Ако веќе јаде оброк би и дала во 6ти уште еден, најпрвин да проба па да накачуваш. Јас не се водам според колку треба, туку како ги прифаќа детето. Јас почнав со 5 полни значи во 6ти месец, цел месец бевме на ручек додека да изеде оброк, па од 7ми почнав и со втор оброк. Во 8ми планирам со ужинки и акцент да ставам на овошје. Ама читај планирам јас, а какви планови има бебе ќе видиме
На почеток по некое лажиче колку да проба и видиш реакција. Јас одев по три дена со три зеленчука дека со ручек почнавме. Потоа додавав компир, па месо и давав колку сака да изеде, ама не цела порција дека знаев одма нема да изеде 150 -180гр. Накачувам постепено. 20тина минути па и саат од кашичка нудам млеко (во деновите кога не јаде цел оброк).
Ако е само рефлексот со јазик што ја турка храната напред да не е уште ослабен, јас би продолжила. Пошо викаш дека има интерес за храна, а претпоставувам и дека седи исправено со помош.
Јас најпрвин почнав со еден оброк доручек, па после неколку недели почнав и ручек да му давам. Супер прифати си јаде за доручек овошје со житарици, а за ручек зеленчуци мешани, три пати неделно и месо јаде. Наредна недела ќе прави 8 месеци, а од минатата недела веќе и вечера му давам.
Нема оброк само и давам да пробува. Не знам како да се понаашам колку и што треба затоа и си побарав мислење од вас, некој што го поминале тоа )
Аха, оброк ти е 180/190гр. Со 150гр. може да сметаш дека млечниот оброк е заменет и на пример да не нудиш млеко кратко после оброк и да накачуваш до полн оброк ама трае може и до годинка ќе прифаќа полека. Јас спремав помали количини, па накачував. Спремај си 100гр, ако ги изеде нареден 120, кога ќе го изеде 140, 160, 180. На тоа мислев да накачуваш.
Од матичен ни беше кажано за проба 50 грама, за оброк 150 грама. Јас не и давам после оброк млеко за толку кратко време. Мојата не бара јадење после оброк од 150 грама пред да поминат 3 саати. Единствено ако не го изеде цел па да плаче поскоро за јадење.
И моево пробува веќе две недели зеленчуци и правам отрпилика 50-60гр ама дали јаде 20гр ахахах, другите некогаш му ги нудам во текот на денот ако не изеде фрлам… ама не го форсирам а и ниту му давам да јаде колку сака сеуште. Затоа што сега пробува нејќам да му правам тешко на стомачето. Ама тоа по интуиција
Колку сака толку му давам, најчесто околу 200 гр. јаде ама ова од око, не му мерам за да знам колку точно јаде.
Моја најтопла препорака за уредов. Брзо, едноставно, лесно за чистење. Јас немам прилика да готвам свежо секој ден, еднаш неделно правам кашички за цела недела.
Ги замрзнувам. Самиот уред доаѓа со еден контејнер, но јас си купив уште 3 и плус пластичните чашички од Авент 180 гр. што се.
Кажете ми за мевцето...бидејќи мала количина се готви од почеток, дали замрзнувате за неколку оброка, па одмрзнувате и готвите, или....?