Јас уште давам од овие инстант житарките, полесно ми е за подготовка и ги обожава беба, секој ден давам, нема зијан така ?
И мојава ненаситна е по јагодите ама ако претера знае да се исфрли малце на пеленска регија така да имај го тоа на ум
Јас сеуште немам дадено јагоди, имам домашни насадени, уште не се стасани, кога ќе созреат ќе и дадам.
Како правите интегрално лепче за бебе? Ставив само интегрално пченкарно брашно со вода и квасец и како мокар песок ми испадна тестото
Нешто во соодносот со мерките си утнала немам рецепт точен јас по око правам ама погустичко да е, јас користам брашно на био космос
Бебе вчера направи 9 месеци, дали може да и купам сардини во конзерва во маслиново да пробам дали ќе јаде? Уште не сака парчиња само каши... леб неќе грчки јогурт неќе кидело млеко неќе ништо такво неќе... палента мрази Јас не знаам више што да и давам Денес сакам да сварам макарони во домашен доматен сос да пробам дали ќе јаде сама
Ако не сака уште парченца некако не ми е да и нудиш риба сардина почни со варен сладок компир или бананче во рака или јаболче нешто што ќе може да го осети вкусот па да почне со рачињата да си става сама. Јас риба дадов сега на 11месеци и некако ми беше последна на листа од се
Ако не ти јаде од гореспоменативе работи сардина па ич, смрди корне таа сардината не знам како им даваат на бебиња. Плус не е баш најчиста риба во конзерви. Дај лосос ако планираш риба.
Она смоки јаде бидквитчиња јагода банана диња си држи у рака си јаде ама вака друго што ќе направам не сака фрла по земја... сеа и правев максрони со доматен сос сите на земја отидос дали две парчиња стави во уста..