Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Јас и дадов обичен сварен во вода изблендиран со тиквичка и морков.
     
  2. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    4.592
    Пол:
    Женски
    @hannybanny @MariaBouli @Baby warrior периодов се и сешто се изнагледав баш. Реални ми се некои работи ама не и се што ќе видам. Ама за некои баш се замислив, жолчка од јајце е алерген а сега читам требало да му се дава од почеток итн. Исто не знам страв ми е ако му дадам цело парче краставица да не проба да го голтне наеднаш па да направи проблем. Во суштина не е добро цело време пасирано заради развој на вилицата, ама ќе мора и тоа некогаш да му се даде.
    Плус и зависи што ќе сака самото бебе, некои едноставно самите не сакаат пасирано, некои сакаат само такво. Целта ми е да не го навикнам само на пасирано па да неќе да џвака, ама веројатно и тоа не оди толку лесно.
    За скробот делумно ми има поента, зашто се јаглени хидрати и не би форсирала премногу, плус дека сега жирариците во најголем процент се гмо. Или би била ептен селективна од каде ќе купам.
    Мешунки дефинитивно би дала, особено леќа зашто има железо.
     
  3. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам дека си преплавена со информации и знам дека е тешко да се одлучиш точно што ќе прифатиш и следиш од сите тие информации. Само сакав да ти кажам дека почетокот може да изгледа похаотичен, ама брзо ќе се уходаш, верувај, ќе видиш и бебе како ќе преферира па ќе најдеш начин што функционира за двајцата. А и не мора се да биде црно или бело, можеш да си комбинираш и пасирано и парчиња. Во однос на давањето парчиња, може веќе си видела ама на солид стартс за секоја намирница има начин како треба да е подготвена и сервирана според возраста. Ќе си изгледаш некое видео за разлика меѓу choking и gagging и you are good to go.
    Исто, за жолчката сакав да дополнам, освен што е алерген, исто е и извор на железо, па затоа и се повеќето препораки да се дава порано.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Во глобала оној списокот за воведување намирници веќе не важи туку требало да се даде се во периодот од 4 до 6 месеци ако добро разбрав колку порано проба толку се помали шансите за алергии. Јас имам анксиозност и онака и реков веќе апсолутно ништо не читам (стално нешто прашувам во паника низ форумов може сте ме читале од што читам и гледам се и свашта). Исто и за храната ако навлезам стварно не знам што ќе и давам да јаде пошто се е гмо и секаде е загадено кај нас.
    Дури и своја нива да имаш или двор пак не знаеш дали ќе е здраво. За парчиња знам дека мора инаку покасно ќе имам проблем со јадењето. Ќе видам тоа со анксиозноста како ќе го изведам без да си замислам црно сценарио.:rofl:
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    3.196
    Пол:
    Женски
    Новите препораки за алергени се што порано, односно веќе од 6 месеци кога ќе се почне со немлечна исхрана. Освен ако нема индикации за чекање, иако и во такви случаеви пак се порепорачува порано, ама многу повнимателно.

    Парче краставица бебе не може да скрши за да голте (знам, зашто сум давала), а останатите работи се даваат меки и соодветни за возраста - како што ти пишаа погоре имаш се убаво објаснето на Солид стартс.

    А секако дека нема да даваш само парчиња, сум давала пасирана банана со јогурт, сум давала течни манџи со лажица, ама ако требало да јаде само банана, сум давала парче. Затоа што колку порано учат, толку подобри јадачи ќе бидат (во смисла на вештина). Инаку имаат страшно добар гаг рефлекс што шансите да се задави од парче се помали отколку од рандом мала играчка или предметче што ќе го најде на земја.

    А според мене, ова е мое мислење, бебе на 6 месеци не знае дали сака пасирано или парче, тоа прв пат се среќава со храна. Може да е заинтересирано или незаинтерано да јаде, а во кој формат зависи од тоа што ние ќе решиме
     
    На Peperutce6, Mila0000, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, денес дадов жолчка на бебе, и некаде по пола час ми поврати (а ретко повраќа)... Ви се десило?
    Не знам дали погрешив што ја измешав жолчката со млеко (мое, молзено). Дојде како кашичка и му дадов неколку пати на врвот од лажичката (од оние силиконските од ДМ, сам да јаде). Вкупно помалце од 1 полна лажичка му се собра. 'Рецептов' на интернет го прочитав и ми изгледаше супер, ама сега си викам да не требаше со палента или нешто друго. Како давате вие?
    Јас така паничам, и стандард секогаш вакви работи ќе ми се исподешаваат да паничам уште повеќе... (facepalm) Не знам сега како да продолжам, мислев да направам ден, два пауза па да дадам пак. Дали во меѓувреме да давам друго или скроз да паузирам со нови вкусови?
    Бебе е 6.5 месеци инаку.
     
