Нас матичната ни рече до 6 месеци се да проба. Од страв ни до пола не сме. Мојата има 7+++ леќа и дадов пред една недела. Го имам и јас листот што кога треба да се даде, ама ете градинка вика дека на 9 месеци треба да јаде се. Секаде пишува до 12 месеци кравјо млеко да не се дава, во градника им даваат кравјо млеко, јогурт, сирење и павлака. И пошто работам во државна институција точно знам што квалитет ќе бидат, најниска цена, значи џабе нешто јас се органско се трудам кога таму ќе јаде ѓубре, за деца што нема кој да ги чува, давајте се, мора.
Јас до седмиот месец дадов и јајце и млечно и глутен и месо Супер поминавме со се. На почеток скроз малку колку да лизне за да пратам реакција. Дадов сабајле. Путер од кикирики дадов скоро.
Здраво мајки, ако на некој му треба продавам неотворен готвач на пареа тефал 4 во 1, мене не ми треба бидејќи го имам филипсот а и секако не јадеме веќе кашички. Пишете ми во инбокс за повеќе инфо
Јас дадов хип тегличка каша од слива, за прва проба, дека не знаев каде да најдам добри сливи. И сеа прочитав има во составот пеќер и оризово брашно. Ццц....
И успеало на некоја мајка што дои во житарките да дава мајчино млеко? И колку пати неделно житарки давате?
Не, обично пишуваше само слива. Ама позади на составот на мк пишува слива, вода, шеќер, оризово брашно
Многу ми е криво што се заебав така, јас ептен слепа верба во хип, ич не проверив убаво декларација. Прв пат купувам плус. Само да проба слива ми беше работата и не можев да најдам убави сливи да купам, па ај од хип нека биде и упм.
Не дојам, ама ваљда со пумпа треба да се испумпаш. Јас давам секоја вечер за вечера житарки со млеко. Сега за сега имам давано ориз, просо и гриз. Просо не ми сака воопшто, него ќе пробам со овошје како ужинка да го дадам, ориз сака ама гриз најмногу. Следно ќе давам овес.
А со какво млеко ги даваш? Вариш со вода па додаваш адаптирано? Така многу малце млеко доаѓа да се стави.