Така направив денес. Прво две лажички овесна каша на Холле, денес воведов овес, и потоа продолжив јаболче кашичка изеде околу 50-60г ама плачки по уште. Утре ќе дадам овес повеќе па може ќњ го засити. Фала ти
Кога воведувате свинско месо, мелено свинско со јунешко? Ќерка ми ма 11 месеци до сега само телешко, мисиркино и пилешко имам давано. Имам една табела пишува од 10-12 месеци може да се воведе
Плескавички од киноа, батат и путер еднаш правев според некоја рецепта по нет ама не можам да ја најдам сега. Ништо посебно пола пола сооднос варени киноа и батат(пасиран), малку растопен путер и соединети како плескавички па печени/пржени. Една од поретките верзии на киноа што ја јадеше
Kakov jogurt i davate nie sme 7ipol meseci pocnavme so grcki no ne saka dali smeam bitolski ili drug vid
Вчера за вечера и дадов палента, урда и јогурт.. ручкаше па почна да негодува и на крај таков млаз поврати што животот ми го скрати. И дојде да поврати па се засркна од што се исплаши.. не и ја давам прв пат оваа комбинација... баш ме радуваше што ја сака
Здраво, Уште малку ќе правиме 6м и веќе сме почнати со вкусови. До сега имаат пробано јаболка,круша,банана,тиква,батат,брокула,тиквичка,морков,компир,просо со банана и овесни со јаболко. Што друго можам да им дадам и од кога можам да им давам втор оброк. Ве читав дека има некоја табела за во кој месец што можат да јадат ако можете споделете ми ја.
Јас мајка не се водам по табела. Кај мене др. кажа дека според новите истражувања и мислења после 6м може да се дава се со некои исклучоци како риба, јатки и слично. Ние на 6м вклучивме житарки, глутен, месо. На 7 дадов и млечни и јајце. На 5.5 месеци имавме ручек, на 6+ вечера и од 7.5 имаме и појадок еве веќе 2 недели по препорака на педијатар. Моето дете е јадач, си има и тежина и само цицање веќе не го задоволува. Само ги внесував постепено за да не му дојде тешко и премногу на мешето. Секако еден нов вкус за секој случај. Ама ако сакаш по табела имаше некои членки што ги имаат па нека ти ги пуштат
Исто и ние. Почнавме недела дена пред да направи 6. Со зеленчук и овошје. За месец ги воведов сите главни алергени без проблем. Нормално по малку и со пазење
Ги користи некој кашичкиве од белина? Немам како да прочитам состав онлајн ги гледам и во зегин ги имаат
Ќерка ептен ги сакаше ова пред 1,5-2 години. На Белина на страната се пишани состојки, подолу во текстот Пример ова
Здраво мајки, ме интересира дали се добри кашичките на babylove и dm bio? Секако дека најдобро е домашно , но некогаш мора и купечки да јаде