На инстаграм (kidfriendly.meals) имаше ставено оброк сардина, авокадо и киноа, ми изгледаше добро, си го зачував. На 1 декември 2025 е објавен reel-от, ако сакаш да го ѕирнеш Само мене вчера баш ми текна дека сардините се солени, а нели до годинка не се препорачува сол. Не знам дали има несолена сардина во конзерва? Читам еве сега може да се плакне за да се намали содржината на сол, ама тоа пак ќе е солено
Е така немој да се зезнеш ко мене со инста тука да постираш хахаха Најдов една со 0,60 gr сол ама секако нема цела да ја ставам само мало парче плус ете мешано со други состојки. Ептен мала количина ќе е, секако не може во целост да се изземе, и леб даваме и тоа е со сол малку.
Имав еднаш видено за инстаграм дека со се име излегува кога ќе се стави линк, затоа не ставив Во право си инаку, сабајлево читав и други викаат не е страшно. Здравје, ќе дадам и јас. Инаку јас скроз панично настапувам со солта... А што е најјако бабите никако не можат да прифатат дека нема да даваме сол, ќе биде интересно кога ќе почнеме со храната Често ми излегува дека сардина е многу добра храна за бебе, дека е богата со омега 3, протеини, железо, витамин Д. Од конзерва ја даваат сите на видеава. Од тоа што гледав и читав ми изгледа океј
Сардината е корисна ама не конзервирана, општо конзервирана храна не се дава на бебе оти има многу сол, зачини и конзерванси, поготово риба. Свежа да ама конзерва јас со шубе јадам камоли на бебе
Еве пишаа дека нашле со 0.6гр сол конзерва, што е сосем океј. Ако ти е шубе не давај воопшто, во ред е и тоа.
Тоа да ти дадам број од педијатар Маргарита во Плодност прашај ја Инаку и вчера на вакцина на здраво исто ми рекоја три оброци на 7 месеци можи, јас вчера прв пат вечера дадов, 7 и пол сме, ваљда повеќе знаат од инстаграмџивките, сепак докторки се
Јас ќе ти дадам број од педијатар во Систина што вика вода да се дава на 3 месеци, дека педијатрите кај нас па многу се со времето
ништо нема да му биде, колку ќе дадеш па ти, сигурно нема цела конзерва, слободно дај му, не се замарај
Солта не е толку страшна и пред годинка, не е муабетот дека не смееш грам сол да дадеш. 100 пати и имав дадено да проба од нешто, ама некое залче, или како во случајов со сардината, ти ќе ставиш мала количина и нема да имаш ни 0.06 грама сол во јадењето. А риба секако е добро да се дава - што порано, тоа подобро Јас сардина конкретно не дадов (немам посебна причина зошто), ама давав туна од конзервираните, и секако плус неконзервирана риба како ослиќ, лосос, пастрмка имам дадено. Прикачив слика што вика Solid starts за солта ЕДИТ: За конзервирана риба јас само би кажала да гледате да е произведена во земја во ЕУ, јас барем се водам по тоа што сметам дека има подобри регулативи, барем јас така си замислувам
И тоа шо викаш, за некои работи и самата мајка треба да си одлучи што најдобро за бебе оти десет педијатри да прашаш десет различно ќе ти кажат, истото и за водата.
Девојки, бебе е 6месеци и три дена. До сега има пробано банана, јаболко, круша, морков, компир, сладок компир, тиквичка и гриз со банана од ноќните кашички на Хип. Водичка му дадов неколку пати по една-две лажички. Како да продолжам количински, кога да почнам со доручек? Сабајле цица околу 6:30-7:00 кога се буди и после околу 8-8:30 му давам да касне ама тоа е некако се по малку. Вториот и третиот ден од новата намирница ѓу давам колку сака ама сепак мислам како малку е..?
Сега колку даваш количински? Ако даваш 50г, ќе зголемиш на 100г, па на 150г постепено ќе зголемуваш. Од 100-150г за почеток оброк, така ми препорача педијатарот. Потоа на 7-8 месеци ќе зголемиш од 180-200г, зависи и од бебе колку ќе јаде.
Јас секогаш давав додека отвара уста. Никогаш не мерев колку грама изело. И сеуште така правам ако сака јаде ако не самото покажува кога му е доста или ќе врти со главата или ќе ја бутка лажичката или ќе запечати уста.
Па реално вака е поприродно вањда. Со првото правев така, сега не дека мерам ама после пола кашичка ми е страв да продолжам а отвара уста. Да не е рано си викам за доручек
Бебето ми е во фаза кај што не сака седнато да јади, мислам тој си отвора уста ама брбла како да го боли нешто и додека пробував на сите начини деновиве, простум, во дубаче, во скут, денес го чучнав на маса и така јадевме, ни глас не пушти