Јас го имам Филипс Авент ама купено мн ефтино, нов некој што не го користел инаку е многу скап да и мене не ми се даваа толку пари, а што е спас и топ немам зборови. Инаку тоа од сликата ќе ти заврши прекрасна работа.
Ориз како давате на 10 месеци? Како ние што го јадеме или го блендирате во каша? Јас почнав полека со парчиња, брокула, компир, сладок компир. Ама ориз нз како да му дадам? Досега само како житарка од тие инстант на ДМ што се имам давано.
Ќерка ми немала никогаш проблем со столица ама после шмукалче од дм оние што се само овошје без житарка одма кака инстант, пробај
Можеш сама да си направиш урда. Или свари едно кисело млеко на тивок оган, или свари млеко со малку лимон. Јас од старт давав парченца, премногу варени и меки бидејќи ми беше страв. После видов како реагира бебето па му давам парченца од се. Гледам секогаш да се меки за да можеш да ги смачкаш со прст. Можеш круша, слива, јаболко, тиквици, банана, морков (внимавај му треба повеќе време да се свари) Симни си ја solid starts апликацијата, има насоки како да го припремиш х јадење за возраста.
Бебе е 7ипол месеци, ако испадирам храна на вилушка или месо кога и дадов од влакната , многу лесно се дави како да не може/знае да го бутне надоле Даваењето е кашла, поцрвенува во очи не е типичен гаг рефлекс Не можам никако месото да го изблендирам до степен да е течно, а од др страна не ми е баш пријатно кога се поддавува на секој залак, кај јаде едвај по 4-5 лажички
Според мене е рано за пасирано на вилушка, па за месо ептен рано ми е. Освен ако веќе нема мн заби. Ние сме во 10ти месец и полека давам парченца и погрубо блендирано. Месо се уште блендирано во каша, запчиња едвај 3 имаме. Месото свари го убаво и блендирај го заедно со зеленчукот, стави и вода малку повеќе ако треба.
Пробувај мека храна и помала количина. Мн се умни и не се дават верувај, ќе искашла што е плус. Немој да блендираш влегуваш така во еден процес што се излага тешко. Ако гледаш не иде ептен тогаш ќе мораш, јас никогаш не блендирав од 8 месеци почна сама со рачињата меки парчиња па после стануваше се полесно, биди упорна и секако внимателна
Дали некој има воведено втор оброк како вечера, и дали тоа значи дека кога ќе воведам месо, треба да го давам во доручекот? Или за вечера? Сакам тоа да пробам за да видал дали ќе помогне да спие повеќе бебето, оти се буди на 2-2.5 саати цела ноќ. Бебето е 6месеци
Ние сме со два оброка од 6.5 месеци, бидејќи касно станува, има денови кога првиот оброк e околу 12h а вториот 17h-18h, овошје давам во првиот оброк а зеленчукови и каши со месо во вториот. Житарки давам било кога, зависи со што ги комбинирам. Меѓутоа, на 6 месеци, нормално е бебе да се буди на 2-2.5 саати, кога се во скок некогаш се будат и на пократки интервали. Не се будат секогаш за храна, туку и за близина и гушкање.
Јас за ќерката пасирав сеʼ од овошје, зеленчук, житарки, а месото прво го сечкав многу ситно и го толчев со водичката од варењето и излегуваше скоро како блендирано. Немаше проблем ама мачно ми беше и многу време да го толчам, па после неколку месеци блендирав месо за 3-4 оброци и замрзнував во калапи за мраз. Само месо додавав блендирано, другото пасирано во парченца. Никогаш во живот не изела целосно блендиран оброк ни како прва храна. И штом јаде пасирано, нема поента да го враќаш чекор назад на блендирано
Да, во бесплатната верзија има за секоја намирница од кој месец е безбедна и како да се подготви за 6, 9, 12 месеци. Јас ја платив за да можам и да означувам што пробала досега. Во платената има плус рецепти и артикли/видеа за безбедно хранење и ред други ствари. Не знам дал вреди, веројатно повеќето работи може да се најдат на нет.
Здраво. Можеби е глупаво прашање но како first time mom имам дилема за се и сешто па би сакала да слушнам и ваше мислење.Ние сме 6+ и веќе имаме појадок, житарка плус овошје или зеленчук. И правам домашно но мерилка ми е тегличка од купечка кашичка 120мл. Ја јаде цела. Остатокот од денот само цица. Додека ние ручаме, седи доле на подот со играчки но зева со устата бидејќи не гледа како јадеме. Прашањето ми е дали можам тој период да и дадам неколку лажички чисто овошје или да чекам додека не воведам ручек од 7м. Се плашам дали со тоа можам несакајки да ја одбијам од цицање.
Нема да се одбие не се секирај. Супер штом има желба за храна, не мораш by the book, дај и слободно пире од овошје, ако имаш и сезонско некое органско домашно, нека проба. Ние всушност и со овошје почнавме. Можеш и ручек да воведеш веќе, ние тој период 6++ воведовме. Сте биле на ексклузивно доење добри 6 месеци сега полека воведувај
Јас така почнав да давам ручек, околу 6 и пол, 7 месеци. На почеток јадеше многу мала количина, па пополека зголемуваме. Цицањето не го откажа, си цица пак пред да заспие за дремка и сега на 8м иако има и вечера. Само цица помалку преку ноќ, бидејќи повеќе јаде преку ден. Мој совет, пробај, но не форсирај.
Благодарам многу за одговорите. Педијатарот ми рече на 7 да почнеме со месо па затоа мислев да чекам тогаш за ручекот ама ќе се обидам со неколку лажички овошје/зеленчук.