1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Воведов цело јајце на 6 месеци, најнормално како кајгана :) според препораките на solid starts
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    19.966
    Пол:
    Женски
    А вие што сте давале посебно, како кајгана или на друг начин сте ставиле белка? :)​
     
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.039
    Допаѓања:
    20.362
    И како ја даде, мислам ставаше ептен малце за проба прво? Па зголемуваше?
    И јас на инстаграм гледам кајгана даваат на 6м
     
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.734
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Дадов јас и белка и жолчка одеднаш на 7м. Воведував во 3 дена како што се препораките за сите алергени
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    4.850
    Пол:
    Женски
    Јас му имам дадено цело јајце на неполни 7 месеци. На почеток како Ани давав жолчка 2-3 пати и после тоа одма дадов и белка. Немаше никакви реакции а брзо ги воведов.
     
    На Anie93 и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    19.966
    Пол:
    Женски
    Како ги даде?
     
  7. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    4.850
    Пол:
    Женски
    Измешано во друга храна, на пример изблендирано со авокадо или со сладок компир или обичен компир. Исто имам направено и плескавички со рендана тиквичка и морков и овесно брашно и цело јајце имам ставено таму.
     
  8. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    На скоро 7 месеци дадов и јас цело како кајгана. Апсолутно никаква реакција немаше а и сега се препораките да се даде цело и порано
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.039
    Допаѓања:
    20.362
    Да му дадам баш малце и така 3 дена да зголемувам? Со првото 3 недели јајцето го воведував :?:
     
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Јас и давав по малку и така три дена. Онака како да проба само. Си спремив за себе па и дадов залче од тоа, буквално залче. Пратев дали ќе има реакција тие три дена и тоа е тоа. Не памтам дека баш зголемував, океј е и по залче да дадеш тие три дена. Не гледам потреба од зголемување битно е да го проба јајцето
    Јас некако ич немав страв се и дадов на неполни 7 медеци и сите алергени по три дена.
     
    Последна измена: 18 септември 2026
  11. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.782
    А да ве прашам, бобичасто овошје-боровинки и сл; кога би дале?
    Имам замрзнато органско произведени боровинки и сл, па се мислам дали/кога да ги дадам, со гриз за доручек.

    И уште нешто сакам да ве консултирам. Знам за ставот да не се дава сокче.
    Мајка ми ми направи домашен сок од вишни (наши, домашни) без шеќер, без ништо. Се мислам дали да го давам....?
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    19.966
    Пол:
    Женски
    Јас боровниц му имам дадено на два три во купечка, од дм био ја сакаше баш, сега планирам и од маркет. Убав вкус дава боровницата.
    Јас сокче би дала такво
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски
    Јас и дадов на 7. Првата недела 2*1/4, втората недела 2*1/3 па после тоа пола па цела. Не знам дали има потреба од волку долго пробување ама така ми кажаа така направив.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kekberg

    kekberg Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Па ми кажаа дека нема кој да им прави:| сега и даваат од кашичките што ги праќам, од малата тегличка пола и не сакала повеќе. Еве втора недела оди, ама сеуште е само до 10.00ч така да не е страшно засега и давам јас кога ќе ја земам.
    За возраста и мене првично ми рекоја не смее, као мора да биде 9месеци кога се прават списоците па после кога ја примија ми рекоја мора да ја носиш од септември без разлика што нема 9.

    Добро нели едно време имаше демек нутритивно мени, па мени на врата. Што има хранливо.во леб, бисквити и чоколадо?
    Јас и праќам шмукалчиња кога нејќе да јаде и ги даваат. Мада прочитав дека не треба да се јадат секој ден ради кариес од шмукањето.[/QUOTE]
    Има мени, само нема ништо нутритивно во него(facepalm)
     
  15. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.782
    Со која риба се почнува и како сте ја спремиле?

    2. Купив рикота кобајаги несолена урда. После гледам на составот, има сол. Не пишува колку. Од каде набавувате несолена урда?

    3. Тие што давате парченца: со кои се почнува? Планирам да почнам да учиме џвакање.
     
    Последна измена: 26 септември 2026
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Јас бела пастрмка само сум дала. Од нас што печам му ставам во кашата. Урда без сол мислам дека нема реално. Има малку солени не се ни осеќа солта, ама без сол ако на пазар некој без декларација ми каже дека е, не верувам искрено. И моцарела и котиџ имаат сол во составот, ама не се солени, многу мал процент имаат. Давам чат пат. Парчиња јас со смоки почнав. Јаде смоки, бисквити, леб... Ама манџа за ручек не сака уште со текстура. А од нас све ќе излапа, само да е туѓ тањирот (facepalm)
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.782
    Хаха :D
    А какви смоки?
     
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Па лино најчесто му давам, тие немаат сол и меки се. Исто од дм едни големи како стапчиња ги јаде. Тоа му го давам за да се занимава и да ќути, не му влијае на јадењето после. Ако ми е второ дете, стоби флипс не пробал уште, година има :rofl:.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Што им давате на бебиња што имаат проблем со столица? Уште од новороденче, какаше многу ретко, еднаш дури на 12 дена. Па после се регулира и еве сега почнавме со немлечна и има проблем пак. 6 месеци е, 3 недели веќе давам немлечна. Ама последниве 3 дена многу тешко кака, со плачење. И се гледа по формата дека е запек. Компир, ориз, батат, банана, тиква не се препорачува за запек, знам, ама што може, кои житараци пример? 2 дена јаде само круша и слиба
     
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    7.554
    Пол:
    Женски
    Шмукалче , магија е за керка ми
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.