фала, може за понстака да пробам и вака затоа што уште не пробал зачини и патлиџан… Јас му дадов леќа со тиквичка зелена супер ја прифати на прва дури само леќа чиста повеќе сакаше отколку мешано
Јас сум цела во збунки и колку повеќе читам само си одмагам По странскиве сајтови веќе од 6 месеци се даваат на бебиња освен нели мед сол шеќер, а овде имаме некоја стигма за воведување на храна... само се опседнувам кога е ʼправоʼ време за некоја намирница и дали ќе направам нешто лошо ако ја дадам сега дур ја имаме сезонски.... Знам дека првите недели се дава лесна храна за стомачето да се навикне да процесира ама колку долго трае тој период? јас на 6.5 месеци дадов палента со грчки и после прочитав дека млечни производи ги даваат кај нас мн покасно... а го дадов тогаш зашто немав во моментот ништо во фрижидер како за неа И исто прашањето за кромид лук пиперка домат, дали да чекам со некоја манџа со месо да ги дадам дали само пиперка да дадам па само домат, да не и е кисело да нејке, како се комбинираат за прв пат тие Многу ни е тешко во денешно време со волку многу информации да збудалиш
Јас пиперка ставам со оривче, кромитче, потоа со цвекло, просо итн; најнногу поради тоа што содржи мн вит Ц за да го врзува железото. Има јак вкус и ставам мало парче, ама ми ја сака сепак. Кромид и лук ставам скоро уште од сам почеток, за да имаат малку вкус зеленчуковите каши, дека не ставаме сол. После 6 месеци, сè ова е ок да се даде според мене. Сепак е ова некоја основа во исхраната, овошје и зеленчук од 6ти месец, млечни и месо од 7ми, јас така се организирав, е сеа некоја недела +/-, не е ништо тоа.
И јас сум како тебе... се' давам освен јајце риба тоа ќе оставам за од 7ми месец. Сега само што направи 6мес и воведувам се' во едно. Пример ако давам батат, телешко, кромид, морков...се од ова во исти ден може да му е прв пат. Плус доручек по шмукалчињата и по кашичките што има од 4-6 месеци тоа. И секако тоа што сезонски може да се најде му давам. Не се водам по 3 дена.
Од Андреа месарата во тафталиџе. На теодосиј гологанов е. Ти ги препорачувам барам за бебе и ептен убаво парче ми даваат. Секогаш им е месото свежо. Пилешко купувам од зегин од Холе, мисиркино ќе земам исто од Андреа ако имаат свежо не прашав...
И јас земам од Андреа, секогаш квалитетно. Пиљарата до Андреа, имаат исто добри продукти, и органски.
Пилешко на Холле е баш само пилешко во тегличка? Го немам заприметив, ако не ти е проблем слика да видам. Затоа што пилешко домашно тешко се наоѓа.
Да фармер бој се тие носат јаболка ама никако да начекам. Земав круши и баш оној мирис на круша сочна убава, како на времето кога бевме деца кога имаше убави круши. Од пазариве не ми се погодиле такви до сега.
Според СЗО на 6 месеци. Нашите педијатри советуваат и порано да се почне, ако детето држи главче, седи со поддршка и има интерес за храна. Најдобро во консултација со матичен педијатар да одлучите.
Зависи од бебето мајка. Педијатар на контрола ќе ви каже како напредува ќ, има ли потреба за порано воведување, дали исполнува условите како што тони пишала членката погоре. Со птќрвото јас почнав на 4м затоа што не напредуваше и не пиеше млеко (по совет на педијатар). Со второто тек на 5 и пол, скоро 6м, затоа што напредуваше убаво и цицаше. Секое бебче различно.
Јас почнав зеленчук.Прво компир,па морков,па следен ден морков и компир,па тиквичка ,па сите заедно.Тие не се алергени.Следната недела овошје јаболко,круша ,банана.Послем тоа на недела дена воведував 2 нови работи со комбинацијана тоа што веќе е пробано.
Мајки, ако сака некоја мајка да сподели отприлика распоред за воведување оброк. Уште сме на вкусови, ама не сум сигурна кое цицање треба да се замени