Јас 3 пати неделно давам месо. Давам само телешко. Сакам да дадам мисиркино ама во нашиов град неможам да најдам.
Често давам месо, оти бебка не ги сака ручеците посни Па така 3 пати секако телешко, 1 мисиркино, 1 пилешко, 1 риба (од 9м навака) и 1 ден јајце/жолчка.
само моево ли дете не е разјадено како треба досега имаше бендисано банана гриз сега ни тоа не сака, месо сака пилешко, телешко јајце друго веќе нз што да и дадам да проба денес спанаќ правен дома , тој што е готов едно лажиче и не го сака, банана од тегло исто не сака ...
Кога почнавте со воведување вкусови, прво воведовте сѐ од овошје и зеленчук па почнавте со комбинации или пример, давате 2-3дена морковче, 2-3дена јаболко па наредно морковче и јаболко заедно?
Јас воведував еден ден чиста намирница следниот ден ја мешав со друга нова, пример прв ден батат втор ден батат и морков. Ако по 3 дена пробува една додека да се воведе оброк ќе поминат 2 месеци. Според мене ако постои алергија ќе се појави уште одма истиот ден.
Јас воведував на секои два, а после кратко време на секој еден ден исто како членката горе.Ги воведовме овошките од листата како доручек,потоа и зеленчук во ручече. Од првата намирница наваму цело време мешам за да не е само една работа кашичката. Само авокадо јадевме на почеток без мешање неколку дена затоа што многу го бендиса,а имаше проблем да јаде.
Јас на околу 9 месеци прв пат дадов ама искрено ги избегавам, ги чувам како џокер за ептен некогаш ако ми треба да се занимава додека и е готово јадењето или кенка за нешто што не смее да јаде
15 дена после доручек. Не цица, пие адаптирано млеко. И за околу исто време и вечера почна.ова ни кажа педијатар
Телешко, пилешко и зајче. Сега сакам и мисиркино да дадам. Немам дадено до сега дека дома ние не јадеме и не ми текнало да купам.
Јас почнав со едно овошје/зеленчук и после комбинирав од тос што има јадено додавав само ново. Не давав по 3 дена. Овошје и зеленчук се нискоалергени, ретко се појавува алергија и да појави на првото давање ќе појави
По 2 дена воведував намирница. Сега да сум со овој памет, за зеленчукот и овошјето само 1 ден би воведувала. Инаку 3 дена не ти препорачувам за воведување вкус, дека така додека да пробате ехеее.
Боровинки ми рекоа сега на 7м да воведам, а малини кога ќе испаднат свежи. Исто и за јагоди свежи кога ќе испаднат