Кое котиџ сирење им ги давате на бенушките? Ова шо го купив ок е или друго некое? Ова е си сол, конзерванси....
Немам видено друго кај нас јас. Може има малку сол во составот нз, ама не се осеќа на вкус. И тој конзерванс што го има не е штетен, имам проверувано на апликација .
Јас котиџ немам земено, земав на президент младо сирење го бендиса и последно дома му направив истоо многу го бендиса, па почесто ќе му правам
Земав пред некој ден мислејќи дека се со поголемки парчиња, ама испадна дека е баш блендирана каша со тек тук топчиња тестена. Мислам некако наполитанска тестенина беше називот. Од купечките од дм со пилешко месо и зеленчук 12+ многу ја бендиса, а и мене ми изгледаше доста вкусно. Шмукалчињата ги земам, има интересни комбинации иако Холле ми се поинтересни.
Мојот бебуш ако не е благичко не сака ни да јаде. Грчки јогурт +палента не јаде освен ако додадам овошна каша. И урдата нема да ја сака ама пак нелзе со ништо благо нема да можам да ја искомбинирам
иста е и мојата скоро во секој доручек ставам некое тркалце банана за да и биде благо, а во ручек сладок компир, иначе еднаш пробав да и дадам палента со грчки јогурт, абе устата стисната ја држеше и не отвори за второ залче морам да смилувам некои комбинации шо и се јадливи иначе се завршува во канта
Пробав да воведам млечни, дадов грчки јогурт со палента бебе една лажичка и тргна да повраќа му се гади. Пробав само јогурт исто, кисело млеко исто му се гади. Незнам ни дали сум вовела не сака повише од лажичка. Незнам како да искомбинирам. И грчки со житарици и овошје не сака. Не се сеќавам за првото дете ама знам едно време само кисело млеко јадеше со све Дури ако не сакаше ручек додавав кисело млеко да го јаде. Ова не сака 7 ипол месеци е. Како реагираа вашите бебиња прв пат кога дадовте јогурт. Која комбинација највише ја сакаат ?
исто и мојата така реагираше, кисело и е колку што можам да заклучам јас и направив грчки јогурт со банана и авокадо мав го направи, така го јаде како овошно јогуртче му доаѓа
Уште едно прашање, дали давате месо и јајце во исто ден, или кога давате јајце не давате месо, денеска дадов прв пат пола жолчка. Сега се мислам за ручек дали да ставам и мевце (телешко) или посна каша да дадам ?