  7. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Д ане била голема количина? Мојата ќерка имаше проблем со жолчка кога ја наголемив накај четвртина. Повраќаше секој пат, па ја паузиравме скоро месец и пак пробавме со трошки прво, па осмина неколку пати, па четвртина неколку пати итн. Некои немаат гајле со цело јајце, некои реагираат и им треба подоцна да им се воведе и полека. Не толерираше и други храни, до 3 год ги надрасна сите и нема проблеми. Ама за јајцето конкретно ни требаше повеќе од година да се олабавиме да не се грижиме и да нема веќе никакви реакции.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот.
    Не беше голема количина, ама може многу му дојде пак... јас некаде четвртина жолчка изгмечив па после додадов млеко за да дојде ко кашичка течно и хомогено, а од тоа повеќе од пола остана. Немаше ни количина колку за 1 полна лажичка... ама ќе пробам уште еднаш со помалку.
    Инаку и бебе веќе има алергија на кравји протеин, и јас многу паничам дека веќе има покажано нетолеранција :( Ќе пробам ептен пополека
     
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    3.196
    Пол:
    Женски
    За некои деца жолчката знае да биде тешка на стомак, па априпо и да повраќаат. Кога почнав со храна ова беше единственото нешто што ми го спомна матичната. Така да не мора да значи дека се работи за алергија. Пробај пак за некој ден со уште помала количина, можеш и да ја измешаш со нешто што имаш веќе воведено :)
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Кај нас за друга храна и кај други деца што знам за млечни производи, нетолеранцијата ја надминале со растењето. И да има, не значи дека цел живот ќе има проблем. Затоа и избегаваат алерготестови пред 3 год.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    5.187
    Пол:
    Женски
    Дали можам да давам цекин/перутнина месо на дете 13 месеци? До сега давам само бејби буф и холе пилешко.
    Исто од месарница андреа дали е ок месото и што давате од таму?
     
  12. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Мајки тарана од колку месеци давате? 9 сме ние, има пробано цело јајце, имам домашна тарана па не се сеќавам со син ми од колку почнавме..
     
  13. Pinkywinky

    Pinkywinky Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2024
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Мајки од кашата што сум направила повеќе може да се стави во фрижидер и утре ден да се даде?
     
  14. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    5.592
    Жолчка не е алерген, белката е таа што може да направи алергија односно протеините што ги содржи затоа е многу битно јајцето да е тврдо варено.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Од колку месеци воведовте оброк? Само што наполни бебе 6 месеци матичната веќе вика за недела дена може да воведеме и доручек и ручек. На адаптирано млеко е само.
    Проба доста вкусови и кратко време има само ручек.
     
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    7.134
    Пол:
    Женски
    Мн повероватно е дека му дошло непознато и тешко на желудничето отколку да е алергија почекај една недела па ќе дадеш пак. Ја прво дадов четвртинка за некој ден половина па наредната недела и цела жолчка. Со палента ја давав на почеток и грчки јогурт
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    9.069
    Пол:
    Женски
    Јас од 6 до 8 воведував оброци ( 6 доручек, 7 ручек и 8 вечера ) ама искрено поради детето затоа што е многу тежок за јадење, све лом прави и мора циркуз да правиме дома за да јаде. Не сака во хранилка и не сака лигавче.. А сега гледам препорачуваат и побрзо да се воведуваат, ама сепак ти си го гледаш детето. Моето од 6 месеци е само на ад исто.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Дадов уште еднаш, супер помина овој пат. Само сега ќе треба да зголемам на количината.
    Да те прашам, дека спомна цела жолчка, дали тоа значи дека ја изеде целата жолчка заедно со палентата, или ја спремаш целата па колку јаде јаде? Глупо е прашањево ама баш сум читала за истово и не ми е баш најјасно дали треба баш цела жолчка да ја изеде, или се кажува така за во смисла да не се пази веќе на количината што се дава на бебе
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Инаку на тема јадење бебево мое е нејадач и многу се нервирам :(
    Еве 1 месец од како почнавме со вкусови, мислам далеку сме од оброк оти едвај неколку лажички јаде и тоа од оние силиконските од ДМ, што не се ни нормални полни лажички. Нормални ни 2 лажички мислам не му се собираат. Почнува да турка со рачето, да се мршти, затвора уста, и крајно вреска. Се познава дека нејќе, и не сакам многу да го форсирам. Од тоа што има пробано ништо не сака особено... :doh:
     
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.290
    Допаѓања:
    27.585
    Пол:
    Женски
    Мојава беше иста. Она пустата сакала парче , да џвака.
    Асално почна да јаде околу 1 година негде.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.