Ќерка ми конкретно за кајсија/праска никогаш не ги сакаше варени. Ги пробав така, баш како нагон за гадење добиваше. Со свежи/рендани истите овошја, немаше мака.
Компотот содржи рафиниран шеќер. Ако има запек па затоа сакаш да му дадеш слива тогаш најдобро варена. Не знам кога сте почнале со вкусови обично се почнува со морков, батат, јаболко, пашканат, тиквичка. Јас меѓу првите дадов и авокадо.
Мислев јас да му сварам дома. Му имам испечено јаболко и кајсија и батат варен. Му давам по малку оти покажува интерес за храна. Нема запек ама не кака редовно секој ден
Од пазар, гледам секогаш од иста тезга да е, најсигурно ми е така. Кажувам дека е за бебе и ми даваат производи што се подобри и потазе. Инаку ништо немам киснато.
Од Green Republic, органско производство имаат достава до дома секоја недела а ги има често и на paketmk. Гледам да давам сезонско, а знам и да замрзнам тоа што знам дека сум го купила органско. Нормално некоја намирница што ја нема а сакам да ја дадам ќе докупам од пазар, иако следен избор ми се кашичките бидејќи знам дека се колку-толку контролирано производство. Иначе не ги киснам.
Јас, ама не можам да те посоветувам зашто 8+ уште не јаде. Овошје некако на сила успевам да дадам, зеленчук нема шанси. Мојот ни шмукалчиња не јаде. Направив пауза од неколку дена демек да заборви и да стартаме наново, ама иста приказна. Период не е пошто три месеци го имаме проблемов, а згора на тоа пошто ќе касне 2-3 лажички, не сака ни да цица, демек најаден. Секое дете е своја приказна ама ако го решиш проблемов пиши
Ако може совет и мислење од некој со вакво искуство.. Бебе на петипол месеци почна со пробување вкусови, секој вкус по три дена, има пробано морков тиква тиквичка јаболко праска банана (нешто домашна нешто готова кашичка).. од се што проба се гнаси и се трга, покажува интерес голем за храна но од се прави фаци и одвај неколку лажички и давам, нешто ќе оттурне со јазик нешто ќе плукне.. сега ќе прави 6 месеци, дали можеби не е спремна и да и направам пауза? инаку почнавме порано пошо мн малку пие АД..
Јас не би направила пауза. Нуди упорно, колку изеде, толку. Не е 4 месеци па пауза да правиш. Мое мислење. И мојот слабо јадеше, ама наголеми полека. Не правев пауза, 1 месец по малце каснуваше затпа се пробуваат вкусови.
Малата е 5ипол месеци и ќе почнам со вкусови. Дали да и давам по некое лажиче, или колку што сака? И дали само еднаш во денот или повеќе пати?
Нови вкусови се пробуваат еднаш дневно и тоа од сабајле и се дава неколку лажички да видиш дали ќе има некаква реакција. После 3 дена можеш да даваш малку повеќе да се навикне на структурата.
Здраво ќерка ми има 6 месеци почнав некаде од 5 месеци да и давам да пробува вкусови нешто сака нешто не сака ама во дилема сум колку оброци треба да има во 6ти месецдали само еднаш или двапати
Поентата на немлечна храна е да се научи мешето да вари потешка храна од млекцето. Јас мојата не ја брзам, има 7 месеци, уште нема пробано се и уште е само на ручек. Доручек планирам да и давам од август кога ќе има 8 месеци.
Кога се почнува со динстање на зеленчукот, колку брзо од воведување храна? Пример, дали да обарувам кромид и спанаќ, морков итн или да динстам?
Исто и моето одбива да јаде кашички само свежо овошје сака да си шмука. Кајсиите ги обожава свежи, ако му ја сварам или испечам кисела му е прави фаци Он сака од тоа по јадеме ние, оривче, манџа Му давам да лижне малку уште бара.