Мене ми беше кажано за пробување 50 грама, оброк 150 грама. На почетокот мерев сега правам од око. И давам да јаде колку и се јаде. На 5 месеци не верувам дека ќе јаде 150 грама. Инаку житарка секогаш ставам 2 кафени лажички. И леќа, грав, ориз исто. Кога се варат стануваат повеќе во секој случај. Само палента ставам 2 лажички веќе сварена зошто ми е страв предизвикува киселини да не ја боли мешето.
Тенкс, да не дека јаде нешто многу вчера таа хип болоњезе кашата изеде едвај 50г. Првово дете на таа возраст имаше веќе доручек оброк и си јадеше ова ни млеко пие ни јаде
моето е 7месеци до сега само овес и ориз пробал. Му ставам 60мл вода ги вријам, после додавам 2-3кафени лажички од житарката и пола банана или пола тиквичка(едно морковче, ми се случува и по две три кажучки само нешто ско е од купечка каша).. не знам колку е тоа точно во грамажа. Некогаш го јаде цело, некогаш не
Што давате за вечера на 8 месеци? Почнуваме и вечера да воведуваме. И после непречен оброк кога давате млеко?
амарант (испукан) од дм био (тој е веќе термички обработен па додаваш во овошна и омекнува), просо и бела киноа од зегин (органски) - ги варам во бебешка вода по 15 минути и после ги оставам да се упие водата и ги блендирам па ги мешам со некоја овошна каша. сите житарки прво ги мијам
Најчесто гриз, семолина со банана, бисквити со млеко, лепче со грчки јогурт, некогаш и од кашичките на хип ноќните. После два часа го дојам и го легнувам да спие.
Има ли негде да се пријави за луѓе што декларираат дека продаваат органско, а врска нема? И внимавајте многу, плис, не се летајте по секој што на нет вика органско што се' видов
Вака е пишано на гугл нема сајт Домашни Јајца од хумано одгледувани кокошки По препорака тргнав кога видов какви хумани услови врска нема, лажги со опашки, се мотаат мачки од контејнери излезени се*ат насегде. Одвратие, а јас за бебе ќе зимав
Od koga ste davale zolcka,belka i koga mozi przeno jajce kajgana ili pak celo jajce za mafini da se napravi.
од фармерс бој органски овошје и зеленчук, ако не наоѓам таму од тоа што треба да воведам, обично од холле или хипп кашички што се без додадени шеќери или сол
После 6ти месец можеш. Јас дадов прво жолчка 2 пати колку за проба. И следно му направив палачинчиња со овесно брашно, спанаќ, морков и цело јајце така проба белка. По некој ден дадов и омлет. И откога ќе воведиш јајце, имај го редовно на мени, препорака од нутриционист.