На мисла сум да пробам да му дадам месо +батат+ каша од јаболка. Чат Џипити ми ја даде таа идеа, ама мене ми е некако шубе. Јадеше скоро месец дена месе а сега ни месо ни батат сака нити пак во комбинација со ориз и тиква.
Дали некоја користела? Готви на пареа одмрзнува бленда, се мислам дали вреди и колку би го користела. Help
Јас имам другарка го зема ама мислам дека многу малку го искористи. На почетокот кога му спремаше, после почна со гмечење и пасирање и толку. Се мислев и јас да земам, ама си реков само парите ќе си ги дадам имсм дома се што ми треба за истата функција. Не блендирам веќе секако и не го земав.
Бебето е скоро 9 месеци, претходно се си јадеше, 3 оброци, по 170, 180 грама од оброк, но овие две недели многу малку, дали 70 грама по оброк и тоа со молење. На блендирана храна е, пробав и парчиња но не сака ни тоа, само шмукалчињата ги сака. Дали е некоја фаза? Сега го извади горното предно запче, и другото се гледа дека ќе пукне кај и да е. Совет?
Бебе 4++ почнавме со вкусови со зеленчук прво од препорака на педијатар кога ќе се заврши со зеленчук може да се мешаат или да продолжам со овошје
Н Не мораш ни еден по еден зеленчуците да ги даваш. Ако денес си дала морков, утре можеш морков и тиквичка на пример комбинирано.
И моето е речиси 9 месеци и ја имаме истата проблематика. Се јадеше,а веќе повеќе од една недела одбива храна или јаде помалку количински. Исто вади запче па препишувам на тоа...периоди.
И моево исто ама за ручек така ми прави. Сабајле ќе изеде околу 150-200 грама, за ручек 60-70 грама.. му излегуваат и него запчиња, ама ако е само до тоа и сабајле немаше да јади
Се надевам дека е период и дека за скоро ќе си се врати у нормала. Сега сака само да цица. Наредната недела и во градинка почнува, таму нема да ја молат како јас дома со саати што ја молам. Башка и јас изгубив апетит од што ја гледам ваква.
Јас никако апетит да изгубам ама е доста нервозно кога не јади. Мисли се што да направиш, спремај и на крај фрлај.. почнав месо кога му давам, да му ја правам потечна кашата и така повеќе јаде
Предложете ми некој блендер за приготвување на бебешка храна. Имало такви на пареа што готват, блендираат и автоматски се исклучувал.
Од кога коведувате ужина и како се комбинира со млеково некако не ми е јасно. Ке треба да го тргнам тоа измеѓу доручек и ручек? Ние стануваме и почнуваме млеко, доручек, млеко, ручек, вечера и пред спиење пак млеко. По грамажа и не јаде нешто многу па и почна да прибира госпоѓицата.10 лажички и почнува да се бунтува ете и она е тука околу 9ти месец претпоставувам период им е. Со парченца сме скарани, исклучиво само ситно пасирано. @Merten @Mammamia16 @katerina.femina 9++ сме а и конечно се гледаат како почнале да излегуваат двете забчиња доле. До сега сме без ниедно
Едно глупаво прашање, не сум сигурна дали ве разбирам добро: која е разликата меѓу пасирано и блендирано?
Пасираш со виљушка, блендираш со машина(блендер). Пасираното има текстира колку толку, блендираното е мазно.
Девојки понеделник планирам да почниме со исхрана, бебе ќе е 5+++. Вака планирам да изгледа неделата Понеделник: компир Вторник: компир Среда: тиквичка Четврток: тиквичка Петок: брокула Сабота: брокула со тиквичка Недела: авокадо или купечка кашичка од тиква Понеделник: авокадо или купечка кашичка од тиква. Проблем ми е понеделникот, затоа што нема да сме дома, авокадото ќе можам да го испасирам набрзина со вилушка или да дадам готова кашичка од тиква. Искрено повеќе сум за опција авокадо отколку да давам готова каша, што мислите вие?
Можеш и по еден ден да пробуваш вкус, немаш потреба по два. Испасирај го авокадото и земи си со себе.
Кога почнавте со парчиња и што дадовте прво и како? Бебе е 8 месеци сакам да почнам со псрчиња амаа не знам што да давам