Го сечев на коцки од околу 50грама, така го варев и замрзнував во посебни ќесички секое па после само си додадав во јадењето.
По која листа воведувате нова храна? Јас по бебе готвач, но има премногу јадења што не ги давам зашто ни дома не ги јадеме како цимет, амарант, карфиол итн. а има и комбинации на овошје плус зеленчук што ми се малку без врска. Барав идеи на интернет, и гледам странциве уште од 6 месеци дават јајца, домати, леб, пармезани итн. А така има повеќе избор што да се даде.
Какви ориз и палента дадовте на почетокот прв пат? И овес киноа и просо… може да ми кажете фирма или сликичка ако може?
За неколку дена ќе прави 8 месеци, а инаку за месец ипол. Ориз и овес на холе, киноа и просо немам дадено не ни планирам. Палента со детето што е со лажичката, ама му имам дадено како за прв пат пченкарна каша на хип потечна е и полесно се јаде од палентата.
Ориз и палента (пченка) има инстант на хип, такви давав на почетокот, после свртев на обични. Овес на холе исто инстант. Киноа и просо од дм. Т.е јас користам и инстант просо на дм, ама со некои овошја е мешано, зошто јас просо не знам да варам, никакво ми искача.
Тие што ги јадам јас од кам. Не купив ништо инстант. Освен овес уште не сум дала не знам каде има без глутен на сите што ги прочитав пишува може да содржи траги.
Да, само неколку лажички како за почеток колку да проба. Само овес му дадов кога направи 6 месеци. Можеш и семолина има на хип.
Дали како почетен вкус давате банана на бебе? Негде прочитав дека предизвикува запек. До сега пробавме морков и јаболко ама скроз се мрштеше и реков да тестирам ќе му дадам денес банана да видам дали генерално неќе ништо или до вкусот е, ама гледам ми ја прифати бананата што значи бкуспт на јаболкото и на морковот не го сака.
Јас не, најпрвин го навикнувам на зеленчук. И моето најмалку сака морков од сите зеленчуци. Јаболкото може му било кисело.
Давав, дај позрела. И батат исто може да сака. Мојов само благо на почеток сакаше, сега само зинат е. Се што јадеме ние сака.
почнав со морков, тиквичка, сладок компир, компир, тиква, брокулла, пашканат, потоа банана и јаболко. До тука сме. Реално некогаш јаде некогаш не истиот вкус де го сака де не ама не треба оптоварување секако само пробува и не значи дека нема да менува преференци или апетити
Моево уште се привикнува на храната, прво ја лижеше, цуцаше лажичката без да ја допре содржината на неа, па не и беше јасно што да прави со јазикот ... Мислам дека допрва треба да одлучи дали и се допаѓа или не вкусот
Уште е рано на почеток сме ама ќе пробам и со други вкусови па ќе видиме. Јаболкото кисело беше малку, може затоа го неќеше ама толку е заинтересиран за храна, како не гледа кога јадеме…некако очекував дека повеќе ќе прифати За вода пак ич не правиме муабет, од шише неќе, веќе ја препознава дека не е млеко и неќе да ја фати цуцлата, а од лажичка ако му дадам ја плука.
Нашата матична вика доколку нема цел оброк што е 100грама имповеќе а е на доење дека нема потреба од вода. Јас ретко му давам на неколку дена можда еднаш, два пати неделно по две лажички три. Како знаете дека им треба вода? И зошто се дава? Додека цицаат ми е прашањето