Има денови каде што брише цел тањир,а има денови каде што уста не отвара буквално ја затвара цврсто и нема шанси, не ја форсирам. Ќе видиш нормални се тие работи, и јас се нервирав нс почеток. Прво многуу битно е тајмингот. Тоа ми го збореше @MariaBouli кога и плачев дека сите деца јадат само моите не. Нема форсирање, нека јаде колку сака. Ново е и некогаш ќе јаде некогаш нема да јаде. Еве ќе ти дадам оквирно што палеше кај нас кога имаше 7м. Јадење после дремка не, уште беше во којзнае кој сон па не ја интересираше. Околу 40 мин потоа нудев храна. А млеко пред дремката да кажам да има околу 2 ипол часа разлика меѓу млекцето и храната. Те читав сега и за парчиња. Пак ќе ја дадам ќерка ми за пример. Значи она не сака каши. И ја терав се нервирав на почеток. И правам банана и гриз ау нема шанси да изеде, и печам компир цел го јаде. Пробај така. Мојава и сега после 4 месеци едвај јаде кашести работи. Пробај на секој начин. Пишуваше и за алергерните. Во шестиот месец дадов се. И јајце како омлет, и млечно со грчки воведов. И пробај да не се секираш, зашто ќе почне да јаде убаво, има такви периоди
Фала ти многу Се опремив со рецепти за плескавички од зеленчук и јајце, деновиве планирам да пробам, па ќе пишам баш како поминавме
Јаткасти како воведовте?Што прво од јаткасти?Има некое правило?Има ли некој путер од кикирики што е добар за почеток?
Феминки, можеби е глупаво прашањево, но дали може од вечер да се свари просо, киноа...да се олади и во фрижидер да се чува за утрото за доручек? Малиов воопшто не ги сака оброците топли, за ручек имам време да се оладат ама за доручек тешко.
Јас дадов домашен путер од кикиритки во овесна каша, на врв на лажица првиот пат. @Baby warrior знам ми ги препорача од Фарма Четирце, а гледав и од Леска путерите се доста фалени.
Најчесто преку путери ги воведувам, фстак само преку сладолед а индиски орев сега сакам преку овошно барче од дм. Редослед јас воведов кикирики бадеми па лешници. Орев исто треба да воведам не сум дала уште не ми текнало. Во главно купувам лешник и бадем од леска периодов, многу ги сака малава или со палачинки или во овес/чиа
Хмм нез точно мислам негде после 10м, на годинка веќе имав воведено кикирики лешник бадем и фстак и еве 2 месеци покасно не ми текнало друго да воведам
Од дм, од зегин овес има некој органски. А киноа јас не ја киснам, само убаво ја перам под млаз вода мин 2 мин (во цедалка ја ставам и пуштам вода да и тече) и не ми горчела до сега.
Мислам дека ова е најсоодветна тема да споделам, во ДМ Германија, Хрватска, Босна (од тоа досега што прочитав) се повлекуваат силиконските лажички за самостојно хранење Only products with batch codes 2521 and 2532 and GTIN 4067796183429 are affected https://newsroom.dm.de/pressrelease...tikel-babylove-esslernloeffel-zurueck-3455060 https://www.banjaluka.com/aktuelno/dm-povlaci-proizvod-s-trzista-bih-moze-biti-opasan-za-djecu/
Ова е веројатно пошто на средина се такви па веројатно да не се откине парче при јадење претпоставувам ако прочитав точно.
Дали ќе може да пишете како ви изгледа еден ден со 7 ипол месечни бебиња кои што имаат доручек и три дремки? Сега почнувам да воведувам и ручњк па не знам баш како да правам со ад млекото во текот на денот
Мојот е 6++ и имаме воведено доручек и ручек, а има и 3 дремки. Наутро кога ќе се разбуди околу 7 часот му давам доручек (значи околу 7.30-7.40). Кон 9 часот му се спие, и пие млеко и заспива. Обично спие саат, саат и пол, и кога ќе се разбуди има ручек. Дремка пак има за 2 и пол часа од кога се разбудил и бара млеко (имам пробано да го заспијам без млеко, нема шанси). После таа дремка има пак АД (отприлика 3-3 и пол часа после последното млеко). И има уште една кратка дремка , која може да ја помине без млеко ако брзо го испил пред тоа.
Ја имам близначиња 8м. Распоредот им е 7ч стануваат во 8ч до 8.30ч доручек во 9.30 прва дремка до 11. Во 11.30 пијат АД, во 13.30 имаат уште една дремка од прилика 40мин. 15ч до 15.30ч ручек во 16.30 последна дремка највеќе до 17.20 во 18ч имаат вечера и заспиваат со млеко во 20ч. Навечер се будат еднаш за млеко. Сакам да им го сменам распоредот на јадење како што е во градинките.