Да, задоволно е и не бара храна. Ама сепак, 80мл? Се разбира не на секој оброк во денот, но се случува и неколку дена по еден оброк. Просекот е 120-150мл.
Тогаш не гледам причина за загриженост. Ако во некоја книга пишува просек е 120мл а тоа пие 80мл и повеќе не сака па со сила ли да ги испие и да поврати после? Прати ги потребите на бебето, не се води по некои стриктни правила, многу се замараш и со грамажа на оброците те имам и претходно прочитано. Не се сите бебиња исти.
Веќе некое време почнавме со вкусови. Има пробано јаболко, круша, слива, праска, компир, морков, тиквици, брокула, ориз, батат, тиква.. Дали веќе треба да почнам да заменувам оброк и како тоа оди? И дали да почнам само наутро да го сметам како оброк, или наутро да продолжам со проби а навечер некој оброк од ориз со веќе пробана намирница? Беба е 6месеци полни
Јас имам исто прашање во тој контекст: малку сум хаотична со времето кога давам храна. Дур смислам што да дадам дента, па дур го направам, бебето веќе му се приспапало, па се одложува пробата за подоцна...некогаш давам храна во 10 сабајле, некогаш во 3 поручек. Е сега, бебе ептен сака да јаде. Не можам веќе да ја држам на проби, кога сака да јаде бре и тоа е тоа. Дали е подобро да спремам прво ручек или доручек? Што ви помага да задржите конкретен тајминг за оброк, кога бебето е непредвидливо со дремките, или сте се задржале на прошетка, а треба допрва да спремите итн...? Прашувам уствари за best pratices...
На 6 полни јас веќе му воведов доручек, овошје со житарица, некогаш и зеленчук на пример нова намирница и гледав истата да ја проба до 12 за нели да не пројави некоја реакција. Секој ден нова намирница воведував во доручекот. Ручек почнав да нудам некаде крај на 6ти месец, а вечера пред да наполни 8 месеци. Сега има три оброци, и уште го практикувам истото нова намирница до 12 часот му давам. Јас се водам според бебето, пример денес ми стана покасно од претходните денови, и само што стана цицаше, после два саати му спремив доручек за после доручек одма да го легнам да спие. Претходните денови дека ми стануваше порано доручек му давав после прва дремка некаде накај 9:30 па и 10 понекогаш. Му следам будни саати и некако според тоа се ориентирам. Инаку правам план што како ќе јаде неколку денови, за да не губам време во мислење.
Ќе си спремаш за цела недела и ќе одмрзнуваш за ручек. Јас гледам да е ручекот отприлика во исто време. Кај нас е околу 2, 2ипол. А вечерата 6, 6ипол. Некогаш има ужинка меѓу ручек и вечера, најчесто не. Јас за прошетки, поточно ако сме отидени некаде цел ден, а не сме дома давам млеко, а понатаму кога ќе јаде без да сме извалкани од глава до пета планирам да давам купечка.
Јас на 6 месеци па и сега, сабајле кога ќе станеме давам млеко, едноставно ми се спие и не ми се прави доручек во 7, мајка немајка тоа е. Околу 9 и давам да проба нешто ново. Во 10 кога ќе побара јадење давам оброк, следното давам млеко, после пак оброк и следното е млеко до следен доручек.
Девојки да ве прашам од кога и како воведувате печурки? Од септември сме во градинка. Не планирав сега да воведам но гледам печурките се на мени па ме ставија во мисла. 1 годинка сме
Каков јогурт и павлака им давате? 7м наполни сега но млечни немаме ништо дадено, планирам за 2недели да му дадам па си собирам инфо
надвор од темава ама јас мислам дека си супер мајка и многу други тука, но ти ми имаш паднато во очи и ми изгледаш и на супер човек и супер мама
Јас на бучен козјак давам се. Тогаш кога почнував што споредував со други млекари на нив падна изборот
Јас би почнала со грчки. Гледај се што даваш да е со што поголема масленост. Грчки јогурт на олимпус и давам 10 проценти масленост, јогурт и давам битолски не ми ги сака покиселите, павлака давам ретко но кога давам, давам било која што ја имам дома моментално. Урда од кам, моцарела исто често ручка, а сега е огромен фан и на кашкавалче, ама тоа можете покасно нека ручка прво нешто полесно
Грчки од kpi kpi 10% исто има во Тинекс превкусен во темно сино пакување е не ми текнува во моментов како беше името . Јогурт и кисело млеко од Бучен, а павлака не мора веднаш да даваш.
Здраво мајки, денес бевме на редовна контрола кај педијатар и ја прашав за воведување немлечна исхрана бебе за една недела полни 5 месеци и би сакала да почнам затоа што на 8 ке почне во градинка па сакам да имаме поминато поголем ден од намирниците и да имаме воведено оброци е сега ме мачи тоа што ми рече да почнам со сокчиња првин па потоа да се префрлам на кашички овде читав и искрено не сретнав некој со слично искуство па ако може мислење секако би и цедела дома сок од овошје што може да се најде на пазар а за зеленчук секако ке мора кашички прво дете ми е и малку сум збунета
ако бебе напредува добро, тоа што треба да тргне во градинка не е причина за да се почне со немлечна храна порано од 6 месеци - од млекото добива повеќе хранливи материи што му требаат отколку со кашите. цедени сокови се најлоша опција, се губат влакната и останува концентриран шеќер - дури и на поголеми деца не се дава цеден сок туку се разредува со вода. ако веќе мора тогаш само кашички давајте.
Ние почнавме на 5 месеци. На почетокот најважно е бебето да се запознае со новите вкусови и текстури, па не би рекла дека тоа е замена за млекото. Нас педијатарот ни препорача да почнеме со дохрана. Бебето и тогаш, а и сега, си напредува одлично.. Првите две-три недели јадеше по околу 10 лажички, отприлика една третина од малите купечки кашички. Секако, секој родител сам си одлучува кога ќе започне, но според мене, дохраната е процес и потребно е време додека бебето се научи да јаде. Со овие почнав: морков,тиквичка,батат,брокула,тиква,компир, јаболко,круша,праска,банана,слива,кајсија,авокадо, ориз, амарант,палента ,просо,гриз,овес..
Цеден сок не давам, сок од продавница за бебиња па ич, можеш да свариш јаболче и да видиш дали би ја пиело водата како компот нешто. Нема логика сокови да даваш, треба детето да научи да јаде. Да почнеш со вкусови што побрзо и со оброци зошто во градника во јасли државни, во приватно не знам како е, на бебињата даваат: кравјо млеко, павлака, грав, грашак, зелка, боранија, јуфки, тарана, чај и најјакото од се, барем за мене пошто драмам за шеќер, бисквити. Така да почни со вкусови, верувај малку ти е времето. Јас така демек рано, рано, сега имам чувство дека нема да стигнам се да и дадам да проба до крај на август.
Какви сокови се почнува со кашички, соковите се непотребна работа. Педијатарот треба да ви даде табела или најдете сами на интернет за пробување на вкусови.