Мене ми кажаа дека мали јасли јадат се што и другите деца во градинка само блендирано. Ми рекоа компир, грашак, грав, боранија, леќа, зелка, летна манџа со модар патлиџан и други зеленчуци, гриз, палента, тарана.
Започнуваме со вкусови, Дали можам да давам варен зеленчук и овошје, додека не најдам нешто соодветно за готвење на пареа? Искрено не ми се даваат 16000 и кусур денари за Филипс Авентот, знам дека е топ ама прескапо е реално. Дајте некој предлог за нешто поефтино, јас дури и вакво нешто гледав како опција па ако некој користел нека сподели искуство.
Не сме почнале со вкусови, ама почнуваме за една недела. Јас планирам обична цедалка за тестенини што ја имам да ја ставам над тенџере со вода што врие, и капак некој одозгора. Апсолутно не сметам дека треба посебен апарат од 300 евра за 10 пати морков и брокула да направам. А мислам дека е сосема во ред и сварено.
Јас имам тенџере со додаток решетка и на тоа припремам на пареа. Исто сметам дека не е потребен дополнителен апарат. Па дури некогаш ако правам мала количина, ги обарувам намирниците во врела вода ставам 5 мин (да омекнат). Мојата е 7.5 месеци и почна во градинка. Јас се шокирав кога ми кажаа дека им даваат лебче надробено, краш Експрес со млеко, лебче дробено во манџата/супата што ја има за поголемите деца... Ми кажаа дека нема кој да блендира. Веќе три дена оди, и денес веќе замолив да и даваат кашички што ќе им ги носам. Се надевам ќе успеам барем така
Може со вилушка да пасираат не мора блендер. Ова во државна кај нас го примија на таа возраст? Дека моето на 9м па ми офкаа дека ќе било мало
Мојата на неполни 8 месеци почна. И веќе после неколку дена почна цел ден да останува. Без плачки и адаптација со недели
Мајки ве молам за совет што да направам. Почнавме од 5 ипол месеци да воведуваме вкусови, но ништо не му се допаѓа ни зеленчук ни овошје. Сега има 6 месеци мака мачиме само млекото го сака, а од следниот месец и месо треба да воведеме.
Зимаш тенџере и вариш. Што се мачите што фрлате пари. Од 4 месеци така и давам еве ја 10 не гледам дека нешто и фали
Мојата е 7.5 месеци и почна во градинка. Јас се шокирав кога ми кажаа дека им даваат лебче надробено, краш Експрес со млеко, лебче дробено во манџата/супата што ја има за поголемите деца... Ми кажаа дека нема кој да блендира. Веќе три дена оди, и денес веќе замолив да и даваат кашички што ќе им ги носам. Се надевам ќе успеам барем така [/QUOTE] Добро нели едно време имаше демек нутритивно мени, па мени на врата. Што има хранливо.во леб, бисквити и чоколадо? Јас и праќам шмукалчиња кога нејќе да јаде и ги даваат. Мада прочитав дека не треба да се јадат секој ден ради кариес од шмукањето.
јас жолчка му дадов деновиве 8ипол месеци, два дена 1/4, еден ден 1/3 утре планирам пола па цела . Матичната рече два три пати неделно да давам
Ооф ништо ќе видам со мојот што ќе каже касно ми е тоа Од 7м веќе би дала малце, има некој рано што вовел?