И мене ми рече со сокчиња, но јас почнав со јаболко на пареа правено и испасирано. Знам дека е стресно и многу збунувачки кога треба да се почне со дохрана, но ќе стане полесно. Прво најверојатно нема ни да ти јаде, но и тоа е нормално, секако сега само се запознава со храна. Јас пробував нов вкус по два дена. Оди наназад во темава, ќе најдеш табела на исхрана, јас на почеток се водев по неа.
Мајки можам ли просо,палента, овес од 5месеци? И како беше со тестенини? Без глутен ли се купуваше или без јајце не знам како требаше?
Глутен и јајце се алергени, одвоено се воведуваат. На почетокот може безглутенски житарки просо, овес, ориз ако веќе сте вовеле зеленчук и овошје.
Манго меѓу првите овошја кога воведував, ананас преку шмукалче некаде на 7 месеци и лубеница во сезона сега летово.
денес земав едни од дм и дома кога видов пишува над 1год не знам зошто така… а сакав манго сега и лубеница да дадам готови мешавинки со друго
Дај слободно, не се алергени ни едно. И јас манго дадов одма на почеток, на 6 месеци. Лубеница на 7 и нешто, прв пат за нас кога зедовме. Сега е сезона, греота е да не проба и да не поужива. А ананас на околу 7 ипол, 8 дадовме, не дека пазев туку немавме за нас купено. Не дека јадеме редовно ананас, туку да проба ми беше. А манго прв пат во животот за него купив А инаку коската од мангото е супер да ја гризе и да чеша непца
Како им давате лубеница на бебиња што немаат се уште запчиња? Сакам и јас да му дадам, но не знам како. Инаку мене бебе не ми ги сака овошјата спремени дома, па почнав да му давам купечки овошни.
Лубеница јас му давав парчиња во онакво шмукалче за овошје што е. Иначе кога му давам да гризе гризнува големи парчиња па се дави и плука, таа е тврда и не се топи, страв ми е многу со лубеница.
Моево наутро не ми го пие млекото, ќе испие 50-60мл максимум и толку, и врти сучу пак доручек бара, инаку и јас искрено би давала млеко тогаш, така да не си немајка
И јас дадов лубеница сега, на 7м, дека сезона и е. Во такви цуцли шмукалки, со дупчиња. Се изнајде бебе, се изнајмува хахахаха
Јас дадов лубеница и манго уште на 6 месеци. Ананас не сум дала зошто не го јадам и не ми текнало да купам. Иначе јас ја пасирам лубеницата и само сокот го ставам во цуце и пие дете, обожава лубеница, ко што не сака да пие вода се тешам дека ете барем тоа пие.
И моево нема заби. Јас му дадов парче долго за во раче да го земе сам (моево не сака никое овошје од шмукалче), одгризуваше парченца, ама среќа и ги плукаше тие што не можеше да ги голтне. Се потресував, искрена да бидам... и уште се потресувам. Ко совет што читав за да се припремам е да се биде смирен, ако голтне парченце што ти е сумливо клекни пред него за да те гледа надолу (да не грева нагоре глава) и стави му рака под устата со цел да плукне. И му зборував: плукни, плукни. Не дека разбира плукни кога ќе кажеш ама тие беа советите па постепено си викам и ќе почне да разбира. Еднаш мм исто одгриза парченце и го плукна за да го види како прави, како треба. По 1 секунда и бебе плукна, не знам дали случајно се погоди.. Ќе ставам линк од едно видео https://m.youtube.com/shorts/s1bW6tJlnUI За почеток сега да пробувам пак прво вака со дел од кората ќе пробам, па после долги парчиња. Коцкичките се за покасно, после 9 месеци, кога ќе може само да си зема парченца.
Треба да почнам со воведување вкусови, сакам со компир па морков, како ги спремате? Да го варам , да чекам да се излади па да блендирам? За компирот зошто е погуст, леплив да ставам капка млеко? Дали дека ми е нова темава ама многу сум потресена да не згрешам нешто, да не и дадам повеќе од што треба, дури закажав и на педијатар во систина за да бидам посмирена, знам дека претерувам ама јбг
Ич да не се секираш дали претеруваш. Мајка си и нормално е, а и кога имаме несигурности подобро стручни лица да дадат насоки отколку баби и тетки и комшивки. За почеток еден морков свари, изблендирај, почекај да се олади, стави во стаклен сад во фрижидер и можеш 3 дена да го чуваш/даваш. Ќе вадиш по 4-5 лажички во посебен сад, толку е доволно за проба. Истото и со компир прави и секој нареден вкус. Инаку блендирај со мало количество вода од таа во која ги вариш.
мене ми личеше на почеток дека е некоја филозофија, не се секирај како и да се осеќаш само верувај нема потреба од стрес. Бебето само ќе те води. Некој ден ќе изеде 2некој ден 20лажички и се е нормално. Нит ќе знаеш дали ќе е јадач нит дали ќе е нејадач давај нови вкусови, нека пробува, еве моево месец ипол јаде па еднаш личи дека обожава јаболко, друг пат уста не отвара на иста намирница. Секаки млекцето им е главна храна до 1година. Ќе научат и да јадат и ќе јаде нешто ќе му е убаво секако. Како и за се така и за храна ќе менува. Авокадо банана кајдија праска давам свежи. Круша и јаболко варам. Зеленчуци се варам па блендирам, не чекам да се оладат дитект блендирам. Сеедно. Не се замарај првите неколку пати мн е нормално да се плашиш дали знае вака така ама не е ништо посебно. Кашички купечки исто така давам понекогаш.
Не сфаќам кои се тие шмукалчиња често што читам ги давате, се исповртев во дм, не знам ни како изгледаат....? Друго прашање, која феминка има испробан рецепт за просо, да сподели? Тенкјууууу