Да скроз од почеток така правев. Ама повеќе од 3-4 лажички на почеток не ни сакаше. Повеќе си играше со храната интересно и беше.
Мајки дали има овде бебенца нејадачи како моето? Првите две недели супер си пробуваше сакаше да јаде, отвараше уста, сега недела ипол не сака да јаде ништо. Едвај така помалку и тоа со ,,молење"... беше настината дали можеби е од тоа што ми одбива. Некои типс енд трикс да кажете или барем да ме утешете НЕЈАДАЧИВЕ кога се разјадоа? Ептен сум очајна, со син ми немав никогаш проблем за јадење.. 6++ е бебка
и јас немав со првата ќерка, се што ќе и направев јадеше, малово е 7 месеци, исто ништо не јаде, освен авокадо чекам да споделат трикови
И јас се придружувам на оваа група за совет. Едвај на скокање и глупирање ќе отвори усте. А па само да јаде не можам да замислам хаха
Јас постепено зголемував количина моето имаше грчеви и одев постепено, од 50г, па неколку дена 70г, потоа неколку дена 100гр додека не стигнав до 180-200гр. Јас мерам колку давам, моево не знае за доста, никогаш досега ни за млеко, ни за храна, секогаш плаче за уште, секое јадење го завршуваме со плачка за уште, а јаде солидна количина.
Ни на глупирање веќе не отвара уста, се смее со затворена. Прво ми јадеше месо, сега одма отвара уста да проба, се гади и толку е хаха Некогаш ќе изеде по 200 грама, некогаш едвај 60. Иначе сме 9 месеци
И јас му мерам од таа причина оти колку му даваш толку јаде и на крај вришти по уште. Појадок и вечера му се 190-200г,ручек обично околу 200-250 и повеќе не давам оти додекс има ќе јаде
Мојов не зинува 2 недели веќе. До сега само банана шматаше, и тоа една блага убиство, јас тоа не можам да го јадам. Да им текне на господата треба да чекаме изгледа. Мајмун глумам, џабе. Повеќе од 2 3 лажички не успевам да му пикнам, ама не форсирам уште имам надеж, 6 ќе прави следна недела, имаме време до оброк.
Мојава 2 недели супер си прифаќаше.. сеа нз што и стана ама ме утепа значи, само правам фрлам. И што е најјако ни купечките веќе не ги сака. Батко и на 6 ипол месеци лапаше за двајца а исто и двајцата се доени бебиња..
еве мојата јас да се пријавам.... на секое јадење она главата настрана муцето затворено писка ... на крај сега финта ми е ја седнувам во хранилка и играчките што свират и светкаат едно по едно па така некако се залажува и јаде.
Да не ве цитирам сите, ќе пројадат кога тогаш. Мојава после 9 пројаде асално кога почнав баш со парчиња и храна поблиска со тоа ние што јадеме + и намалив денски подои. Сега е пребирлива ама стварите што ги сака со сласт се џапа да ги јаде
Еве 9 м е еден период со шмукалчиња се лажевме сеа и нив ги неќе Цица сабајле 7:30 ,околу 10 после неуспешен втор обид за јадење,првиот е во 9/9:30. Потоа пак во 15 ч исто после 2 неуспешни обиди за јадење едниот во 13 ч другиот во 14:30. Потоа накај 18 ч исто после неуспешен обид за јадење и вечер во 21 ч пред спиење. Ноќе можеби еднаш се буди да цица. Јас стварно не знам шо да направам,пробав и наше јадење да и давам не бе...
Да не се преблиску оброците со млекцето, мојот така протестира и Да не е рано измеѓу млекото и оброкот ? Јас така имам приметено ако нема 3 часа поминато од млекото ми ржи додека го ранам
Па не е рано од 7:30 последно цицање до 9:30 имаме 2 часа ,тој го одбива не нудам цице ,во 10:15 пробувам пак одбива па 10:30 веќе ме влече по блуза и кенка за цице...
Мене не ми јадеше на почетокот со млеко наутро и мн го намали. Па ако се разбуди кај 6 ипол, јаде во 8 прво јадење. Без млеко измеѓу. После ручек 12, млеко во 2 па вечера во 5 па млеко пред спиење. Значи само две млека.Пробај сабајле да не дадеш млеко, и нека е гладно за јадење.