Каков овес користите за бебе? Јас го земав на Bett’r органските овесни снегулки од Зегин, но дури после видов дека пишува дека може да содржат траги од соја и јаткасти плодови… Па се мислам дали се во ред за бебе од 7 месеци.
И јас истото го очекував дека кога ние јадеме реакцијата е ќе ти го земам од рака, дај ми и мене За да се навикнуваат на вода и ради столицата да не биде цврста, така знам јас.
Пробавме на бекутан тоа што е ама го неќе и тоа, само што ќр проба и ќе сфати дека не е млеко прави фаци и не отвара уста после Инаку денес му испасирав авокадо и банана и ги ставив во она како цуцла што е за хранење, му го дадов сам да го држи и. го изеде па кога му го земав да ставам уште плачеше, се надевам така ќе биде и брокула кога ќе му дадам
Мајки, почнав со вкусови (се сум заборавила) ве молам да ми пишете како одеше. Давам јаболко, круша, па после слива планирам морков итн итн... Кога се почнува со житарка и од кои житарки? И кога доаѓа време за прв оброк ?
по нашиот матичен: морков, тиквичка, тиква, банана, јаболко, круша, слива, праска, кајсија, после тие вкусови ни даде да пробува по 3 дена: ориз, компир, палента, брокула, блитва, спанаќ. после тоа, да се почне млеко па доручок овошје + житарки (киноа/просо/амарант) па млеко па ручек (ориз/палента/компир со зеленчук) па млеко
Како воведовте јајце, јагода и други алергени? Треба ли да имам некој лек со мене за алергија. Не знам што да правам ако не дај Боже покаже на нешто алергија. Многу ми е стресно, се морам да и дадам, баш во друга тема за градинка прашував и ми пишаа јајце мора да проба.
Само по мала количина и прати за реакција. Затоа се дава наутро и по малце, јас не сум имала лек за алергија. Жолчка прво 1/8, па 1/4 па пола па цела давав. А белка по на бафтана, прво отприлика 1/4 од свареното му ставив заедно со жолчката во палента, па пола па цела. Јагода прво малце да лизне па малку повеќе. Мислам со мала количина не би требало којзнае каква реакција да јави
Освен јајце и јагода за мене страшно е и кикирики и риба. За глутен не ни знаев дека е алерген исто и за другите јаткасти.
Глутен е многу чест алерген. Јас го воведов покасно зошто ми направи реакција прв пат кога и дадов па чекавме еден месец. Под јаткасти мислев и на кикирики затоа не ги спомнав посебно. Јас прво дадов путер од индиски ореви па понатаму путер од кикирики. Семолина на хипп.
Јас со павлака му ја смешав мислам, така ми дојде, имав отворена. Или грчки. Многу дави само жолчка. Вака со павлака дека сака, го збута одма, не осети.
И јас така планирав, да почнам со путери од јаткасти. На која возраст е најдобро, од 8ми или од 10ти месец?
Нас матичната ништо не ни кажа за алергени и во препораките за почнување со цврста храна ги нема спомнато. Бебе сега полни 6 месеци не знам дали е океј да му дадам малку путер од јаткасти и дали да пробаме малку жолчка? По новите препораки веќе не чекаат за алергени, одма им даваат. Секако би дала ептен мала количина измешана во нешто друго. Исто за леќа има пишано од 7-8 месец а црвената леќа има најмногу железо, се мислев да му дадам сега и леќа. Од која возраст сте давале црвена леќа?
Ние почнавме од 6м немлечна, цел месец беше на овошје/зеленчук. По 50-60гр дневно. Сега за 7ми ми рече жолчка, житарки, млечни
да знам ама направив крвна слика, одлично му е железото, хемоглобинот. Ептен цица и уште нема стагнирано во тежина стигна 10ипол кила на 7м, затоа имаме простор сега само со житарки и зеленчуци да даваме железо