Дали се водите по нешто каков оброк да дадете денес. Јас во глобала гледам да има железо и витамин ц. Различно комбинирам ама имам чувство ко да не правам нешто ко што треба. Од месецов има доручек и ручек. Доручек и правам овошје со житарка, житарка со јогурт или кисело млеко, ручек зеленчук со житарка или месо (месо давам преку 2 дена). Се водите ли по некоја книга какви оброци да давате, некој сајт, да ми кажете линкови да пробам да фатам некој ред.
Плазмата има мед кој не се дава пред 1 година Јас ништо од овие не сум давала чисто затоа што не им верувам на Лино (бисквитите што им се за 6+ месеци имаат шеќер на пример).
Некој сто ја има апликацијата solid starts да ми каже зошто вака ми се појавува кога ќе ја уклучам апликацијата? Што да уклучам, каде?
па супер правиш. Не се водам по никоја книга, си правам тоа што имам намирници дома моментално. Си гледам на нет сликички ама не се замарам. Онака, да е разнивидно да нее му повторувам ден за ден исти, само тоа.
Јас давам доручек млеко, ужинка овошје или житарка + овошје. Ручек најизменично зеленчук и зеленчук со месо. Риба лосос дадов еднаш, ама мене ми мириса тешко и решив да давам купечка еднаш неделно, па кога ќе јаде тоа што и ние тогаш да нудам лосос парче. Ужинка меѓу ручек и вечера немам, дека тогаш има дремка и вечера давам житарка со млеко. Ги редам: гриз, овес, ориз, просо. Следно планирам да дадам и други житарки. Два пати навечер кога спие давам млеко. Исто како и ти, гледам железо и витамин ц да има. Кога давам зеленчукова ставам црвена леќа за железо. За витамин ц или јаболко парче варено и блендирано во кашата или десерт овошна кашичка неколку лажички после ручек.
Палента како правите мешате ли со нешто? некако мн густо ми излезе денес со страв му дадов лажиче две за проба
Здраво, дали овесните снегулки што ги има во Кам може да се даваат на 6 месечно бебе? И кога може да воведиме јогурт
Ако може потсетување, кога отприлика се дава млеко-млеко, кравјо, козјо итн, и од кој бренд се најдобри? Нешто ми стои сеќавање за алпско ама не сум сигурна...
Јас му дадов на 10 месеци да проба, на 11 ќе оди во градинка, треба да има пробано. Алпско ама словенско, пази, поретко го има во маркетите него, 3.5% масленост.
А зошто мора да е Алпско? Јас на мојата сега на 8 месеци планирам да и дадам млеко, зошто од 9 ќе иде во градинка. Не верувам дека во градинка им даваат Алпско Словенско млеко туку најевтиното на тендер. Дома секако ќе и давам поквалитетна храна ама ме интересира што е разликата меѓу Алпско и другиве млека на пример Битолското. Ние дома само тоа го користиме за нас.
Па тоа дека е еу производство единствено, поради таа причина повеќето мајки го даваат него. Инаку апсолутно можеш што сакаш да даваш, јас обично на почеток кога му давам некоја намирница повеќе пазам, после се опуштам. Секако не планирам да пие тетрапак редовно, чат пат во гриз или овес ќе му ставам.
Od koe proso davate ? Zemav od dm i sega vidov deka pozadi pishuva mozhe da sodrzhi tragi od susam, jatkasti plodovi