Јас ептен се потресувам, ми ставија стравови крвта ќе му ослабнела, не му било доволно само млеко веќе на оваа возраст, морало да јаде... кај вас си беше сè тоа океј?
Не сум и правела крвни слики. А имаат период кога природно им се менува крвта и им опаѓа малце. Она каснуваше де. Ама она оброци да има како што јадат бебиња/ деца немала. Па еве ја сега јаде ( освен кога е болна и сега со ужасните тројки што ги вадеше).
Фала ти И тој каснува, сè што му нудам пробува, само количински не сака многу. И јас одма паники нервози, дека околу мене со мајките што правев муабет сите кажуваат убаво им јадат децата, количински колку тегле купечка кашичка, а отприлика иста возраст... а ова моево премалку. Треба да олабавам малку
Олабави и не гледај други деца. И јас се потресував за многу работи, ама сфатив дека не се сите деца исти, што е скроз нормално. Мојата на пример, не пролази како што лазат деца, се влечеше, па прооде одма после прв роденден. На стомак ич ич несакаше, па сега се на стомак си спие.
Како ги храните тие деца што некат во хранилка? Го ставам во хранилка и се навалува на стана, сеуште не седи баш самостојно и храната или ја плука или не отвара уста па морам на под легнат т.е подигнат на перници да изеде некое лажиче кашичка пошто така сака неќе мора да ја "изџвака" и голтне. Пред недела дена наполнивме 6 месеци а пред две почна да пробува вкусови. И од кога почнавте да ги давате оние лино смоките?
Во хранилка дете се става, кога цврсто седи само за хранење. Освен ако немаш опција на хранилката, за да го навалиш малце. така сака неќе мора да ја "изџвака" и голтне. За ова, би те советувала, ако несака, не давај на сила. Ќе створиш аверзија кон храна.
Мојата само што наполни 6 месеци. Од 5 месеци пробуваме вкусови во релаксаторот од фризби, го зборевме во другата тема, кај што бебе е полуисправено, некогаш на перницата за доење ја потпирам на 60/70 степени, а сега од поново време и во количка седната на 70 степени. Уште не сме пробале хранилка, уште не седнува како што треба се клати целата, така да уште некое време ќе продолжиме вака. Јас и давам блендирано, пасирано пробав еднаш добро поминавме, а за парчиња не знам кога е право време.
Не му давам многу т.е не го форсирам да мора не знам колку да изеде, само 3-4 лажички и тоа само на врвот колку да проба. Во хранилката има полулежечка позиција ама тогаш воопшто не отвара уста а сеуште не го ставам во седечка положба бар до понеделник сме на ехо на кукови па ќе се консултирам со доктор. Можда и до детето е. Ејјј не ми текнало на перницата за доење. Ми даде идеа да пробам. Јас му давам блендано мазна текстура за почеток додека да почне да јаде оброк
Мојава е јадачка … ја јадеше цела раздробена во палентата. Изминативе 10дена да нњ ти кажувам колку мн јаде на море … ноќеска навечерана чоколино и гиро лупна пред спиење хаос
Мајки, вие што доите ексклузивно, откако почна да јаде бебе се намалува ли нлекото апропо на тоа што намалуваме подоои? Читав некои постови на инста ама не знам од кој профил беа баш за ова..дека до 12месеци требало 3оброци макс за да не се изгуби млекото. Зошто од прва година било пак млекото похранливо и позначајно за имунитет. Па баш сакам да разгледам на темава? Сте слушале ли вакви работи?
Па секако 3 оброци се до година, без ужинки, без разлика дали е на доење или ад. Млеко се намалува како менуваш подој за оброк. Значи цица сабајле, меѓу оброци и навечер да речеме до година. Моево до годинка 3-4 млека планирам дневно (во 24ч) да му давам. А првото ми беше само доено, кога воведов ужинки после година, остана само навечер да цица и скратив и тоа.
Ајде ќе видиме како ќе ни биде на нас, вака читај теоретски е едно ќе видиме бебе колку ќе јаде и што ќе сака… другарки околу мене им се намали и прекина млекото околу 7-8месец и почна да ме фаќа малце паника искрено, јас во глава си имам дека сакам да цица до година ипол барем…:
Не можеш да знаеш како ќе ти биде. Јас имам некои што не можат да сопрат млеко ни после година ипол-две, се има. Инаку само да знаеш, после година стануваат незгодни бебињата, односно се приврзуваат за работите свесно, а храна цицето апсолутно веќе не им е, па затоа имаш случки околу година одбиени без проблем, и после потешко оди зошто бебињата не прифаќаат. Мада се е тоа индивидуално, ама ете така повеќе искуства знам такви. Ќе си видиш за себе секако.
баш вака беше кај нас, буквално наполни годинка и стана презахтевна за цицање ноќе. денски подои имавме скроз тргнато. среќа брзо се свестив дека е неодржливо и ја одбив без премногу мака. Си јаде се инаку без пребирање. до 9м не беше јадачка повеќе сакаше да цица, па од 9м до годинка почна полека да се разјадува. сега откако ја одбив бара да јаде можда и дупло повеќе како ненаситна е ептен
Јас имам скроз обратно искуство, односно баш намалувавме подој со секој оброк, на крај останавме со цицање само пред дремката и ноќното спиење. Цицаше пред заспивање и спиеше цела ноќ, ја доев до година ипол, откако и го скратив и последното цицање две вечери и текнуваше да побара, па и тоа заборави,значи доста лесно поминавме со одбивањето. Веројатно се си зависи од детето. Она сега на две години повеќе ми штрајкува и пребира храна отколку претходно.
Купечка кашичка оние мали теглички, дали ги давате по 2/3 дена? Пр. денес ја отварам давам малку и ја ставам во фрижидер и давам следен ден и по следниот или ја отварате јаде колку јаде и ја фрлате? Со поголемата кога почна со кашички скоро по цели теглички ги јадеше па немав ваква дилема. И дали нудите вода после кашичка? Неќе ич на се напие
Јас имав една од Хип, и баш на неа пишуваше дека може да се искористи во рок од 3 дена, и ја давав неколку пати. И моево е нејадач, 3 дена јадеше и ни четвртина не изеде Мама ја дојаде после, да не се фрли Давав и вода инаку. Моево па среќа вода пие, ја граба чашата. Дури си викам што јаде толку па толку вода што сака
Давам, само со чисто лажиче внатре земам и ја чувам. Нудам и вода, врска нема од пиење. Си ги чеша непцата со цуцлата и да се напие нешто брмчи го плука. А сега трицеф кога пиеше после него што напраи вода пиење тој дека горчлив. Голташе како да не видел. Ама толку беше од тоа, сеа пак по старо.
@Cherry333 @MorskaSirena Пробајте со чашка отворена. Јас имам силиконска купено, сега последно почнав со мала стаклена чашка/финџалче. Немам јас од шише дадено, отпрво со лажичка и после почнав со чашка. Може нема врска ова со тоа дали ќе пијат, ама пробајте
Се удави, пробав. Легенда е малце моево дете. Ако и храната е малце погуста има гагинг рефлекс јак, нема шанса да јаде. Не знам што ќе се прави со него натака..