди и ситни парчиња како залчиња (на хранилката директно и сама да ги зима) дека од 9+ веќе такви се препораките за нудење
Леб така зема, смоките ама и све што и давам пасирано, џвака ја чекам па отвара уста за нова лажичка кога све ќе голтне. Ама вака кашкавал дека е тврд се мислам како ќе се снајде ми е страв. Пробав еднаш и оставав парче ама така го притискав како столчено и го јаде. Ќе мора да се сјуначам деновиве да пробам така во парчиња.
има и помеќи тој холандскиот Leerdammer, gauda, eidammer . Те читам и за ужинките, можеш и со овошје така помеко да пробаш, мојава така се разјаде откога почнав да и ги нудам. Или нешто меко како мафин, проја, банана лепче и тоа ти е опција ете ако веќе јаде леб, јас се тоа нудам на ситни залчиња, како цело парче не сака да го јаде
види на blw meals апликацијата. По препорака на @MariaBouli јас од таму почнав да и правам и има голем избор
Станува 6 ч давам 60 мл млеко Ад, и после кај 8:30 доручкува 180-200г, спие од 9 ипол до кај 11, станува и кај 12јаде ручек 250г , после кај 2 ипол заспива со млеко 210 мл, станува кај 3 ипол или 4 и вечера кај 5 ч 150-200г, заспива кај 8 со 210 мл млеко. Поминаа 6ти и 7ми скок и не станува навечер за млеко, цел скок стануваше за едно млеко кај 3ч... сега како нож заврши скок дете спие цела вечер без станување како претходно .Морав да зголемам млеко некако па мн. комбинации правев да давам зошто ептен го исфрли само со 250 мл беше ( ради храната која не и беше ваљда толку калорично јака како ад млекото) од пиење 1л млеко кога воведов доручек ручек вечера на 7 месеци.
Гауда сечен на машина на ленти па јас на коцкички му го исеков и си зема сам, многу го бендиса . Зреениот ако е тврд единствено само рендан во нешто да додадеш, ама пробај со гауда помека е ќе се снајде.