Сигурно е прашањево поставено мал милион пати но доколку некој има да одвои време би ми значело. Почнуваме со немлечна исхрана 5м. Насоките од педијатарот се два дена неколку лаж. една намирница третиот ден цел оброк од таа намирница од прилика 60гр. Па следните два дена нова намирница неколку лаж, и третиот истата цел оброк. Веќе три дена давам јаболко планирам следно крушка па потоа морков и тиквичка. Дали и вие на овој начин сте давале или прво сте оделе на испробување повеќе вкусови па оброк? Нема ли да и се здосади на беба три дена по ред иста храна? Извинете на долгиот одговор можеби многу ја комплицирам работава но сакам да се едуцирам и да научам што е најдобро.
Јас не се водев по тие табели. Денес морков, утре морков и јаболко, па јаболко со круша, па морков компир. Едно исто 3 дена не сум давала.
И јас вака давав. И бебе убаво прифаќаше, о за брзо имавме 100- 120гр оброк.. За сега веќе на 8м да има по 180-200гр оброк, зависи кога како.
јас се водев така, прв ден неколку лажички, втор ден пола оброк, трет ден цел оброк. нормално бебе пробува вкусови и сите три дена не можеше да стигне до повеќе од 10 лажички камоли да му здосади вкус или да изеде цел оброк
Тенкс ќе пробам денес не знам што се погубив со првото ептен имав убав ред фатено. Значи толку е будноста, мислев дека мојот многу спие и затоа не можеме ред да фатиме
Здраво, може да ми кажете кога да давам глутен, тестенини...? Исто ме интересира за риба, јајце? По што се водите каде читате?
Јас ја спремам со сладок компир се заедно сварено и исблендирано. Пробан вкус му е и го сака. А ако му спремам само леќа не ја јаде, вака со компирот во комбинација да. Последен пат ставив и малку кромид.
Мене премногу долго ми се виде тоа. Давав прв ден неколку лажици и веќе го сметав за воведено. Дури кашичките со месо гк давав за воведување вкус без да давам морков, компир, ориз по 3 дена. Давам прв ден ако нема ништо терам... би внимавала пример за јагода, јајце или риба
Знам дека ја удавив темава ама плис хелп. Не знам по што се водите. На нашите сајтови едно, бебе готвач, по странскиве друго. Бебево 6м направо, јас му дадов од кашичките со телешко, пилешко што се 4+ и сега гледам месо од 8месеци се дава на нашиве сајтпво, на америчкиве од 6месеци. Збунка сум скроз. Сега давате вие или не давате? Каде да читам веќе не знам
Јас уште немам почнато со немлечна храна, ама скрос те разбирам за збунетоста, затоа што сум иста. После сто исчитани ствари, кога ќе почнам планирам да не се замарам многу што кога ќе дадам. Мислам дека сѐ може од 6 месеци, освен многу мал број ствари како мед. Симни ја solid starts апликацијата, не мора да одиш со парчиња ако не сакаш, ама има за секоја намирница од кога е безбедна, во бесплатната верзија ова. И не читај милион литератури, само ќе се збуниш повеќе. Инаку мене педијатар ми рече да почнам со зеленчук, па овошје, па житарки, па месо. Ама планирам да дадам месо и јајце ако не на 6, на 7 месеци.
води се според педијатарот, нас секој месец ни кажува што да воведеме од големите групи на храна, месо ни кажа на 7 месеци: телешко, пилешко, мисиркино
Педијатарот еве не можам да го добијам на тел да ме закаже за контрола. И многу се бавни за воведување вкусови ако ги чекам нив нема до прво одделение да му воведам. Фала ти, да и за јајцето не ми беше јасно кога се дава значи можам од нареден и тоа веќе по малце
Доаѓа есен, не заборавајте на чорба од тиква, сите состојки се воведуваат уште од стартот: тиква, морков, пашканат, кромид, лук, капка маслиново Мене ми е омилено, прв пат ќе јадеме сите заедно ист ручек....само нашето со сол плус
Се пропржува кромитче, лукче, све се сецка на коцки, се динста со зачини, па се вари. За 4ца, тоа ќе биде една средна или мала тиква, 3-4 моркови, пашканат. Откако ќе се свaри, оди све во блендер, па се враќа уште минутка/две во тенџере со плус лажичка павлака/грчки јогурт. Излегува како крем супа. После се наросува пармезан, тоа е уствари трикот за уште подобар вкус.