@fragaria Од другата тема муабетот, ќе те тагнам тука. Сакам да те прашам како почна со парчиња, што даваше прво? Моево кашички не сака баш, се мислам дали да почнам да му нудам парчиња ама некако страв ми е. Пред некој ден му дадов краставица пресечена на половина, да шмука/јаде од средината, со се лушпа краставицата (за полесно да му е да држи). За дел од секундата откина парче од семето и остана дупка, јас се преуплашив. Почна гаг фаци да прави, од што сум читала знам дека тоа не е опасно ама едно е кога ќе читаш, друго ми беше кога го искусив, особено за прв пат... по некое време плукна сам Затоа не знам баш дали психички сум спремна за парчиња да пробам, а од друга страна кога тогаш мора да се научи да џвака, не знам кога би било 'најлесно' или едноставно кога и да се почне ќе треба да се престрашам. Умов каша попара
Да и мене ми е многу страв Ама веќе мислам полека дека добро е да му воведувам иако нема најава за забче Па почнав со мали парчиња од банана Добро варени моркови тиквички компири сладок компир исто мали парчиња и му ги ставам јас во устето со лажичка се уште не зема само... Му ставив во раче да држи да проба му ја носам раката исто до уста И смоки (за бебе од Зегин) земав ама тоа ми делува страшно па ја држам да не ја пикне цела некако лепливи се
Без банана му дадов прво без ништо да проба,ама цел месец мај тврдо и запек се а два пати му имама дадено со простор од две недели
Сега почнавте со цврста храна? Ако е сега, нормално е, дур се навикнат цревата. Дај му слива, ќе му помогне.
Дајте совет на една мама што не знае кај тера веќе со воведувањето цврста храна Почнавме со вкусови пред околу 1.5 месец, малку пред да наполни 6 месеци. Од сам почеток - не сака да јаде. Отпрво само плукаше, после почна по малку да каснува (зборувам за лајче, две преку сила). Некако времето си помина, јас немав официјално воведено оброк. Минатата недела дадов 2 пати телешко месо, ама и тоа беше како вкус, дека прв пат јадеше тоа. И сега, пред некој ден си реков веќе помина доста време, ајде ќе воведувам оброк - појадок. Бебе е 7+. Давам житарка со овошје. Не сака Еве денес дадов гриз со праска, едно две лајчиња и толку. Е сега, многу сум збунета со тоа воведувањето оброк. Пример да продолжам да терам вака наутро житарка со овошје, некогаш претходната недела дадов спанаќ со палента, или жолчка со палента, ете и тоа можам да го давам за појадок, ќе правам и други комбинации, си мислам деновиве да дадам мафин и да ставам јајце па таман да воведам белка на тој начин. Прашањето ми е, како продолжувам сега понатаму, како се воведува ручек, како вечера, колку време треба да чекам измеѓу? Дали после појадокот можам да дадам малку и месо со зеленчук или тоа ко ручек ќе се рачуна и не треба засега? Ама и онака тој не јаде количински, ни појадок ни ручек ќе изеде... од 2 оброци на крајот ич...
Јас го прашав џатгпт за како да почнам (уште ми е рано), и ти прашам што може и тебе да ти се најде....Планирам и со педијатарот консултација, ама ете и ова ми беше корисно.
Дали откако ќе воведеме доручек, бебе од 7 месеци треба да пие ад пред доручекот и колку време да помине до следното млеко после доручек?
Да прашам околу припрема за палента. Почнавме со вкусови од пред месец дена. Малиот е 6м. Сакам да дадам палента но не сака да јаде топло. А палентата ако се излади се стврднува. Дали да ја блендирам? Глупо ми е некако, што знам.. а не ми сака мн такви текстури погруби сеуште.. Совет?
Почнавме со храна на 5 месеци. Сакаше буквално се да јаде дури и плачеше за уште. Оброк кога ќе и дадев ми го повраќаше. Ми се исфрли не знаев од што е не и давав ниту да пробува вкусови и сега после една недела кога почнавме пак не сака да јаде ништо. Како да ја натерам пак да јаде. Како го изгуби така меракот за храна. А машала буце е сака да јаде. Барем сакаше. Има ли нешто да се направи или ќе треба да ја молам тоа е што е.