Мене почнувањето со храна ми беше цела една нова етапа, бев збунета, ко којзнае што ново да се случува, ко којзнае каква промена меѓу мене и бебето...Смешки. Јас ги варев и компирот и морковот, па со малку водичка од варењето, во блендер и по неколку лажички за почеток....едно по едно, нели. Решив првиот месец/два да блендирам, после ќе пасирам. И почнав еден ден овошје, еден зеленчук....и така. Од овошје, јаболко и круша варам, друго не. А и печам исто. Сега ќе пробам и на пареа да готвам, да видам како ќе ми оди. Сега па ми стана интересно, посебно дека бебуш е ептен заинтересирана да јаде.
Шмукалчето погоре го пратија. За просо јас пробав еден рецепт пред некое време (моево бебе не го сакаше ич ама ќе пробам пак). Варено просо (јас прво го плакнам со жешка вода неколку пати па ставам да се вари. Откако ќе зоврие, вари 10-15 мин па го исклучувам ама го оставам на рингла уште 10-15 мин, па плакнам со ладна вода), блендирано свежо манго (мислам со просото заедно го изблендирав) и на крај мелени семки од тиква, измешано убаво. Денес му правев со рендано јаболко и рендана круша (рендам на најситно, можеш отпосле и со рачен блендер да изблендираш), денес јадеше повеќе (читај 5 лажички место 2.. не е јадач моево бебе). Кога правиш просо, комбинирај со работи што имаат витамин Ц, дека просото (исто и мелени семки од тиква) имаат железо, а железото подобро се апсорбира кога се конзумира со вит Ц.
Да, јас го плакнам дека прави како кора дур ми стои на рингла. Може не треба, првиот пат баш читав дека нешто се губело со плакнењето, ама ко лепливо ми е ако не го исплакнам, не ми се допадна така, и затоа плакнам сега..
Просо варам 2–3 големи лажици во врела вода. Соодносот е приближно 1:3, односно ако ставиш, на пример, едно садче од 30 мл полно со просо, треба да додадеш околу 90 мл вода. Јас, сепак, ставам повеќе вода – тоа истото садче од 30 мл го варам со над 150 мл вода и оставам убаво да ја впие течноста и да омекне. Бидејќи ние сме сè уште на блендирана храна, најчесто го блендирам со половина банана. Шмукалчиња, мислев дека се: https://www.zegin.com.mk/index.php/...sko-pire-jabolko-banana-cveklo-6-meseci-100-g
Да, и овие исто шмукалчиња ги викам и јас Ама дека спомнавме за ставање овошје внатре, на тоа другото мислам се однесуваше (бар јас на тоа мислев, и тоа како цуцла што се става внатре овошје и бебе да гризе/шмука го викам шмукалче)
Мајки, сакам да почнам со воведување на вкусови, имате ли некоја листа или план со што да се почне како да се воведуваат новите вкусови? Колку денови се дава исто јадење и сл.
Јас искрено не се водев по некој посебен план... најновите препораки се дека скоро сè може да се даде после 6 месеци, па тоа го имав го глава. Почнав компир, морков, брокула, грашок, јаболко, кива, манго, јагода исто дадов на 6+, џигер (дека има железо), телешко, пилешко домашно (ова сè вкусови беа отпрво, два три пати да касне, колку да проба)... отпрво давав 2-3 дена исто ('правилото' мислам е 3 дена исто), после баталив почнав ден за ден нешто ново. Освен за алергените, нели, нив ги пазев. Единствено цело време гледав да не давам во 1 ден 2 нови вкусови, за во случај да има некоја реакција да знам од што му е. Ако сакаш да се водиш по некоја табела, имам видено по групи една листа кој зеленчук и кое овошје кога се дава, ама ја немам неа...
Мајки здраво Сакам да почнам со воведување на вкусови па што би советувале најпрво да пробаме, купив денес две кашички од јаболко и од морков. Бебе е 4 ипол месеци Со првото пробавме прво морков и сега на сопругот велам несакам и ова да проба исто како ќерка ми бидејќи е страшен нејадач и прибирач на храна Дали може да дадам компир домашен ,сварен или да дадам јаболко, дека зеленчук прво....
Јас воведов оброк и плус попладне пола. Ама цицањето не се намалува. Сеа искача наместо замена на цице со храна, допуна само правам И како ќе терам вака?
Му даваш колку што сака да јаде или му мериш? Јас му давам колку што сака, пример ако тоа што сум му зготвила му е малку, знам и друго да му дадам плус се додека не почне устата да ја затвора. Давај му нешто и што ќе го засити повеќе, и попладне оброкот нека е цел. Незнам колку месеци има бебе ама ако е јадач нека си јаде колку сака. Јас на 6 месеци и доручек и ручек му давав и одма намалував на подои.
6 и пол. Па мерам, отприлика гледам не цела тегличка (во тегличките од купечките ставам и готвено заради мерка) колку да проверам дали ќе ми го одложи барем следното цицање, бар пола саат/саат подоцна да е. Таков некој мој експеримент си правам. Не сум дала колку што сака, реално ја прекинувам, а сака уште
Чим не даваш цела тегличка а сака уште дади, на 6ипол месеци може да има цел убав оброк и да замениш еден подој. Секое дете си има различна потреба од храна.
Не сум најпаметна да судам туѓи одлуки и без намера да влијаам на нечие мислење ама мислам дека му е рано за немлечна исхрана. Штом имаш уште едно веќе имаш искуство ама реално јас не би почнувала пред пет-пет ипол месеци, особено не со купечки кашички.
Мајки, доручек колку грама се дава на 5мес бебе? И колку од тоа треба да е ориз или житарка, има некој сооднос?