Француски магдонос и шпански грашок па ова било луксузи хахаха ќе и купам баш дали ќе ги сака за понекогаш ми се здосадија хип и baby love вкусовиве а ги користам два три пати неделно
Само ексклузивно за нашиве деца Инаку не е репер моево оти се јаде ама стварно ептен ги сакаше овие. Посебно тие со спанаќ и сирење или мислам со тиквица и сирење нешто така имаше комбинација. Одамна не сум видела и како има.
Топ се, додуша мојот се јади не е репер за убавини хахахах. Цената наспроти хип е огромна а органски се и тие и добар состав имаат, мојот на пример повеќе ги јади тие од дм отколку хип. Повеќе ги сака јас што му го готвам, лунгурини шлакутници
Исто, давам три оброци и некогаш мислам дека мене ќе ме изеде, а не е дебело бебе ич ама во должина многу става мојот. Некогаш ќе ми ржи тешко ќе му дојде, сака пауза да направи додека јади да подригни и продолжува без проблем. Нема досега храна одбиено, воведивме и глутен и жолчка и месо и млечни, со крка машала
Јас ги земав од Зегин како нај ок ми делуваа органски и со сертификати за почеток за воведување вкусови па сега за понатаму за готвење ќе барам намирници од некој по селата ако најдам не е се уште сезона не знам што би нашла
Мајки имате ли рецепт за лепче од пченично брашно. Денеска направив ама катастрофа излезе. @MariaBouli мислам ми имаше пишано дека даваш од Жито лукс, од кое поточно има повеќе видови.
900г брашно, 600 млака вода, 1квасец, пола лаж шеќер и пола сол. Две три лажички маслиново. Во робот ставам, меша. Расте еднаш. Печам 35-40 мин. на 200. Ми излегуваат 3 леба. Сите од тој јадеме. После годинка може и цело лаж. сол и шеќер. Не се осеќа мн брашно е.
Од месо само телешко и давам, е сега сакам веќе и пилешко и мисиркино да почнам, пошо неам идеи, од каде зимате мисиркино и пилешко какво давате? Исто грашок уште и неам дадено, затоа што знам дека со првото кога ќе го изблендирав остануваа лушпи, а да и дадам цел грашок нема сигурно да ми јаде, ориз пробав, правеше цело време фаци како да се дави, што правите со лушпите?
Мисиркино немам сеуште дадено, не сум ни прашала дали има од маркетов кадешто набавувам пилешко(Супер Кит-Го). Пилешко земам на Перутина свежо, едвај успеав да најдам, верувам дека во Скопје може да се најде секаде по големите маркети. Грашокот го пасирам и ги вадам лушпите.
Јас блендирам грашок, не ми остануваат воопшто лушпи. Да пробаш со друг блендер? мисиркино земам од месарница Андреа во Тафталиџе
Врашокот преварен го правам и со виљушка стиснат скроз испасиран … ама нема мојава гаг на лушпи и парченца си јаде. Не блендирав ништо освен месо на почеток и така тераме. Мисиркино и пилешко свежо од веро. Пробај превари го скроз грашакот најмек скоро распаднат да видиш дали ќе го прифати
@Baby warrior ај ќе пробам ќе го преварам, мојава кај ништо не јаде, не знам како ќе стигнеме ние до парченца @Marijanche33 па што знам може да е до блендерот, имам рачен не е нешто сјаен, ама малце се користи, а и ние нешто не користиме па да ми текнало да купам друг имам едно сецко може да пробам во него
Јас грашокот го потопувам во топла вода и зрнце по зрнце им ја вадам лушпата( ко терапија ми е ). Брзо се и лесно си испаѓа цело зрнце и после варам заедно со останатиот зеленчук и си јаде
Од кога воведовме црвста исхрана често имаме проблем со запек. Пробиотик цело време давам, вода многу слабо пие. Често давам слива круша, но пак мака имаме. Дали со чај да пробам некаков. До сега нема пиено. И од шише не сака да пие па не знам како би го дала.
Јас на мојата и давав бода од стаклена чаша. Ја држев и и давав да пие. Од шише немаше шанси. Сега и купив шише со клунче од дм и и требаше ден два ама се научи сега од него да пие. Кај неа многу помага и јогурт, кисело млеко често за редовна столица.
Од чаша и јас и давам ама ептен малку пие. Со сламка знае да пие, ама еднаш ќе потегли и толку не сака. Ќе пробам со чаша со клунче. Фала ти. А инаку не сум забалежа од млечните производи дека и одговара за столицата. Валјда различно кај секој делува.
Шише во ДМ имаш со цефка. Мојата на тоа се научи и си пиеше и уште пие од такво. Брзо ќе научи од тоа.