Зачини можеш секакви, освен вегета што има многу сол. Кашлавал давам гауда или едамер, сирење после годинка почнав да давам најобично од тоа што го имаме дома, претходно не сум давала затоа што јадела други млечни производи.
Мајки од кое просо и киноа земате? Ние веќе втора недела тераме со исхранава, моево бебе јаде додека му давам. Прашањето ми е дали иако пробуваме намирници можам да му давам повеќе од само неколку лажици
https://muppetkids.com/products/6-d...epEp83L_81HC7_NU3Fwe4d0nm9Qzf_WmCLELHh1vauYV1 Ваква чашка (не е од Мапет мојата ама таква е слична). По некое време се надевам да научи сам да пие, ама ќе видиме во реалноста како ќе оди Јас немам дадено просо и киноа, и мене ме интересира од кои. Си викам од дм се добри дека био А инаку за хранењето мислам дека мислењата се поделени. Некои од старт даваат колку сака бебе, некои по неколку лажички. Валјда секој како ќе си одлучи... моево бебе од некои храни ни 2 лажички не сака, плука. Не форсирав. Пред некој ден грашок со морков му дадов, му се бендиса, јадеше, па му дадов може 4-5 лажички.
Јас му давав во ваква силиконска ама со цевка, а некогаш и од чавче за ракија ама лом беше, жива вода, повеќе вода на него отколку испиена. Иначе јас имам просо и киноа од ДМ земено и палента зедов од таму еднаш ама е покрупна, од Зегин ми е поубава. Просо му правам почесто, а киноа многу ретко
Просо има инстант од дм исто (со јаболко и праска плус). Инаку имам и просо и киноа од дм ама налет варење, тоа просото не знам да го правам. Инаку јас првите намирници му давав по 2 дена, првиот ден 2 3 лажички, после колку изеде, ама не јадел многу секако. Тогаш се учат на почетокот. Откако има оброк секоја намирница по 1 ден, освен ако е алерген па повеќе пазам и 2 дена давам.
Просо и киноа од ДМ. Јас само за првата намирница (јаболко) му броев лажички, после кога требаше втора да воведам (морков), му дадов првиот ден јаболко со малку морков, па следниот со повеќе морков и така за секоја наредна му правев комбинација со некоја претходна, само пазев на количината на таа што се воведува. Му давав да јаде колку што сака, на почетокот тоа секако беше 10тина лажички и додека да стигнеме до оброк (после месец од прилика) веќе јадеше од прилика по 100-120 г.
А како се 'официјализира' оброк, кога ќе споиме со житарка или да е ем споено, ем количински да почне бебе повеќе да јаде?
Ехо, каква е таа селиконска чашка, те молам ако можеш пушти ми слика. Јас му давам водичка од шишето да пие, но незнам зошто кога пие вода се засркнува и буквално од памет ме вади Пробав и со други шишиња но џабе, од сите се засркнува кога пие вода.
И споено и количински, мислам дека препораката беше некои 120-150 г за почеток, а до 8 месеци да се стигне околу 200г од оброк. Односот за појадок е 2/3 овошје, 1/3 житарка. Јас искрено не мерам точно, неколку пати измерив чисто за да имам осет колку е. Го оставам да јаде колку сака, па ако не изеде доволно количински следното млеко му е малку порано.
https://muppetkids.com/products/6-d...sepEp83L_81HC7_NU3Fwe4d0nm9Qzf_WmCLELHh1vauYV Слична како оваа е, само мојата не е од Мапет. На повеќе места имам видено, ако не се лажам денес во Локо Кроко видов силиконски сет, мислам дека имаше и чашка (ама не сум 100% сигурна...). Инаку за засркнувањето, јас со оваа полека му давам, полека ја кревам чашката што се вели како да лижне, го пратам малку да голтне, спуштам чаша па давам пак, и досега не ми се засркнал.
Ајјј браво Јас денес пробав со лажиче да му дадам водичка, но исто не пие, плука ја ајде здравје ќе пробам и со чаша. Фала ти
Јас и за нас и за неа си купувам од фарма четирце, прееекрасни путери жената прави, од мене препорака Само сникерсот е со мед мешан сите други се природни без шеќери и засладувачи.
Несолена урда имам најдено само на зелен пазар, точно од каде ќе те излажам зашто свекро ми ми ја зема, ама по продавници не најдов
Го има ли некој овој бебе готвач? Ме интересира дали е добар https://m.tehnomarket.com.mk/product/29392062/iskra-mc800b-blender
Бебка не сака никаква кашеста текстура. Одма почнува да и се гади да прави фаци. Значи ниту супа, ниту гриз, овесена каша. Леќата и ја правам скроз густа, чорби други исто. Како да и дадам храна на "лажица"? Што да пробам, зашто знам дека е стварно убаво да јаде и така потечна храна.
Сите прашуваат како парчиња да им дадат ти каша хахахахха. Кај мојата пали ако она држи нешто во рачето некое парче/ смока/бисквита/лажичка а јас и давам супа/кажа/манџиче
Истата мака и јас ја имам, само нешто со кисело млеко и грчки јогурт ми проаѓа на лажица инаку ми затвара уста. Во градинка демек им јаде и манџи а мене дома ми се глупира. Инакуу јас и друга мака имам, детево мое не сака зеленчук. Пробав да и дадам месо/риба со зеленчук во неколку варијанти (на парчиња различни комбинации) со зачини, со маслиново, печено, стварно вкусно (дури и мм што се мршти на зеленчук го бендиса) и џабе не сакаше да јаде, само месото и рибата си ги јадеше а зеленчукот го пробуваше и плукаше. Цела на татко и значии леле. Зеленчук успевам да и увалам само во мафини и палачинки
За грчкиот јогурт мислам со кал да и го дадам ќе го изеде абе сеее јаде со грчки јогурт. Олимпус спонзорство треба да ми пуштат колку кутии има изедено