Кога носат и дали има попладне? Овие во Бисер кораб трница многу глумат лудило во 10 саат понеделник носеле морало некој одма да дојде после снемувало. Јас немам кого да ангажирам, а јас со бебево додека се затерам е процедура.
Мене ми рекоа дека носат секој ден, со тоа што јас пред да одам се јавувам за секој случај да проверам да не се потрошило
Здраво моето бебе има 6 и пол месеци и веќе околу еден месец речиси ништо не сака да јаде. Одбива кашички со лажичка, ја врти главата и ја затвора устата. Единствено јаде кашички од кесичка што се стискаат и тие до лажичка не сака туку да му стискам јас,дали има некој со слично искуство,веќе стварно не знам што се не пробав и направив за да јаде
Читав, читав и да не се навраќам назад да цитирам ќе напишам тука како јас правам. Живеам во Германија и ги следам тукашните препораки за воведување на цврста храна. Почнавме кога видов дека има знаци на спремност (покажува интерес за храна, може да седи во скут исправено потпирајќи се на мене и ослабен рефлекс на јазик да не ја бутка храната надвор). Кај нас со полни 5 месеци. Овде препораката е ручек, вечера, ужинка меѓу ручек и вечера, ужинка пред ручек. Доручек останува млекото до една годинка. Јас почнав со зеленчук, 3 дена секој (морков, пашканат и тиква), потоа 3 дена истите со компир и 3 дена зеленчук, компир и месо (телешко/ пилешко). Понатаму продолжив со воведување на нови зеленчуци (досега + брокула, карфиол, сладок компир, целер) и постепено зголемување на грамажата. 4 пати неделно оброк со месо (телешко или пилешко), 3 пати без месо. Во кашичките со месо ради подобра апсорпција на железото од месото ставам и парченце варено јаболко (го блендирам со др. намирници заедно). Е сега, небитно кој каков оброк воведува, според општите препораки оброк е конкретно за ручек (зеленчук, компир + месо) и грамажа од 150гр. до 180/190гр. Со 150гр. може да се смета млечниот оброк за заменет. Бидејќи оброкот е нутритивен, треба да држи сит 3 до 4 часа (секое дете е различно, значи според детето - кај нас е 3 до 4 часа засега ситост). Да напоменам додека не стигнавме до 150гр. после 20мин. нудев млеко АД. Сега постепено ќе накачувам до 180 гр. без брзање, ако сака ок, ако не ќе чекам да сака. Во денови кога не сака да јаде кашичка, давам млеко. Значи млекото е до годинка главна храна, па затоа и не треба притисок и нервоза кај нас да се ствара ако одбива некогаш цврста храна. Со мајчино или Ад ги добива сите потребни нутриенти. Ние имаме полни 6 месеци и денес стартував со вечера (житарка + Ад млеко).
Во Атанасовски во Бисер носат тазе секој вторник. Можеш и да си направиш нарачка, ќе ти тргнат одма штом ќе им стигне. И да, ќе си го земеш во текот на денот, не си врзан со саат.
Јас на пример ни по листата не се водам. Давам сезонски што има да проба. Веќе проба диња, лубеница, цреша а тие се на листата за малку покасно. Само јагода ми беше страв и не сум и дала.
Ооо вие сте далеку, јас едвај еден оброк почнав да давам, ручек. Сакаше да јаде се ама почна да ми ги повраќа обилно некои од оброците и додека да сфатам дека е од просо не и давав недела дена да јаде ништо и од тогаш тешко ни иде јадењето. Од житарка моментално ми јаде само палента и ориз. Комбинирам со што имам дома. Не е дека гледам некаде нешто или му пишувам на чичко чат џпт што имам да ми направи комбинација. Моево дете најмногу сака јаболко, авокадо и грчки јогурт. Е за тоа не се молиме. И стварно е преубаво и мајката проба
Здраво. Дали смеам да дадам компот од сливи на 5 месечно бебе? И што им дававте на вашите малечки тој месец?